Изложба на слики и скулптури од младиот ликовен уметник Филип Цакоски, ќе биде отворена в петок во 19.00 часот во џез-клубот Take five во Прилеп.
Изложбата е насловена „Што ако?“ (What if?). Насловот го опишува немирниот дух, неспокојството и желбата за експериментирање и самодокажување. Преку вкупно тринаесетте дела, прикажана е емотивната варијабилност, љубовта и чувствата што таа ги предизвикува.
Сликите се работени во техниките акрил на платно, акварел и комбинирана техника (акварел и акрил), а скулптурите се изработени од глина.
За изложбата и за авторот на отворањето ќе зборува Лепа Милошвска-историчарка на уметност и сликарка, а водител на настанот е Филип Димкоски.
Заинтересираните што нема да присуствуваат на отворањето, изложбата ќе можат да разгледаат до 17 јуни.
No comments:
Post a Comment