Да си љубов
и најмала да си
како иглен врв
љубов да се викаш.
Нека те донесе ако треба
ветрогонот,
светлиот обден
или пурпурниот залез
само љубов да се викаш.
Ако се населиш во мене
ќе те наречам:
очекувана,
неизнудена,
милногледа,
полнограда,
надрочена
неизгубена
само љубов да се викаш!
Ќе го најдеме рајот во себе си
ако љубовта со љубов се возврати!
Филип Димкоски-поет, новинар и преведувач. Автор е на книгите: 1. Најхранливи зборови од детска душа дарови (поезија и куса проза за деца, 2010) 2. Божилак на исконот (поезија за возрасни, 2014) 3. Божилак на исконот (на српски јазик, 2016) 4. Божилак на исконот (на бугарски јазик,2016) 5. Во градината има само љубов (поезија за возрасни,2018) 6. Заедно да растеме (поезија за деца,2018) 7. Екодете-чувари на природата (сликовница,2018) 8. И каменот има душа (2020) 9. Овошје и зеленчук (2023)
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
РАЗГОВОР СО ДАВИД ПАВИЌ: УМЕШНОСТ Е ДА ИМ СЕ ДАДЕ ЖИВОТ НА НОТИТЕ
Во осумдесетгодишното постоење на првиот македонски дневен весник Нова Македонија испечатени се безброј страници посветени на афирмацијата...
-
Почитувани читатели на рубриката Licentia poetica на порталот КулАрт.Мк, Заради технички проблеми на порталот КулАрт.Мк, а додека истите н...
-
Во осумдесетгодишното постоење на првиот македонски дневен весник Нова Македонија испечатени се безброј страници посветени на афирмацијата...
-
Марија Кобец (1974) поет, преведувач, новинар, заменик претседател на Регионалниот огранок на „Сојузот на писатели на Белорусија“ во ...
No comments:
Post a Comment