Младиот
македонски поет Филип Димкоски заедно со кант-авторот Џина Папас Џокси
настапија на десеттото-јубилејно издание на Меѓународниот литературен фестивал
„Белоцветните вишни“ во Казанлак, Бугарија.
Прво
претставување имаа на официјалната
фестивалска вечер каде настапија гости од Бугарија, Србија и Романија. На
Димкоски свечено му беше врачена и меѓународната награда од страна на
средното училиште за применета уметност
„Академик Дечко Узунов“ од Казанлак.
Во тоа училиште,
по повод наградата Димкоски и Џокси одржаа поетско музичка средба со ученците и
вработените. Поетот и кант-авторот беа и
специјални гости на промоцијата на книгата „Јас и моите главоболки“ од бугарскиот писател и режисер Румен Сомов
која се спроведе во рамките на фестивалот, каде исто така, се претставија со
поетско-музички перформанс.
На фестивалот
пристигнале вкупно 217 песни од неколку земји во регионов и светов. Организиран
е од здружението „Вишнов цвет“, Општината Казанлак и библиотеката „Искра“, а
поддржан е од повеќе фирми и институции меѓу кои е и Сојузот на бугарските
писатели. Ова е второ признанине на
Димкоски од овој фестивал, а четврто во Бугарија.
Главен
организатор е истакнатиот бугарски писател и издавач Димитар Никленов, чие издателство минатата година ја публикуваше на
бугарски јазик поетската книга на Филип Димкоски, „Божилак на исконот“.Книгата имаше
шест претставувања во Казанлак, Стара Загора и Софија
Од Македонија, признание за достојно
претставување доби и Ленче Китанова, наставничка и авторка од Штип која не беше
во можност да присуствува на фестивалот.
Има најави и
покани за нови гостувања на Димкоски и Џокси во Бугарија, но и во други земји од
регионов. До крајот на јуни Филип Димкоски ќе земе учество на меѓународен
фестивал во Хрватска, а ја најави и својата нова книга која од печат треба да излезе
наесен.
No comments:
Post a Comment