Ги повикуваме заинтересираните, млади
и неафирмирани пејачи во конкуренцијза за народна и забавна музика, на возраст
од 17 до 30 години, да се пријават за учество на Фестивалот „Стидентско лето
2019“ кој ќе се одржи на 16.8.2019 година – Вечер на народна музика и
17.8.2019-Вечер на забавна музика во Маглај, Босна и Херцеговина.
Со пријавата, која
треба да содржи кратка биографија, податоци за контакт, обврзно треба да се
достави и демо-снимка од композицијата која ќе ја изведува учесникот, со
оригиналниот тоналитет. Композициите можат да бидат авторски или веќе
изведувани, затао што на овој фестивал исклучиво се оценува интерпретацијата, а
предност имаат интепретаторите на севдалинки или композиции во духот на
севдалинката во категорија за за народна музика.
На фестивалот, сите
композиции се избедуваат во живо, без плејбек и матрици и сите изведувачи ги
прати фестивалски оркестар, така што изведувачите не може да имаат своја
музичка придружба.
.
Стручната комизија на
Организацискиот одбор на Фестивалот ќе
одбере потребен број изведувачи.
Организаторот на
Фестивалот го задржува правото за јавни изведби. Снимање и репродукција на сите
изведени песни.
Трошоците за учество
на фестивалските веечери, кои опфаќаат превоз, сместување и храна ги сноси
организаторот.
Изведувачите ги
оценува Стручно жири, Жири од новинари и публиката, по што ќе бидат прогласени
наградените најдобри изведувачи, односно по три интепретатори во двете
категории според оцените од жири комисиите и од гласовите на публиката.
Рокот за пријавување
за учество на Фестивалот е 10 јуну 2019 година.
Oпштина Маглај-Организациски одбор на манифестацијата „Студенстко
лето“, ул. „Витешка“ бр. 4, 74 250 Маглај, БиХ, и на e-mail: dihamag@gmail.com или на адресата Хана Чизмиќ (тел: 062/889-400), Алеја
Лилјана 27/12, 74 250 Маглај, БиХ како и
на meil: bennaminhasanic@gmail.com телефон 062/386-676 или да
испратат порака на Фејсбук профилот Бенјамин Хасаниќ (Benjamin Hasanić).
„Студентско лето“ е фестивал кој за првпат е
одржан во 1964 година, според идејата на тогашните млади маглајски стиденти и
останатата младина кои одлучиле маглајските лета да ги претворат во фестивали
на сонцето, спортот, љубовта и музиката. Средбите на тогашните пејачи'аматери
од Тешањ, Добој и Маглај го препородиле градот
и благодарение на младешкиот ентузијазам студентите од цела тогашна
Југославија со години доаѓале во Моглај и тука
ги почнувале своите први музички чекори.
Многу учесници на „Стyдентско лето“
денеска се големи музички имиња и творци со забележителна кариера како што се: Северина, Лепа Брена, Жељко Самарџиќ, Џулијано, Асим Бркан, Омер Ливњак,
Хасиба Агиќ, Горан Герин, Шериф Коњевиќ, Добривое Топаловиќ, Даниел, Слаѓана
Милошевиќ и други.
Организациски
одбор на манифестацијата
No comments:
Post a Comment