Wednesday, January 8, 2025

РАЗГОВОР СО АНДИ ИСМАИЛ: ПОМАЛКУ ЗБОРУВАЊЕ, ПОВЕЌЕ ТАНЦУВАЊЕ“ Е МОЕТО ЖИВОТНО МОТО

 На Светскиот џез танчерски куп органзиран од Интернационалната танчерска органзиација (IDO-Internacional dance organization) кој деновиве се случува во Киелце, Полска, нашиот Анди Исмаили  од Гостивар, се закити со првото место во категоријата перформативна уметничка импровизација. Тоа беше повод да поразговараме со него за неговиот најнов успех, за претходните активности и постигнувања, за танвот, за идните планови.

Оваа нагада ја добив во конкуренција од 72 танчери од целиот свет. Ми значи многу, но сепак сметам дека сум само на почетокот од она што сакам да му го покажам на светот. Се уште не сте го виделе најдоброто од Анди-низ смеа раскажува тој.

На сцената е од мала возраст и одлично се чувствува кога е таму, добитник е на високи награди на државно и меѓународно ниво. Исмаили е петкратен светски шампион, еднаш вицешампион и еднаш европски шампион.

Секако дека титулите ми значат многу бидејќи чувствувам дека целиот мој труд се исплатил-вели Анди.

Но, на прашањето кои се неговите идни и цели и планови Анди Исмаили, рече дека не сака да открива премногу.

Не сакам да зборувам за моите идни цели и планови, бидејќи се поврзувам со цитатот „Помалку зборување, повеќе танцување.  Затоа, мојата прекрасна публика ќе мора да почека и да ме види како успевам, бидејќи не сакам да им откријам ништо однапред!

 Сакам сè да биде изненадување

 

Светот и Европа, а полека и Македонија, сфаќа каков млад уметник имаме во името Анди Исмаили. И веројатно сите негови досегашни достигнувања не би постоеле да не беа неговите пожртвуваност, предаденост и длабоко чувствување на танцовата уметност.

 

- Танцот значи сè за мене, тој ме комплетира како личност. Тој е моето бегство од овој осудувачки свет! Тоа е моето безбедно место!-искрен е Анди Исмаили.

 

Неговата љубопитност кон уметноста, не завршува со танцот. Напротив навлегува и ги спознава и другите уметности.

- Исто така, многу сакам да глумам и имам пробано да се занимавам со манекенство неколку пати! Глумата многу ми помага да испорачам извонреден перформанс преку моите емоции, и затоа толку многу ја сакам! Исто така, учествував во краток филм наречен „BreakFree,“ каде што бев главниот лик. Тоа беше прекрасно искуство. Имам желба  и многу сум отворен да пробам нови нешта кои имаат врска со уметноста!-раскажува инспиративниот Анди Исмаили.


Филип Димкоски

Објавено во Нова Македонија. 

No comments:

Post a Comment

РАЗГОВОР СО ДАВИД ПАВИЌ: УМЕШНОСТ Е ДА ИМ СЕ ДАДЕ ЖИВОТ НА НОТИТЕ

  Во осумдесетгодишното постоење на првиот македонски дневен весник Нова Македонија испечатени се безброј страници посветени на афирмацијата...