Таа им дава можност на луѓето со талент за пеење, што имаат над 45 години.
Учесници се луѓе со врвни пејачки способности. Некои прв пат држат микрофон в рака, други пак, почнале пејачка кариера, но заради различни причини не продолжиле, трети пак се инстументалисти, што сакаат да го докажат и измерат својот потенцијал и во пеењето.
Во секој случај, забавна, поучна и инспиративна емисија што треба да се гледа.
Од Македонија во оваа емисија учество зедоа музичарот Благој Маротов и неговата сопруга, исто така музичарка, Јулијана Маротова.
На официјалната страница на емисијата Никогаш не е доцна, за настапот на Маротов, со песната Кога ќе ми дојдеш ти (Кад ми дођеш ти) од Оливер Драгоевиќ, напишано е:
,,На моменти, не бевме сигурни дали е Оливер Драгоевиќ или Благој Маротов, Уживајте во блескавата интерптретација на професорот по музика"
Слушнете како ,,разлева" Маротов, и како преубаво пее неговата сопруга Јулијана.
No comments:
Post a Comment