Вечерва се одржа концертот на најпопуларниот балкански кант-автор Ѓорѓе Балашевиќ во спортскиот центар ,,Борис Трајковски"
На концертов, не беа потребни билети за седишта. Едноставно доволно е што имавме можност нашите души да бидат поблиску до една ГОЛЕМА душа. Да бидеме во близина на Ѓ О Р Ѓ Е
Б А Л А Ш Е В И Ќ.
На едно место Балашевиќ собра луѓе, собра души, сплоти со уметност. Сите пеевме со него.
Толку многу народ. Кој не е натеран да дојде. А ако речеме дека е натеран да дојде, сигурно народот не е натеран да ги пее песните на Балашевиќ од почеток до крај, да аплаудира, да се смее.
Не пресели во друг свет, не хипнотизира со чиста емоција, со врвна музика, и најмногу од се со магијата на зборот која само тој знае да ја создаде и својето срце да го испее во збор.
Овој концерт се следеше стоечки, Возбуда во секој миг. Што ќе отпее Ѓорѓе, што ќе каже Ѓорѓе?
Пеејќи кажа сè.
Како секој стих, секој збор, секоја нота да беше посветена на секого посебно.
,,Актуелниве случувања заслужуваат не едноминутен или еднодневен молк, туку заслужуваат повеќегодишно молчење. Но не ми паѓа на памет да молчам. Мораме злото да го победиме со добро"-рече Балашевиќ на вечерашниов концерт.
Михољско лето, Криви смо ми, Девојка са чардаш ногама, Боже, Боже, Берба 59, Рингишпил, Ацо брацо...Десетици испеани песни со полно љубов и од душа придружуван од врвни музичари, и уште многу неиспеани што ќе бидат причина за повторно настапување на Балашевиќ во Скопје.
Ни кажа дека сме криви што ги пуштивме, дека треба да го чуваме Скопје од битанги, дека штом кај него сме на концерт, сигурно сме опозиција, дека посакува една мала црнокоса, ни испеа за една Мирка, за неговата Оливера, ни порача Само да нема војна и дека љубовта не победува, но затоа е непобедлива.
Се прашувам: Дали некогаш ќе се појави некој со толку голема душа, со толку чиста емоција, со толку богатство и талентираност што ќе може да биде барем приближен на Балашевиќ, а се радувам што секому што вечерва беше на концерт Балашевиќ му допре до срцето, му чепна во порите, во вените, му го разбуди човечкото, убавото, инспиратинвното и ја поттикна потребата од правење и ширење на убавото.
Филип Димкоски-поет, новинар и преведувач. Автор е на книгите: 1. Најхранливи зборови од детска душа дарови (поезија и куса проза за деца, 2010) 2. Божилак на исконот (поезија за возрасни, 2014) 3. Божилак на исконот (на српски јазик, 2016) 4. Божилак на исконот (на бугарски јазик,2016) 5. Во градината има само љубов (поезија за возрасни,2018) 6. Заедно да растеме (поезија за деца,2018) 7. Екодете-чувари на природата (сликовница,2018) 8. И каменот има душа (2020) 9. Овошје и зеленчук (2023)
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
РАЗГОВОР СО ДАВИД ПАВИЌ: УМЕШНОСТ Е ДА ИМ СЕ ДАДЕ ЖИВОТ НА НОТИТЕ
Во осумдесетгодишното постоење на првиот македонски дневен весник Нова Македонија испечатени се безброј страници посветени на афирмацијата...
-
ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема: „Делото н...
-
По повод Светскиот ден на хаику поезијата, 17 април, интернационалното списание за хаику „Лотос“ од Ваљев, чиј основач, главен уредн...
-
Нели бевме мило либе, трендафили два румени, в мајско утро, расцвтени, еден до друг посадени. Али никна, не би никнал. трнот ...
No comments:
Post a Comment