Димитар Димитров завршил Филозофски факултет, група философија во Скопје. Доктор по философски науки. Професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Амбасадор на Република Македонија во Руската федерација. Член на ДПМ од 1970 година.
Во првата експертска влада (1991-1992) Димитров е министер за образование. Во периодот 1998-1999 година повторно е избран за министер, овојпат за култура, во владата на Љубчо Георгиевски.
Автор е на книгите: Овчарче (раскази за деца, 1960), Збогум детство (раскази за деца, 1960), Кога сме деца (раскази за деца, 1962), Животот и уметноста (студија, 1967), Противставување (есеи, 1971), Македонски работи (есеи, 1991), Уметност и човекување (есеи, 1992), Меѓу тоталитаризам и демократија (есеи, 1994), Името и умот (есеи, 1999).
Симев студирал историја со историја на уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел како наставник во гимназија, соработник во Републичкиот секретаријат за култура, новинар во Првата и Одговорен уредник на Радио култура (Трета програма) на Македонското радио
Симев објавувал стихови, есеи, статии, студии во весници, списанија, периодични публикации. Неговата поезија е издавана во Бугарија и Германија
- Соспи. Табернакул, Скопје 1997.
- Месечина огрева, сонце изгрева. Наша книга, Скопје 1999.
- Дамга. Наша книга, Скопје 2002.
- Шарената сенка: живопис, литература, музика. Макавеј, Скопје 2008.
- Ронливи лета море далечно. Симев С., Скопје 2010
Костадиновски завршил oсновно училиште во родното село, а средно училиште во Гостивар. На 26 јули 1963, на денот на Скопскиот земјотрес, се здобил со повреда на ногата во разурнатата куќа во Гостивар. Bеднаш по катастрофалниот Скопски земјотрес започнала неговата „одисеја“, уште од најраната младост. Во 1964 престојувал во интернат во Белград, стипендиран како дете на татко-првоборец (партизан). Во 1965 pаботел во Славонски Брод, продолжил да пишува поезија со носталгични изливи. Во 1968 e повикан да го отслужи воениот рок (до 1970). Tој учел нa Техничкото училиште во Белград. Oд 1970 заминува на работа во Минхен, во Вирцбург и воФранкфурт на Мајна. Во 1973 pаботел и се школувал во градот Келн, Германија. Tаму го минал поголемиот дел од својот животен и работен век. Во 1978 дипломирал. За време на неговите студии, почнал да пишува поезија и на германски и македонски јазик.
Патувал низ Eвpопa (Париз, Берлин и Амстердам) по Северна Америка, Австралија и Aфpика (Сенегал).
Многу од песните и расказите за деца и за возрасни на Саво Костадиновски како засебни творби се преведени на повеќе странски јазици, додека неговата збирка стихови за возрасни („Поезија за поезијата“) досега е печатена двојазично на македонски и романски (2002 г.) и на македонски и германски (2012 г.). За возрасната читателска публика ја објавил и автобиографската романсирана хроника „Трите века“ (2005 г.).
Член е на Сојузот на писателите на Германија. Член e на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1989 година, на Здружението на новинарите на Македонија, на Сојузот на книжевните преведувачи на Македонија.
Добитник e на наградата: „Иселеничка грамота“ во рамките на Струшките вечери на поезијата (СВП).
Автор е на книгите стихозбирки:
- „Лето во родниот крај“ (1980)
- „Копнежи“ (1989)
- „Песни“ (1990)
- „Децата на светот“ (1990)
- „Кафез без птици“, "Од Ботуше до Келн“ (1990)
- „Песни“ (1993)
- „Порече“ (1995)
- „Илјада и една носталгија“ (2001 г.)
- „Роден крај со срце“ (2005 г.) - кратки раскази.
- „Песни од Келн" (2014 г.)
- „Живот за Ботуше“ (2014 г.)
Венко Андоновски (р. во Куманово, 30 мај 1964) — македонски писател (романописец, раскажувач, драмски автор, поет), есеист, критичар и книжевен теоретичар.
Венко Андоновски дипломирал на Филолошкиот факултет "Блаже Конески", во Скопје. Тој е доктор по филолошки науки и работи како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Андоновски е член на Македонскиот ПЕН центар. Во 1990 година постанал член на Друштвото на писателите на Македонија
Творештвото на Андоновски е богато. Тој пишувал поезија, раскази, романи, драми и есеи, а се бавел и со книжевна критика.
- Нежното срце на варварот, (1986).
- Азбука за непослушните (1994),
- Папокот на светот (2000),
- Вештица (2006),
- Ќерката на математичарот / 33,33 (2013).
- Адска машина (1993),
- Бунт во домот за старци (1994),
- Словенскиот ковчег (1998),
- Црни куклички (2000),
- Кандид во земјата на чудата (2001),
- Кинегонда во Карлаленд (2006),
- Граница (2008),
- Светица на темнината (2010),
- Олово на перница (2010)).
- Матошевите ѕвона (1996),
- Текстовни процеси (1997),
- Структура на македонскиот реалистичен роман (1997),
- Дешифрирања (2000).
За своето книжевно творештво, Андоновски е добитник на наградите:
- „Рациново признание“,
- прва награда за роман на издавачот „Зумпрес“ - Скопје,
- наградата за најдобар драмски текст на Македонските театарски игри „Војдан Чернодрински“ - Прилеп,
- наградата на "Утрински весник" за роман на годината,
- наградата „Балканика“
- награда „Стале Попов“ за „Ќерката на математичарот“.
Извор: Википедија