Thursday, March 29, 2018

Премиера на „Помеѓу соништа и летови“-утревечер во МОБ


Утревечер на малата сцена на  МОБ, во 20.00 ќе се случи премиерата на камерната оперска  претстава „Помеѓу соништа и летови“ од Горан Начевски.

Премиерата е во рамките на  фестивалот „Денови на македонската музика“.
Санува збор за камерна опера во еден чин, која има поинаква приказна. Имено, се работи за приказна за моментот кога не сме сигурни што е сон, а што вистина, или за тоа, кој е реалниот, а кој замислениот свет. Приказна без почеток, но со среќен крај, како спротивност од трагичните завршетоци на најголемиот број дела од оперската литература

Музиката и либретото се на Горан Начевски, диригент е Иван Еминовиќ, режисер е Љупка Јакимовска, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Бранкица Јордановска, кореограф е Маја Каревски, светло дизајнер е  Нино Митевски, хор мајстор е Јасмина Ѓорѓеска а концерт мајстор Јане Бакевски.

Настапуваат Александра Лазаревска Василевски, Дејан Стоев, Невен Силјановски и Илин Силјановски.

Балетскиот пар го сочинуваат  Христина Ангеловска и Агим Бафтии, корепетитори се Елена Сиљаноска, Андреј Наунов и Јанинка Невчева, а инспициенти Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ и Марко Павлевски.

Суфлери се Светлана Георргиева, Павлина Зравкова и Невена Георгиева.
Настапуваат и хорот и оркестарот на МОб.

No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...