Во вторник, 5 јуни
во 20.00 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“-Скопје (Дом на градежниците)
ќе се одржи промоција на четвртата поетска книга од поетот Филип Димкоски,
насловена „Во градината има само љубов“.
Промоцијата на
книгата како и сите претходни на овој автор замислена е како своевиден
уметнички перформанс кој на малку поразличен начин ја донесува поезијата до
читателите.
Промотор на книгата е проф. д-р Васил Тоциновски, стихови ќе
чита авторот. Музички гостин е кант-авторот Џина Папас Џокси.
Инаку, станува збор за поетска збирка создавана четири години, песни поделени во неколку циклуси со заеднички мотив- љубов во повеќе облици, но сврзан со оној основниот и неопходниот-љубов кон нашата создателка -природата.
Филип, не само што е вљубеник во градината, во тој рај од скротена природа, Филип е и познавач на градината. Уште повеќе тој е препознавач на љубовта во неа-пишува проф. Попсимонова во рецензијата
. Васил Тоциновски пак истакнува дека новата книга на Димкоски е уметнички и естетски исчекор на авторот.
Новата стихозбирка на Филип Димкоски е радост за читателите и за книжевната критика од две причини. Првата ги потврдува тематските кругови како автохтоност на авторот што не води и до второто поголемо и значајно задоволство од големиот исчекор и естетски резултат во новите стихови. А тие сами по себе претставуваат творечка легитимација за впишување во традицијата и континуитетот на современата македонска книжевност-се вели во рецензијата на Тоциновски.
Писателката и литературна критичарка Снежана Алексиќ Станојловиќ од Србија, во рецензијата забележува дека Димкоски остава личен препознатлив поетски белег, односно авторот расцветува на свој начин во својата духовна градина, а писателката и критичарка Ина Крејн од Бугарија книгата ја именува како „поетска Библија“.
Уредник на изданието е Александар Димкоски кој на почетокот има дадено опширен предговор насловен „Омеѓување“, а кон крајот на книгата поместени се текстови на рецензентите проф. д-р Васил Тоциновски, проф. д-р Гордана Попсимонова, проф. м-р Снежана Алексиќ-Станојловиќ (Србија) и проф. Ина Крејн (Бугарија). Автор на корицата е Кристијан Јованоски Кетерник, а лектор Кристина Велевска.
Добредојдени се сите што ги љубат градините, убавините и стиховите!

No comments:
Post a Comment