1. Навреме да се влезе
во волшепството
Да се нурне
со одушевување и да се успее да се влезе во колоритниот простор на детето не е
едноставно и бара тој бескраен свет умесно да се истражува. На крајот пак ќе ни
остане дилемата дали задачата добро сме ја завршиле, зашто со тоа треба да се согласат
и децата, а, сепак, да потврдат и возрасните дали трудот бил залуден или не. Зашто
световите на детето само на прв поглед ни изгледаат едноставни и само „детинска работа“, а не и чудесија од бои во
кои нештата се доживуваат сосема поинаку отколку кај возрасните. Притоа треба да
се биде трпелив и аналитичен од секој агол, за да се застане на онаа непречена
височинка од каде ќе се може сѐ да се види и сѐ да се доживее во испреплетените
волшепства и потреби што ги бара детето. А нив, како автор, ги истражува
младиот Филип Димкоски (роден 199 ? во Прилеп), кој влегува во тој свет во
својата рана младешка возраст кога и сеќавањата од детството сѐ уште му се
свежи. И треба навреме да се отворат вратите, а не задоцнето кога се „подетинува“
преку внучиња или преку неуспехот во литературата, условно, за возрасни. Зашто,
литературата не трпи разграничувања и поделби на „детска и возрасна“, туку на онаа
што успева да го приопшти животот и да постави здрав темел преку детето или,
пак, не успева во тоа и трудот е залуден. Врз тој постамент ќе градат и ќе надградуваат,
се разбира, и возрасните, во прв ред, родителите и преостанатиот семеен круг
кој го сочинуваат бабите и дедовците.
Еве тоа
е изворот од кој се напојува Филип Димкоски како автор кој сѐ уште е на својот
убав почеток. Не само како поет и раскажувач, туку и како промотор и водител на
настани, поетски работилници, а притоа извонредно комуницира со децата овде,
кај нас и надовор од Македонија, во околината, по другите држави како што се
Србија, Хрватска, Бугарија... Најпрво во соседството, а потоа, со добра мисла,
уште подалеку. Така се стигнува во светот. Зашто, на негова среќа, тој е млад, само на почетокот од своите
студенстки години и има време да освојува нови простори.
Во неговиот
поход, по објавувањето на првата поетска книга за возрасни „Божилак на
исконот“, еве ја и стихозбирката „Заедно да растеме“ со која го продолжува
патешествието во раскошниот колорит, овојпат во чудесијата од виножита кои можат
да се видат и да се откријат само пред погледот и во душата на детето. А Филип
Димкоски веќе ја има формулата за тоа и умее со неа добро да смета и да
пресметува, да патува и да освојува, да биде амбасадор на детето и во себе и на
она пред кое ќе застане и преку кое успева да го прегрне сиот свет, оној,
детскиот. Ќе биде и самокритичен што ќе им понуди, како ќе им се доближи, (тоа
веќе го прави мошне одговорно!), зашто искрено е поздравен од нив. А така е
затоа што умее во небото да погледне со очите на детето, сѐ да доживува во
ѕвезден сјај, во спектар од бои и да ги потсети децата дека волшепствата не се
измислени, да ги истихува нивните потреби.
2. Она што детето го говори во нас
- тоа треба да се каже
Ќе ја поздрават
читателите стихозбирката „Заедно да растеме“ во која младиот автор го споделува
својот свет со нивниот, слевајќи го и со нивните духовни потреби, за да создаде
заедничка целина која нема да биде само негова, ами многу повеќе и нивна. Таков
е во своите триесет и осум пеења од кои секое, на свој начин, го допира детето,
зашто и самиот ќе наведе дека „посакува
да го напише она што детето во него сака да го каже.“ Тоа е столбот за
успех кој, ако го поседуваме, ќе успееме да се искажеме. И уште во кусото обраќање
ќе рече дека „детето во мене сака по
нешто да им каже на сите: да им укаже на возрасните, да искаже љубов кон
бабата, да ги повика на дружба другарчињата, да им посвети внимание на
цвеќињата, да го сподели она што го научило за овошките и за зеленчуците...“
Тој тоа го има; си го носи и во себе и со себе.
Кога е
така, еве го и поздравот: „Добредојде, добра книго“ во светот каде што ти е
местото, кај читателите, најмладите. Но и кај наставниците за обработка на
часовите, во наставата во која се открива и се гради животот на начин каков што
го налага и педагошкиот приод кој ќе рече дека детето, во она што му се нуди
како литература, најмногу и најдобро учи и осознава преду добри, а не преку лоши
примери. Оваа карактеристика ја има во изобилие во песните на Филип Димкоски,
но не преку нагласена дидактика, туку и преку играта, преку конатактите и со
возрасните. Зашто држи и до фактот на својата возраст за да рече дека „не сум толку далеку од деновите кога бев
дете, а работата со децата откако малку потпораснав ми овозможува да го чувам
детето во себе и да уочувам колкави се важноста и потребата од тоа.“ Кога сѐ ќе се собере и ќе се проанализира, поетот
е на вистинската релација дете - возрасен за да го изнедри од себе највозвишеното,
најтоплото и најискреното токму во своите стихови сега, а и, сигурен сум,
подоцна во она што ќе ни го понуди како свој извор. Но и да заклучи дека тоа што,
како возрасни, „не секогаш одговараме на
желбите и потребите на децата, ме поттикна да се обидам да направам мала
промена.“
Неговата
авторска креација ни е на показ во „Заедно да растеме“, која, преку двата
циклуса на различен начин им се обраќа на децата за да им го сврти вниманието.
Притоа да им биде другар и пријател, да ги поттикне и да им ја распламти
возбудата, да застане на нивна страна и кога се мирни, но и кога се палави.
Таков е секаде каде што ќе се појави како модератор и забавувач, аналитичар и
промотор, проникнувач и проследувач на разни збиднувања. А и како темперамент е
отворен и податлив, омилен и кај детската и кај возрасната публика на јавните настапи,
на приредбите и манифестациите, но, за среќа, и во творештвото што го создава.
3. Да се расте и да се сонува,
да се биде возрасно дете
Поетот
Филип Димкоски сериозно ќе ја удостои, во прв ред, младата публика со
стихозбирката „Заедно да растеме“, најавувајќи дека „песни за деца нема; песните се за возрасните“ и како што најавив, ќе
ја подели на два рамноправни циклуса.
Првиот
озаглавен како „Јас, семејството и другарчињата“, а во него ќе се разигра, но и
ќе сонува заедно со нив, а притоа ќе се почувствува и свежиот здив на неговото детство
од кое, (колку и да не поминало долго време од изминот), сепак, заминало како и
многу други. Притоа, во секоја од нив, ќе сподели порака која, правило е да ја
има во поезијата за деца и млади, да се испорача својот став до оние што ќе ја читаат,
да се допре и среќата, но и зборот, добар и лош, за да се испрати она што се
сака да стигне до детето. Но да ги допре и возрасните преку нивната „побуна“
против она што се вика музика и музицурање, која некои ја доживуваат како
вознемирување, а ќе се најде и некој кој ќе се одушеви.
Како и
да е, светот е поделен, а Филип Димкоски ќе застане зад детето како негов застапник
и заштитник, за да се праша и сопствената „душичка
што ѝ се сака“, ќе ја возвиши и големата улога на бабата со песната
посветена на баба му Лилјана, но и на таткото во улогата на Дедо Мраз, на пролетта
со цвеќињата како слика во која ќе заскита погледот. Нема да го занемари и шепотот
на дрвјата, а ќе ја именува и љубовта меѓу дабот и брезата преку ликовите на Милица
и Јанко. Ќе го растрепери и детството на Орхидеја и Даре, но и тоа дека само
искрената прегратка е топла. Нема да ја занемари и грижата околу природата,
потоа патот кој треба да го помине една новогодишна елка за да стигне во нечиј дом,
но и каде треба да го заврши своето патешествие. Ќе побара Филип Димкоски и „глас
за спас“, а ќе се обиде од детето да создаде и градинар.
Ако за
поезијата се вели дека не се прераскажува, туку се доживува, кај младиов поет тоа
правило се побива и на секоја песна може да ѝ се пријде и од прераскажувачки и од
раскажувачки агол, а и да се доживее. Тоа е таа негова богата панорама од стихување
и римување, од врева и игра со што и го гради светот на современото дете,
просторот на секојдневјето. Арно ама, никаде да не претера во советување, туку
само поетски да бележи и да го пресоздава тој свет кој го има само детето, она
кое останало во нас, но и она што е околу нас, во семејството, во околината,
кај роднините, кај пријателите.
Првиот циклус,
бездруго, е носечки во стихозбирката „Заедно да растеме“, иако по ништо не е побезначаен
и вториот кој ќе ни се понуди преку пораката „Запознај ме, засакај ме и јади
ме“ и кој во најголем дел ја обработува природата. Но со едно сосема поинакво
гледање, а меѓу другото и од кујнски агол препорачливо. Зашто, да не
претеруваме, но „основниот проблем“ кај детето е неприфаќање на храната, а овде
се опева здравата исхрана и тоа преку оние растенија што се употребуваат во
кујната. Некои од нив можеби нагласено го скиселуваат детското лице за да се
отфрлат, но Филип Димкоски преку пораките им го нуди на прифатлив начин. Тој
покажува познавање на растенијата, (очигледно и преку студињето на Земјоделско-шумарскиот
факултет во Скопје), она што му е и професионален избор, но за кое си ветил да
го пренесе и со поетски порив. Всушност, меѓу две корици тематски и две книги,
но со истородна порака.
Ете, тоа
е беглото видувањето на книгата „Заедно да расатеме“ од Филип Димкоски кој има
убав старт, а целта е пред него и постојано се граби кон неа за да се стигне, да
се освои победата. Сигурен сум дека од неговата раскошна мисла допрва ќе
очекуваме нови вредности со кои, без сомнение, ќе продолжи си го гради и да си надградува
својот профил.
Овојпат
ќе ја поздравиме, но и ќе ја препорачаме да стигне до децата околу нас и во
нас, во училиштето и семејството, со порака, ајде, „Заедно да растеме“ како што
и посакува авторот во своето обраќање на нејзиниот почеток.
март, 2018 г.
Горјан Петревски
Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните односи бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и ќерка ми за друга жена 3 години. Се трудев да бидам силна само за моите деца, но не можев да ги контролирам болките што го мачат моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па направив веб-пребарување и наидов на страница каде што видов дека д-р Едиомо, изведувач на правопис, може да помогне да се вратат љубовниците. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг се врати дома по 2 дена. На овој начин се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. За решенија можете да го контактирате и д-р Едиомо, моќен волшебник
ReplyDelete1) Врати го дечкото
2) Поврзете маж или жена
3) Ако имате ноќни кобили
4) Лек за ХИВ и хепатитис
5) моќен магичен прстен
6) магија за среќа
7) Кршење со опсесија
8) Неплодност кај мажи и жени.
WhatsApp: +2349132180420 /
+2348155926512
Е-пошта: drediomo77@gmail.com