Saturday, May 7, 2016

Хуманитарна уметничка вечер во Кочани

На 13 мај, во петок  со почеток во 17.00 часот, во Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани, ќе се одржи  хуманитарен уметнички настан, насловен Хуманоста на дело.
Во настанот ќе бидат вклучени голем број поетеси и поети од Кочани и од Македонија. Ќе настапат: Никодин Чернодримски,  Јасмина Атанасова- Симјанова, Оливера Доневска,
Оливера Ширговска
,  Славица Митровска, Виолета Сековска, Виолета Петковска,
Стојан Арсиќ
,  Исток Улчар,  Верица Станислав-Петровска, Фросина Ѓуровска,
Јовица Ивано
вски, Иле Наумов,  Елизабета Станоеска,  Соња Змејкоска, Бојан Бежоски,  Христина Деолска,  Ружа Спасовска,  Ленче Китанова,  Светлана Лазаровска, Аника Илијевска - Ѓорѓиева  Жаклина Филипова – Свеќаровска, Славица Цветкова, Венчеслав Јордановски, Ивана Карова, Елена Максимова, Симона Томова  Лаура Стојанова, Тоше Илиев и Адријан Стефанов.
Во рамките на програмата ќе настапат и афористичарите Јане Атансов и Ленче Стоименова.
Во музичкиот дел од програмата ќе се вклучат пејачите Петар Малинов, Дарко Стојчов и Давид Петров и гитаристот Јован Илиев, како и  хорот од ОУ „Љупчо Сантов“. Ќе бидат изведени песни од репертоарот  на Тоше Проески.
Ќе бидат изложени и дела од ликовниот уметник Танас Дедов, а изложбата ќе биде отворена од 12.00 часот.
Водителки на настанот се Оливера Доневска  и Виолета Сековска.
Цената на една влезница за овој хуманитарен настан со богата литературна, ликовна и музичка програма е 50 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за помош на Методи Митев од Кочани, кому му  е потребно лекување во Кина.




Sunday, April 24, 2016

Душа розова

Некогаш јас сум само душа,
која распослана насекаде минува,
и низ неа минува сè
сокровиште è
на мирис и звук, на трепет и цвет.
Душава моја посегнува по една крошна
која прави облак од цветови
и еден цвет откинува,
во себе го вселува.
на цветот замирисува,
од сите рани се исцелува.
Тој мирис на вишните цветни, пролетни
тој секогаш е во мене,
а некогаш не го мирисам...
До мене доаѓа сал како воздух затоплен,
но не го чувствувам во ноздрите
оти со други мириси е потопен.
Тие мириси нему, место не му даваат
Го загаснуваат.
А тој е нежен...
Тој е таков...мек, галежен.
Ех...тој мирис на цветовите вишнови.
А бојата...Еее бојата.
Кога розево-белите цветови
ги гледам и ги милувам,
јас нив сосе боја, сосе мирис ги откинувам
и ви реков:
В душа цветовите ги вденувам
розевината в очи ми се вгнездува,
низ розевина го гледам животот,
мирисам, допирам, галам, гледам..
Животот е розов.
Вишните во овоштарникот
најубавите крајолици ги прават
наутро со свежец-роса се будат
на зајдисонце-сјаат.
Тоа се слики мигновни за очите,
но мене в душа ми траат.
Вишните гранките ги нишаат
и знаат,
дека ги сакам
им ги бакнувам пупките
ги мирисам и секој ден ги гледам
ги топлам пупките со усниве,
ги топлам цветовите со здивов
и од љубов тие венуваат
и од цветовите исушени
зелени плодови се јавуваат
и растат.
Секој ден осветлени од сонцето
се наголемуваат
ден по ден
па зацрвенуваат
и од тогаш-чекање...
нетрпеливо пекање,
по вкусот, по кислината,
по пукотот на кожичката,
по сокот што се процедува низ забите...
Ах, вишните, ветките,
вишните, белоцветните.
Од пупка до плод,
уште едено дадено дознаење
за магичноста на раѓањето
за чудноста на постоењето
за убавината на живеењето.
Додека последните пролетни денови да дојдат,
кога грст вишни в уста ќе ставам
и сокот пурпурно-црвен в грло ќе ми протече
во мене енергија нова ќе дотече,
јас со пролетни мириси
од вишновите цветови
душава ќе ја замирисувам,
ќе ја кадам,
восклици од радоста на денот ќе крадам.
Автор: Филип Димкоски

Monday, April 11, 2016

Викендов-дванаесетто издание на „Ракатки“

На 15 и 16 април 2016 година во Скопје ќе се одржи дванаесеттото издание на Детскиот литературен фестивал „Ракатки“.

Фестивалската вечер ќе се одржи на 15 април во 18.00 часот во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“.

По свеченото отворање ќе настапат триесетте избрани и наградени ученици-млади литературни творци  од Струга, Скопје, Штип, Лозово, Радовиш, Свети Николе, Куманово, Виница, Охрид, Струмица,  Богомила, Обршани, Доброште, Ропотово, Чешиново-Облешево и Кочани.

На настанот ќе им бидат врачени наградите и дипломите на учесниците и нивните ментори, а потоа ќе следи настап на неколку македонски писатели за деца како и музичка програма од млади музичари.  Во програмата ќе учествуваат писателите Цане Андреевски, Борче Апостолов, Велко Неделковски, Наум Попески и Алекдандар Кујунџиски.
На 16 април пак,  учесниците ќе одржат средба со писателите за деца во Друштвото на писатели на Македонија, и ќе ги рагледаат знаменитостите на Скопје, a ќе имаат можност  факултативно да го посетат Меѓународниот саем на книгата.
 Организатор на фестивалот е Фестивалскиот одбор при Домот на просветните работници-Скопје.

Претседател на Фестивалскиот одбор е писателката Славка Арсова, а водител на фестивалската вечер ќе биде  поетот Филип Димкоски.
На ,,Ракатки“-2016 се поканети сите што сакаат да слушнат искрен и топол збор- плод на бујната детска мечта.





Saturday, April 9, 2016

КОНКУРС за учешће у зборнику СКОР-а под називом „TAJНА ВЕЗА“

САВЕЗ КЊИЖЕВНИКА У ОТАЏБИНИ И РАСЕЈАЊУ
21101 Нови Сад, Светосавска 13/12а, Србија
тел: 060 564 7 564,
e-mail: nsskor@gmail.com,
http: скор.орг.срб
На основу члана 54. и 75. Статута Савеза књижевника у отаџбини и расејању (у даљем тексту Савез), члана 3. став 5. Правилника о издавачкој делатности Савеза и члана 4. Правилника о додели награда и признања Савеза, на редовној седници Председништва Савеза, расписан је следећи:
КОНКУРС
за учешће у зборнику СКОР-а под називом „TAJНА ВЕЗА“
КОНКУРС ВАЖИ ЗА СВЕ ЗАИНТЕРЕСОВАНЕ!
УСЛОВИ КОНКУРСА:
- Послати песму дужине до 24 реда, или 10 афоризама, или десет хаику песама или кратак прозни текст (одломак из приче, романа...), Times New Roman фонт 12.
- Тема је: ТАЈНА ВЕЗА ( ''Има нека тајна веза'', инспирисана песмом Душка Трифуновића, а поводом десетогодишњице његове смрти).
- Послате радове потписати именом и презименом. Навести тачну адресу становања, контакт телефон, електронску адресу . Контакт подаци неће бити објављивани у зборнику.
- Радове послати на српском језику, ћириличном писму. Уколико шаљете радове створене на другом језику, уз оригинал послати и превод на српском језику, ћириличном писму.Уколико немате ћирилично писмо, пошаљите песму на латиници, ми ћемо је преписати на ћирилици.
- Радови се не враћају, а за објављене радове се не исплаћује хонорар.
- Ауторски радови биће објављени без корекција.
- Зборник ће бити штампан у формату A5, регистрован у Народној библиотеци Србије, ципован у Матици српској и као такав бесплатно достављен свим значајним културним институцијама.
- Песме слати на адресу: Снежана Алексић Станојловић, улица Светосавска 13/12а , 21000 Нови Сад, Србија, са назнаком „за књижевни конкурс Тајна веза“, или електронском поштом на адресу: nsskor@gmail.com.
- Конкурс траје до 20.aприла 2016.године.
- Промоција зборника ће се одржати у Новом Саду 18. и 19. јуна 2016. године на Десетој међународној уметничкој колонији “ПАНОНСКИ БИСЕРИ”, на којој ће сликари стварати,а песници читати своје стихове и обићи Нови Сад, Сремске Карловце (спомен обележје Душка Трифуновића), Петровараднску тврђаву (подземни и надземни део тврђаве),Сремску Каменицу (спомен кућу Јована Јовановића Змаја), фрушкогорске старолединачке објекте из далеке прошлости и вински подрум, где ће се одржати песнички маратон и завршно вече . Програм ове манифестације ће накнадно бити детаљно објављен.
- Учешће у зборнику се плаћа 800 динара ( за ствараоце изван Републике Србије 7 Е )
- Уплату учешћа можете извршити готовином или на наш рачун:
Савез књижевника у отаџбини и расејању,Светосавска 13/12a, 21000 Нови Сад, рачун код АИК банке број: 105-815063-16.
- За све потребне информације контакт телефон је 060 564 7 564.
У Новом Саду
01.априла 2016.године председник СКОР-а
Снежана Алексић Станојловић

Monday, March 14, 2016

Сунѓерот Боб, Сара Кеј и Симпсонови од камен

ПРИЈАТЕЛИ НА ДЕЦАТА: Снежана Димова, ликовен уметник
Снежана е единствениот уметник во земјава што се занимава со сликање на камен
Газиме на каменчињата на плажа, подседнуваме на оние поголемите, ги гледаме белутраците во реките... Каменот, за многумина е предмет што ја збогатува сликата на најмоќниот сликар - природата.
И Снежана Димова каменот го гледа со други очи. Таа ги облагородува, ги осликува и со своите мали камени ликовни дела ги радува децата, кои со задоволство си играат со овие уникатни ракотворби. Но кога првпат таа го почувствува овој магичен допир со природата?

Пред повеќе од година и пол, Лука, синчето на Снежана шутнало камче на улицата. Таа го зела в раце и му ветила дека ќе му направи украс од него.

- Уште кога го видов, знаев дека на тој камен ќе нацртам нилски коњ. Штом отидов дома, го насликав, а мојот Лука беше пресреќен. Тогаш сфатив дека сликајќи ги на камен мотивите од цртаните филмови и ликовите од сликовниците, можам да усреќам и други деца - се присети Снежана на почетоците од оваа нејзина креативна дејност.

Инаку, таа претходно декорирала, правела и украсувала торти, но сликањето на камен најдолго го задржало нејзиното внимание. Според досегашните сознанија таа е единствен уметник во Македонија што се занимава со сликање на камен.

Во светот, овој вид уметност е многу популарен, ценета и добро платена креативна работа. Во Малезија дури постојат и специјални часови за сликање на камен. Снежана, пак, се едуцирала читајќи.
Камењата ги собира покрај речните корита, и ни откри дека најмногу примероци има од Матка, а има и пријатели што ја снабдуваат со разновидни камења.

- Некогаш уште кога ќе го видам каменот, знам што ќе сликам на него, а некогаш не е така. Се случува паралелно да работам на неколку парчиња, а некогаш се насочувам само на едно - вели Снежана.
Таа дополни дека не работи секој ден и оти сѐ зависи од инспирацијата и од желбата за работа.
Користи акрилни бои што ги нанесува со четка, но низ смеа се потсети дека некогаш кога немала соодветна четка работела дури и со чепкалка за уши.

Во иднина Снежана има желба да слика и на поголеми површини од камен како и на други материјали, а дотогаш во нејзиниот креативен свет можете да се нурнете преку фотографиите на страницата на Фејсбук (Snezana artston) или да го посетите нејзиниот штанд на некој од базарите за ракотворби низ Скопје и низ државава. На 11, 12 и 13 март живописните камења ќе бидат изложени во трговскиот центар „Рамстор“, а потоа и на Меѓународниот саем на книгата во Скопје.

Уште малку, уште малку 

Дедомразовци, ликовите на актуелните цртани филмови, од приказните на Андерсен, Браќата Грим, Симпсонови, Сара Кеј... Сите нив ќе ги најдете живописно насликани на камен, со вдахната душа, сработени под диктат на креативноста и силната инспирација на Снежана. 
- Каменот се мие, се бруси, се премачкува со боја, потоа се слика на него, се чека да се исуши, се лакира и дури потоа е подготвен за љубопитните погледи од децата, но и од возрасните. Нема поголемо исполнување за мене од она кога детските искрени погледи со воодушевување се вперени кон камењата што со многу љубов сум ги сликала“ - со восхит и радост зборува Снежана.
Таа слика и мотиви за повозрасните инспирирана од книгите што ги чита, од различните култури и од природата.
- Бескрајно се радувам во оној миг кога родителите им велат на децата да се тргнат од мојот штанд каде што ги изложувам украсните камења, а децата извикуваат ,,уште малку, уште малку“ без да го тргнат погледот од џуџињата, Сара Кеј, сунѓерот Боб, мачињата, врапчињата, пеперутките... - вели Снежана Димова.

Автор: Филип Димкоски; објавено во Колибри-Нова Македонија-8.3.2016

Sunday, February 28, 2016

Културните мостови нѐ зближуваат

Секое патување е можност да се запознаат нови земји и предели, но и интересни луѓе. При мојата неодамнешна посета на Израел имав можност да запознаам неколку врвни интелектуалци од оваа земја, од кои многу научив. Меѓу нив беше и авторот Пјер Х. Лави, кого денеска ви го претставуваме во рубриката Светски писатели за деца во „Колибри“. 

Пјер Лави е поет, прозаист, фотограф, режисер, издавач и сопственик на издавачка куќа. Живее и работи во Ерусалим. Роден е во 1963 година во Техеран, Иран, и истата година се сели во Израел. Воениот рок го служи во Израелската армија како офицер, а дипломирал на Еврејскиот универзитет во Ерусалим.

Издавачката куќа на Пјер Лави објавува книги од областа на поезијата, прозата, книги со комична содржина, книги за деца, документарни изданија... Како издавач и автор Пјер Лави нуди помош, дистрибуција и услуги и на млади автори од Израел и од светот.

Книгата „Ткајачите на соништа од Техеран“ од Пјер Х. Лави е преведена на македонски и објавена од издавачката куќа „Топер“. Оваа книга е преведена и на англиски и на хрватски јазик, а врз основа на нејзината содржина се подготвува и филм. Исто така Пјер Лави е израелски автор за „Интернационалниот магазин ’Волстрит’“.

Својата прва книга за деца ја напиша заедно со својата осум и полгодишна ќерка и е насловена „Шира сака камен од Месечината“, а илустрирана е од битолскиот илустратор Александар Поповски.

Во издание на издавачката куќа на Пјер Лави е објавена и книгата за деца „Кога татко ми порасна“ од амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Оријан.

Како што вели Пјер, тие веруваат дека културните мостови се основа за сè и токму затоа работат и создаваат во таа насока.

- Културните мостови нѐ спојуваат и зближуваат, нѐ поттикнуваат повеќе да научиме едни за други - вели авторот. 

Денеска на страниците на „Колибри“ ви претставуваме стихови од Пјер Х. Лави, од неговата книга „Приготвени песни“. Книгата е поделена на три дела, и тоа „Љубов кон храната“, „Љубов кон жената“ и „Љубов кон децата“, содржи песни, рецепти и фотографии, а авторот им ја посветува на своите деца. 
Преку песните ќе можете да научите некои нови зборови и да ги проширите вашите знаења за еврејската култура и религија.

Овој прекрасен, зборлест, брз, динамичен, вреден, креативен и високопрофесионален издавач и уметник ни откри со што ќе се занимава во периодов. 

- Моментално работам на многу проекти, а еден од нив е документарен филм,,Мојот клас“, кој го снимав додека патував со нашиот национален театар на турнеја низ Балканот, минатиот jули. Театарот ја изведуваше претставата „Нашиот клас“ - филм за холокаустот. Овој филм можеби ќе се прикажува и во Македонија наскоро -| ни рече Пјер Х. Лави.


Шабат во Ерусалим

Шабат влегува во Ерусалим на прсти, тивко,
за да не се наруши рамнотежата
меѓу светото и безбожното.

Кога ќе се засвири сирената затвораат продавниците,
автомобилите не возат по улиците,
дури и птиците одмораат на високите дрва.

Малата моја ќеркичка ги отплетува локничките
и си го става прстето над устето:
„Немој да правиш врева“ - ми вели,
„оти Шабат ќе биде тажен“.

На клупа, татко и ќерка
го чекаат поголемото братче
за да може сите заедно да го слават Шабат.

Кога не можеме да издржиме од студ
и кога сите сме заедно
си ги стоплуваме срцата од две запалени свеќи
и хала-лепчето што чека да го изедеме.

Тогаш му се заблагодарувам на Господа
и со голема љубов си ги прегрнувам децата.

Автор: Пјер Х. Лави
Препев од англиски на македонски: Елена Пренџова
Шабат е еврејски верски празник што значи Света сабота. Празнувањето започнува во петок навечер, пред зајдисонце, и трае до сабота вечер, кога ќе се појават трите ѕвезди на небото. На Шабат не се работи воопшто: не се готви, не се вози, продавниците и училиштата не работат, само се одмора и се посветува целиот ден на молитва. На Шабат сите се облечени во бело. Хала е вид слатко лепче со сусам, но не е благо, слично на нашиот милиброд или на погача, бидејќи има форма на плетенка. Се приготвува и се јаде за Шабат, односно за Света сабота.
 
  
Автор: Филип Димкоски

Thursday, February 25, 2016

Флерт со музиката

Според објавиве блогов ќе ми прерасне во специјализиран блог за впечатоци од музички настапи и концерти. Ама ако. Сите изведувачи што деновиве ги слушам ми оставија толку силен впечаток што побуди желба кај мене да напишам по некој збор за нив.

Ноќва во Факултетот за драмски уметности ги слушав Чалгија Саунд Систем. И пак ежење.

Вокалистката Добрила, малечка во однос на физичкиот изглед, а со гласиштеее бреее!!! Кој може да ја надпее?
Можеби може некој. Можеби може да ја надпее. 

Ама..Таа не пее. Таа води љубов со дајрето и со микрофонот. Како да ви речам дека не чувствувам, кога до реална болка во градите и стомакот ја чувствувам нејзината заљубеност, занесеност, изгубеност, преместеност во некаква друга форма, друга боја, друг простор во чиј центар се наоѓа некоја друга суштина.

Флертува Добрила. Но, не со публиката...таа преку гласот и изразот на лицето, благите насмевки и смрштувања флертува со звуците...

А јас? Јас се растопувам како незамешана страна во тоа умилкување. Да ти е мерак да ги гледаш...како се довикуваат, како се галат и се љубат..Добрила и музиката. И тука. Музиката се вика Добрила, а Добрила се вика Музика. Едно се. Впрочем сите изведувачи и вокалистката и инструменталистите се едно. Со ништо не се купува тој нивен занесен поглед, тоа нивно музицирање. Толку се внесени што станувам дел од нив, дел од она што го пеат. Мислам дека и јас пеам и свирам.

Мене душата ми се распостила, ми се раскинува на безброј делчиња. Јас по настапот на групата Чалгија Саунд Систем секогаш се составувам...Ама секој дел што се раскинал ми се враќа некако поубав, усреќен. И така се комплетирам. Ама за тоа ми треба време.

При настапот а и по крајот, секогаш си го кажувам она: Не ми е страв, да умрам од убавина!

Б Л А Г О Д А Р А М  ДОБРИЛА ГРАШЕСКА, АЛЕКСАНДРА КУЗМАН, БОШКО МАНГАРОВСКИ, ДОРИАН ЈОВАНОВИЌ, ФИЛИП КРСТЕВСКИ.

РАЗГОВОР СО ДАВИД ПАВИЌ: УМЕШНОСТ Е ДА ИМ СЕ ДАДЕ ЖИВОТ НА НОТИТЕ

  Во осумдесетгодишното постоење на првиот македонски дневен весник Нова Македонија испечатени се безброј страници посветени на афирмацијата...