Thursday, June 16, 2016

„Божилак на исконот“ од Филип Димкоски, објавена на српски јазик

          Неодамна од печат излезе српското издание на втората поетска книга од македонскиот поет Филип Димкоски, насловена „Божилак на исконот“.

         Препевот го направи д-р Александар Димкоски, а рецензент на книгата е проф. м-р Снежана Алексиќ Станојловиќ. Книгата ја лекториташе Нена Рико.

          Авторот на корицата е Кристијан Јованоски Кетерник, а дизајнот и техничката обработка ја направи Илија Димкоски.

          Книгата содржи предговор од авторот, дваесет песни, куса биографија, впечатоци од оние што ја прочитале или слушнале поезијата на Филип Димкоски, како и рецензијата на Снежана Алексиќ-Станојловиќ во која меѓу другото, стои:

Читајќи ја книгата „Божилак на исконот“ од Филип Димкоски, неизбежно се прашував дали е тоа авторова ода за природата или . Тие двајцата: Природата и авторот, како во некој недефиниран дослух, нем, а совршено јасно единство, дишат во воедначен ритам и со усогласени емоции. Авторот проговара во име на човекот, но и во име на природата. Неговите песни се своевиден  повик  од еден освестен поединец, со надеж дека нема да остане само поединец-пишува рецензентката Станојловиќ.

         Во текот на месец јуни  книгата ќе биде промовирана во културните центри во Нови Сад, Ниш и Шабац. Промоцијата во Нови Сад е во рамките на десеттата меѓународна уметничка колонија „Панонски бисери“ во која Димкоски исто така ќе земе учество и во другиот дел од програмата. На колонијата ќе  биде промовиран и зборникот „Има некоја тајна врска“ во спомен на големиот српски поет Душко Трифуновиќ, во кој покрај Филип  Димкоски, од Македонија со своја поезија застапени се Васил Тоциновски, Христо Петрески, Тоде Илиевски, Стела Маја Босилковска,  Горан Анчевски, Вера Андон, Вера Симовска, Никола Бељански, Виолета Сековска и Ристана Рина Николова.

Инаку, книгата „Божилак на исконот“ наесен се очекува да биде промовирана во Белград.


Sunday, June 12, 2016

Агенда за јуни и јули

13.6. претставување на „Дуга искона“ и еколошко-поетска
работилница со учениците во ОУ „Велко Влаховиќ“ -Нови Сад, Србија
18 и 19.6. учество на 10 Меѓународна уметничка колонија „Панонски бисери“ и промоција на заедничкиот зборник „Има нека тајна веза“ во чест на Душко Трифуновиќ-Нови Сад, Србија
19.6 промоција на „Дуга искона“-Нови Сад, Србија
21.6. Промоција на „Дуга искона“ -Ниш, Србија
2 и 3.7. учество на Меѓународниот поетски фестивал „Мелнички вечери на поезијата“ -Мелник, Бугарија

Wednesday, June 8, 2016

Втора самостојна изложба на Филип Цакоски


Изложба на слики и скулптури од младиот ликовен уметник  Филип Цакоски, ќе биде отворена в петок во 19.00 часот во џез-клубот Take five во Прилеп.

Изложбата е насловена „Што ако?“ (What if?). Насловот го опишува немирниот дух, неспокојството и желбата  за експериментирање и самодокажување. Преку вкупно тринаесетте  дела,  прикажана е емотивната варијабилност, љубовта и чувствата што таа ги предизвикува.

Сликите се работени во техниките акрил на платно, акварел и комбинирана техника (акварел и акрил),  а скулптурите се изработени од глина.

За изложбата и за авторот на отворањето ќе зборува Лепа Милошвска-историчарка на уметност и сликарка, а водител на настанот е Филип Димкоски.

Заинтересираните  што нема да присуствуваат на отворањето, изложбата ќе можат да разгледаат до 17 јуни.

Thursday, June 2, 2016

На денешен ден се родени авторите Нада Зекманова-Јакимова и Цане Здравковски

Нада Зекманова Јакимова е македонски писател за деца.
Нада Зекимова Јакимова е родена во Скопје на 2 јуни 1917 година. Завршила Учителска школа во Скопје и работниот век го минала како просветен работник. Член на ДПМ од 1972 година. Автор е на книгите: Лет на Марс (раскази, 1972), Пролетни сказни (раскази, 1975), Новиот учител (раскази, 1981), Волшебна насмевка (раскази, 1983).

Цане Здравсковски е роден во с. ВрањевциБитолско на 2 јуни 1936 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Работел во Педагошкиот завод во Скопје. Работниот век Александар Цане Здравковски го мина како професор во битолската гимназија и како самостоен педагошки советник во Педагошкиот завод при Министерството за образование во Скопје. Автор е на 40 романи и на бројни трудови од областа на критиката и есеистиката. Беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1971 година.
Автор е на книгите:
Дамка (роман, 1968),
Откорнување (раскази, 1970),
Синџир (роман, 1972),
Драматичари (есеи и критики, 1973),
Раскажувачи (критики, 1973),
Големиот оган (критики, 1979),
Дојденци на Хера (роман, 1980),
Нарцисие (драма, 1983),
Иван Точко (монографија, 1984),
Огнено вишнеење (роман, 1984),
Конзулски град (роман, 1987),
Романот како опсесија (критики, 1987),
Стела (роман, 1991),
Лудиот пасторел (роман, 1992),
Македонски романсиери (критики, 1992),
Ататурк пророк (роман, 1993),
Романот во наставата (критики, 1993),
Растежот на македонскиот роман (критики, 1994),
Драмата во наставата (критики, 1994),
Црно злато (роман, 1995),
Дваесет романсиери (критики, 1995),
Расказот во наставата (критики, 1995),
Тројниот меч (роман, 1996),
Матурата (прирачник, 1996),
Сонот на детето (поетски зборник, 1996),
Аманет (роман, 1997),
Методика на наставата по литература (1997),
Жешки жени (роман, 1998),
Сценски видувања (театарски критики, 1998),
Народната литература во наставата (критики, 1998),
Мост (роман, 1999),
Професорот Диман (роман, 1999),
Нарцисие (роман, 1999),
Сребрена свадба (роман, 1999),
Охридскиот лебед (роман, 1999),
Матни води (раскази, 1999),
Велеградот (роман, 2000).
Почина по кратко и тешко боледување, на 16.08.2010 во Битола на 74-годишна возраст.

Извор: Википедија

Wednesday, June 1, 2016

На денешен ден е роден македонскиот поет Драган Јаневски

Драган Јаневски е роден во с. БулачаниСкопско на 1 јуни 1943 година. Завршил вишо образование. Работeл во Македонското радио. Сега е во пензија.Член на ДПМ од1967 година. Автор е на книгите: Бајкин град (поезија за деца, 1967), Насмевка на сонцето (поезија за деца, 1967), Луцида интервала (поезијаза за возрасни, 1967), Ѕвонат луди ѕвончиња (поезија за деца, 1970), Волшебното јато (поезија за деца, 1982), како и збирката "Море, кораб, земја " (поезија за возрасни , објавена на српскохрватски јазик, 1967). Преведува од руски и српскохрватски јазик. Прв во Македонија направил и препеал избор од поезијата на Сергеј Есенин под наслов "Плачат белите брези".

Monday, May 30, 2016

На денешен ден се родени Димитров, Симев, Костадиновски и Андоновски

Димитар Димитров (роден во с. ЦакониВоденскоЕгејска Македонија на 30 мај 1936 година) е македонски поетесеист,критичар,, преведувач од турски, писател за деца, политичар и дипломат.
Димитар Димитров завршил Филозофски факултет, група философија во Скопје. Доктор по философски науки. Професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Амбасадор на Република Македонија во Руската федерација. Член на ДПМ од 1970 година.
Во првата експертска влада (1991-1992) Димитров е министер за образование. Во периодот 1998-1999 година повторно е избран за министер, овојпат за култура, во владата на Љубчо Георгиевски.
Автор е на книгите: Овчарче (раскази за деца, 1960), Збогум детство (раскази за деца, 1960), Кога сме деца (раскази за деца, 1962), Животот и уметноста (студија, 1967), Противставување (есеи, 1971), Македонски работи (есеи, 1991), Уметност и човекување (есеи, 1992), Меѓу тоталитаризам и демократија (есеи, 1994), Името и умот (есеи, 1999).

Симјон или Симеон Симев (роден на 30 мај 1949 во Штип) е македонски поет, есеист и новинар.
Симев студирал историја со историја на уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел како наставник во гимназија, соработник во Републичкиот секретаријат за култура, новинар во Првата и Одговорен уредник на Радио култура (Трета програма) на Македонското радио 
Симев објавувал стихови, есеи, статии, студии во весници, списанија, периодични публикации. Неговата поезија е издавана во Бугарија и Германија 
  • Соспи. Табернакул, Скопје 1997.
  • Месечина огрева, сонце изгрева. Наша книга, Скопје 1999.
  • Дамга. Наша книга, Скопје 2002.
  • Шарената сенка: живопис, литература, музика. Макавеј, Скопје 2008.
  • Ронливи лета море далечно. Симев С., Скопје 2010
Саво Костадиновски (р. 30 мај 1950 во с. Горно БотушјеМакедонски Брод) е македонски поет.
Костадиновски завршил oсновно училиште во родното село, а средно училиште во Гостивар. На 26 јули 1963, на денот на Скопскиот земјотрес, се здобил со повреда на ногата во разурнатата куќа во Гостивар. Bеднаш по катастрофалниот Скопски земјотрес започнала неговата „одисеја“, уште од најраната младост. Во 1964 престојувал во интернат во Белград, стипендиран како дете на татко-првоборец (партизан). Во 1965 pаботел во Славонски Брод, продолжил да пишува поезија со носталгични изливи. Во 1968 e повикан да го отслужи воениот рок (до 1970). Tој учел нa Техничкото училиште во Белград. Oд 1970 заминува на работа во Минхен, во Вирцбург и воФранкфурт на Мајна. Во 1973 pаботел и се школувал во градот КелнГерманија. Tаму го минал поголемиот дел од својот животен и работен век. Во 1978 дипломирал. За време на неговите студии, почнал да пишува поезија и на германски и македонски јазик.
Патувал низ Eвpопa (Париз, Берлин и Амстердам) по Северна Америка, Австралија и Aфpика (Сенегал).
Многу од песните и расказите за деца и за возрасни на Саво Костадиновски како засебни творби се преведени на повеќе странски јазици, додека неговата збирка стихови за возрасни („Поезија за поезијата“) досега е печатена двојазично на македонски и романски (2002 г.) и на македонски и германски (2012 г.). За возрасната читателска публика ја објавил и автобиографската романсирана хроника „Трите века“ (2005 г.).
Член е на Сојузот на писателите на Германија. Член e на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1989 година, на Здружението на новинарите на Македонија, на Сојузот на книжевните преведувачи на Македонија.
Добитник e на наградата: „Иселеничка грамота“ во рамките на Струшките вечери на поезијата (СВП).
Автор е на книгите стихозбирки:
  • „Лето во родниот крај“ (1980)
  • „Копнежи“ (1989)
  • „Песни“ (1990)
  • „Децата на светот“ (1990)
  • „Кафез без птици“, "Од Ботуше до Келн“ (1990)
  • „Песни“ (1993)
  • „Порече“ (1995)
  • „Илјада и една носталгија“ (2001 г.)
  • „Роден крај со срце“ (2005 г.) - кратки раскази.
  • „Песни од Келн" (2014 г.)
  • „Живот за Ботуше“ (2014 г.)

Венко Андоновски (р. во Куманово30 мај 1964) — македонски писател (романописец, раскажувач, драмски автор, поет), есеист, критичар и книжевен теоретичар.
Венко Андоновски дипломирал на Филолошкиот факултет "Блаже Конески", во Скопје. Тој е доктор по филолошки науки и работи како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Андоновски е член на Македонскиот ПЕН центар. Во 1990 година постанал член на Друштвото на писателите на Македонија

Творештвото на Андоновски е богато. Тој пишувал поезија, раскази, романи, драми и есеи, а се бавел и со книжевна критика.
  • Нежното срце на варварот, (1986).
  • Квартот на лиричарите (1989),
  • Фрески и гротески (1993).
  • Азбука за непослушните (1994),
  • Папокот на светот (2000),
  • Вештица (2006),
  • Ќерката на математичарот / 33,33 (2013).
  • Адска машина (1993),
  • Бунт во домот за старци (1994),
  • Словенскиот ковчег (1998),
  • Црни куклички (2000),
  • Кандид во земјата на чудата (2001),
  • Кинегонда во Карлаленд (2006),
  • Граница (2008),
  • Светица на темнината (2010),
  • Олово на перница (2010)).
  • Матошевите ѕвона (1996),
  • Текстовни процеси (1997),
  • Структура на македонскиот реалистичен роман (1997),
  • Дешифрирања (2000).

За своето книжевно творештво, Андоновски е добитник на наградите:

Извор: Википедија

Friday, May 20, 2016

Викендов во Гостивар ќе се одржи третото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

На отворањето на фестивалот, во сабота (21-ви мај) ќе се претстават поетите финалисти избрани од жири комисијата на чело со претседателот Бранко Цветкоски. Наградите ќе бидат доделени во недела (22-ри мај) на свечена манифестација.

Четиринаесетте финалисти беа избрани во конкуренција на 125 поети од земјава и повеќе балкански земји. Тоа се поетите: Исток Улчар, Наташа Василевска Трајчевска, Митре Мангоски Радождански, Невриј Адеми, Надица Тренчева, Слаѓана Ставрева, Константин Карев, Ивана Китаноска, Валентина Трајкоска, Маријана Давиткова, Митко Гогов сите од Македонија како и Вања Савова, Катја Вангелова, Пламен Димитров Парнарев од Бугарија.

„Годинашната поетска жетва, најригорозниот, би рекол златниот одбир на гостиварскиот и меѓународен фестивал „Литературни Искри“ се одликува со суптилна тематска архитектоника, со разнородна но високо мотивирана стилска изведба, со бројни микропоетички градации на темите на современата личност загледана и упатена кон големите очекувања, пресвртите и жестокостите на животот, со уверлива експонажа на внатрешната устројба на песните“, пишува во својот осврт претседалот на жири комисијата, поет, критичар и есеист Бранко Цветкоски.

Поетскиот фестивал „Литературни искри“ го организира Центарот за култура АСНОМ од Гостивар во чест на 24 мајенот на сесловенските просветители.

Настанот е поддржан од Министерството за култура. Дел од поетите кои учествуваа на конкурсот по избор на жирито ќе бидат застапени во заеднички алманах, кој ќе се промовира на манифестацијата.



РАЗГОВОР СО ДАВИД ПАВИЌ: УМЕШНОСТ Е ДА ИМ СЕ ДАДЕ ЖИВОТ НА НОТИТЕ

  Во осумдесетгодишното постоење на првиот македонски дневен весник Нова Македонија испечатени се безброј страници посветени на афирмацијата...