Ти не си тигар, не си хиена
Ти си птица,
Рамна на движењето на небото
штом летнеш ќе заборавиш,
дека си еден, дека си илјада, дека си милион.
Ти не си поле, не си планина
ти си птица
во твоите крилја да се биде слободен
во твоите крилја уште да се живее
значи, да се гледаат пресушени реки.
Ти не си споменик, не си земја
ти си птица,
во твоите погледи влегла сина боја,
носејќи го човекот кон вистината и светлината
леташ, полетуваш.
Фазил Хусни Дагларџа
(Светиот пат-поезија од балканските народи, приредил: Раде Силјан)
Филип Димкоски-поет, новинар и преведувач. Автор е на книгите: 1. Најхранливи зборови од детска душа дарови (поезија и куса проза за деца, 2010) 2. Божилак на исконот (поезија за возрасни, 2014) 3. Божилак на исконот (на српски јазик, 2016) 4. Божилак на исконот (на бугарски јазик,2016) 5. Во градината има само љубов (поезија за возрасни,2018) 6. Заедно да растеме (поезија за деца,2018) 7. Екодете-чувари на природата (сликовница,2018) 8. И каменот има душа (2020) 9. Овошје и зеленчук (2023)
Sunday, October 16, 2016
Wednesday, October 12, 2016
АКО ВОЛИШ ПТИЦЕ-Снежана Алексиќ-Станојловиќ
АКО ВОЛИШ ПТИЦЕ
Ако волиш птице,
буди птица,
не плети крлетку својих хтења…
не плети крлетку својих хтења…
Пусти звезде
да нова сазвежђа за тебе
звездају…
Мук криком распори,
а затим лет свој
освештај песмом, до сада, неопеваном,
обележи га бескрајем и снагом грла свог…
Нека те прстеном
једино слобода прстенује…
Облаке не кидај у парчад,
у око своје, небо
над Повардарјем стави
и не чекај сумрак…
Пасторалама вазнесењским,
у просечност упаковане,
просечни се радују…
Њима остави
семење и мрве…
да нова сазвежђа за тебе
звездају…
Мук криком распори,
а затим лет свој
освештај песмом, до сада, неопеваном,
обележи га бескрајем и снагом грла свог…
Нека те прстеном
једино слобода прстенује…
Облаке не кидај у парчад,
у око своје, небо
над Повардарјем стави
и не чекај сумрак…
Пасторалама вазнесењским,
у просечност упаковане,
просечни се радују…
Њима остави
семење и мрве…
Нека се висине
застиде и од сада,
твојим сном мере…
застиде и од сада,
твојим сном мере…
Ако волиш птице,
буди птица!
Не чупај перје из својих крила,
изоштри свој кљун
и у миру, без савести и гађења,
поједи те црве
који ти се на путу нађу…
буди птица!
Не чупај перје из својих крила,
изоштри свој кљун
и у миру, без савести и гађења,
поједи те црве
који ти се на путу нађу…
СРЦУЛКИ -Борче Панов
Од поетската книга „Поетски тишини“
СРЦУЛКИ
Најголемата лубеница
од бостанот, дедо ќе ја донесеше, и на половина - во две тепсии ќе ја исечеше -
едната за децата, другата за возрасните, и ќе ни речеше - кркајте од срцето на
летото.
Среде бостанот, плашилото облечено во облеката на
прадедо стоеше. Баба ќе ги собереше семките на крајот и со нив џебовите на
прадедо Тодор ги полнеше, велејќи дека сите убави нешта доаѓаат од небото.
И денес се сеќавам на имињата што на семките им ги
даваше: црнилки како ирис, ѕвездочелки, оти си ги лепевме над веѓите - за да
гледаме и ноќе, ѕрнѕурки - да не бидеме сиромашни, злапки - за млечните заби да
ни ги заменат здрави заби, зјајки - да бидеме ко цвет отворен за сонцето, ил
жолто клунче од јавриите на ластовичките, ѕуници - за да бидеме црвени во
образите како шумски јаготки , чакарески - за да не се родиме со шарени очи и
срцулки - за да имаме срца со кои сите ќе не сакаат како семки начичкани околу
срцето на лубеницата .
Внимавајте, најубавите лубеници, пред изгрејсонце - од
млечното видело на зорнината, се откинуваат. Тогаш, од ноќта, со сите ѕвезди на
небото, се раѓа денот во кој за секого ќе има место околу трпезата на сонцето.
Еден ден и мене ќе ме подигнете над бостанот со сите семки со кои ќе се раѓате
и живеете - ни велеше дедо, вадејќи ги засушените семки од џебовите на
прадедо...
Борче Панов
Wednesday, October 5, 2016
Српската писателка Алексиќ-Станојловиќ, гостува во Прилеп
Стихозбирките „Ода за Орфеј“ и „Ораница“ од српската писателка Снежана
Алексиќ-Станојловиќ ќе бидат промовирани в сабота на 10 октомври, со почеток од
19.00 часот, во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп.
„Ода за Орфеј“ е книга што доживеа дваесетина промоции во Србија,
Македонија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, а минатата година ја доби
високата награда „Стојан Христов“ што ја доделува Агенцијата за иселеништво во
рамките на Струшките вечери на поезијата. Издавач е ИК Феникс од Скопје, а
рецензенти на книгата се Перо Зубац, Васил Тоциновски, Станислава Бакиќ Јоканиќ
и Вера Андон. „Ода за Орфеј“ е двојазично издание на македонски и српски јазик.
Деновиве од печат излезе поетската книга „Ораница“ во издание на Банатскиот
културен центар и првпат ќе биде промовирана токму во Прилеп. Претствавува прво
издание каде рамноправно се застапени македонскиот, унгарскиот и српскиот
јазик. Рецензенти на книгата се Перо
Зубац, Васил Тоциновски и Станислава Бакиќ Јоканиќ и Мариа Хабрам.
Перо Зубац смета дека книгата заслужува читателско и критичарско внимание,
заради тоа што е јасна во пораките, со мек лирски набој и молитвеност. Мариа
Хабрам во освртот пишува дека „Ораница“ е легура на излиени чувства во која
авторката ги поврзува љубовта и чувствата во еден безграничен пејзаж.
Васил Тоциновски за „Ораница“ пишува дека таа претставува човечки тестамент
кој се пресоздал во поетски манифест.
Станислава Бакиќ-Јоканиќ, пак, во обраќањето кон поетесата, истакнува: Повикуваната моќ на приближување на
далечината именувана е со Вардар и Дунав и тоа се две поднебја, Македонија и
Војводина, поврзани во песната како во твојот живот. Книгата како што е специфична по форма, така е и специфична по изгледот и дизајнот на кориците што по замисла на авторката, ги реализираа уметниците Стојче и Еми Тоциновски.
На промоцијата авторката и книгите ќе ги претстави Филип Димкоски, поезија
ќе рецитираат Стефанија Стефаноска, Филип Димкоски и авторката, а во музичкиот
дел ќе настапат членовите на КУД „Пере Тошев“. Предвиден е и музички настап на
младиот гитарист Марко Цветаноски. Настанот е од отворен тип, а гостите ќе имаат
необична можност во една вечер да слушнат поезија на македонски, српски и
унгарски јазик.
Tuesday, October 4, 2016
Српската писателка Алексиќ-Станојловиќ, гостува во Прилеп
Стихозбирките „Ода за Орфеј“ и „Ораница“ од српската писателка Снежана
Алексиќ-Станојловиќ ќе бидат промовирани в сабота на 10 октомври, со почеток од
19.00 часот, во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп.
„Ода за Орфеј“ е книга што доживеа дваесетина промоции во Србија,
Македонија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, а минатата година ја доби
високата награда „Стојан Христов“ што ја доделува Агенцијата за иселеништво во
рамките на Струшките вечери на поезијата. Издавач е ИК Феникс од Скопје, а
рецензенти на книгата се Перо Зубац, Васил Тоциновски, Станислава Бакиќ Јоканиќ
и Вера Андон. „Ода за Орфеј“ е двојазично издание на македонски и српски јазик.
Деновиве од печат излезе поетската книга „Ораница“ во издание на Банатскиот
културен центар и првпат ќе биде промовирана токму во Прилеп. Претствавува прво
издание каде рамноправно се застапени македонскиот, унгарскиот и српскиот
јазик. Рецензенти на книгата се Перо
Зубац, Васил Тоциновски и Станислава Бакиќ Јоканиќ и Мариа Хабрам.
Перо Зубац смета дека книгата заслужува читателско и критичарско внимание,
заради тоа што е јасна во пораките, со мек лирски набој и молитвеност. Мариа
Хабрам во освртот пишува дека „Ораница“ е легура на излиени чувства во која
авторката ги поврзува љубовта и чувствата во еден безграничен пејзаж.
Васил Тоциновски за „Ораница“ пишува дека таа претставува човечки тестамент
кој се пресоздал во поетски манифест.
Станислава Бакиќ-Јоканиќ, пак, во обраќањето кон поетесата, истакнува: Повикуваната моќ на приближување на
далечината именувана е со Вардар и Дунав и тоа се две поднебја, Македонија и
Војводина, поврзани во песната како во твојот живот.
На промоцијата авторката и книгите ќе ги претстави Филип Димкоски, поезија
ќе рецитираат Стефанија Стефаноска, Филип Димкоски и авторката, а во музичкиот
дел ќе настапат членовите на КУД „Пере Тошев“. Предвиден е и настап на младиот гитарист Марко Цветаноски. Настанот е од отворен тип, а гостите ќе имаат
необична можност во една вечер да слушнат поезија на македонски, српски и
унгарски јазик.
Friday, September 30, 2016
П О К А Н А за аплицирање за учество на 49-те Детски Рацинови средби
Организацискиот одбор на 49-те Детски Рацинови средби, Ви упатуваат
П О К А Н А
за аплицирање за учество на 49-те Детски Рацинови средби
Почитувани, по четириесет и девети пат, Велес ги повикува сите млади рацинови следбеници да ни се придружат во чествувањето на поезијата.
Ќе ни биде огромно задоволство ако ја прифатите нашата покана да учествувате на конкурсот, кој Организацискиот одбор го распишува оваа година.
49-те Детски Рацинови средби ќе се одржат на 17-ти и 18-ти ноември 2016 година во Велес. Централната манифестација ќе се одржи на 17-ти ноември. Ноќевање и сместување за гостите не е предвидено. Патните трошоци се на трошок на училиштето кое учествува со свои ученици.
Организацискиот одбор на Детските Рацинови средби распишува:
ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС
Поетските творби на литературниот конкурс треба да се на тема:
„МОЈАТА ТАТКОВИНА“
Право на учество имаат ученици од oсновните училишта и тоа од 6-то до 9-то одделение и ученици од средно училиште и тоа од I и II година. Творбите ќе бидат класифицирани во три категории и тоа категорија од 6-то и 7-мо одделение, категорија 8-мо и 9-то одделение, и категорија I-ва и II-ра година во средно училиште.
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ЛИКОВЕН КОНКУРС
Учесниците на овој конкурс се поканети да испратат цртежи со мотиви од староградска архитектура на Велес или од творештвото на Рацин. По избор на одговорниот наставник, треба да се испратат готови цртежи кои ќе бидат оценувани од жири-комисија.
Сите заинтересирани училишта задолжително во прилог треба да испратат своерачно напишана пријава за учество, во која ќе ги наведат: Името на училиштето, имињата на учениците и менторите кои испраќаат литературни творби, имињата на учениците и менторите, како и творбите за ликовниот конкурс. Задолжително треба да стои телефон за контакт со менторот.
Секое училиште има право да испрати најмногу 2 ученика за литературниот и 2 ученика за ликовниот конкурс, како и најмногу 2 одговорни наставника.
Пријавите за учество да се испратат на адреса: ул. „Алексо Демниевски“ бр.11, 1400 Велес, со назнака „ЗА ДЕТСКИ РАЦИНОВИ СРЕДБИ“, најдоцна до вторник 31.10.2016 година, по поштенски пат.
За сите информации, можете да се обратите на e-mail адресата: solevkosta@yahoo.com
Пријавата за учество не значи и дефинитивно учество на Детските Рацинови средби. Организаторот ќе Ве извести дали Вашето училиште е избрано за учество на 48-те Детски Рацинови средби, најдоцна на 06.11.2016 година.
30.09.2016 г. Претседател на Организациски одбор
Велес Лила Арсова
Saturday, September 24, 2016
Саботна приказна за животот

Никогаш родендените не сум ги дочекувала во грижа и страв за годините кои ги полнам. Научив да се смеам, да плачам, да уживам во животот и затоа ви препорачувам-повеќе сонце, помалку дожд-ни рече најстарата глумица во Србија и ги дувна свеќичките со број деведесет и осум.
Секогаш насмеана, Бранка Веселиновиќ не прими во својот дом на Врачар, воодушевена што ја изненадивме со торта. Ни рече дека и таа мора да ни се оддолжи.
Вие мене торта, а јас Вам по еден примерок од книгата за деца, која ја напишав. Баш ме израдувавте. јас не мислам на годините. Дури помислив дека треба да дувнам свеќички со бројот 95-шеговито вели Бранка и тврди дека никогаш не се плашела од смртта и дека годините за нејзе се само обични бројки.
Се чувствувам одлично во моите години. И денеска ги посетувам местата каде глумам и ги забавувам сите, од деца до највозрасни. Се смеам, цртам, вежбам гимнастика. Го поминувам времето исполнето за да не очајувам што веќе не сум млада-истакнува таа.
Виталната глумица која има реализирано голем број филмски, театарски и телевизиски улоги и во овие години вели дека и понатаму глуми и ги посетува културните настани.
Срцето ми чука со љубов кон децата. Ние дома сме воспитани да уживаме со децата. Мојата баба исто така дочека длабока старост. На 90 години имаше приредби за важни датуми. Од неа учев, така да се однесувам. И секогаш се водам од онаа реченица на мојата покојна пријателка Десанка Максимовиќ „Бог нека ви ги даде моите години, јас во вашите нема да можам да ги имам“-вели Бранка.
Бранка ни го откри и рецептот, како среќно да се дочека длабока старост.
Мозокот не треба да го оставите во мирување. Треба да го користите. Му благодарам на Бога, се уште можам да сонувам за среќа. Не се плашам од смртта. И таа мора да дојде, еден ден, а до тогаш-пишувам, цртам, гледам телевизија.
Извор: http://www.blic.rs/
Subscribe to:
Posts (Atom)
РАЗГОВОР СО ДАВИД ПАВИЌ: УМЕШНОСТ Е ДА ИМ СЕ ДАДЕ ЖИВОТ НА НОТИТЕ
Во осумдесетгодишното постоење на првиот македонски дневен весник Нова Македонија испечатени се безброј страници посветени на афирмацијата...
-
Почитувани читатели на рубриката Licentia poetica на порталот КулАрт.Мк, Заради технички проблеми на порталот КулАрт.Мк, а додека истите н...
-
Во осумдесетгодишното постоење на првиот македонски дневен весник Нова Македонија испечатени се безброј страници посветени на афирмацијата...
-
Марија Кобец (1974) поет, преведувач, новинар, заменик претседател на Регионалниот огранок на „Сојузот на писатели на Белорусија“ во ...


