Гости ќе бидат членови на Друштвото на писателите на Македонија кои ќе читаат своја поезија, а актери, музичари и новинари ќе евоцираат спомени за Гане Тодоровски.
Средбата ќе ја отвори претседателот на Собранието на ДПМ, писателот Раде Силјан.
Овој настан е во склоп на манифестацијата ,,Ганеви денови" која се одржува традиционално.
............................................................................................................................................
Поетот Гане Тодоровски, го запознав само преку песните. Можеби и така требало. Можеби доволно е. Во 20110 прв пат рецитирав негова песна. Ја рецитирав ,,Место цвеќе". И кога истата година се радував дека ќе го сретнам на Струшките вечери на поезијата каде учествував, веќе беше време, цвеќе да се однесе на неговиот гроб.
А јас место цвеќе од тогаш до ден денес, ја читам и ја интерпретирам неговата поезија.
Па велам:
Телото умира еднаш,
а душата живее,
душата не умира никогаш.
Посакувам ганевата душа,
љубовта и поетскиот занес,
повтор и повтор да се преродуваат,
за секој век да има по еден Гане!
No comments:
Post a Comment