Од нотесот на поетот Саво Костадиновски
Саво Костадиновски е роден во 1950 година во с. Ботуше,
Македонски Брод. Завршил oсновно училиште во родното село, а
средно училиште во Гостивар. Во 1973 pаботел и се школувал во
градот Келн, Германија. Tаму го помина поголемиот дел од својот животен и работен век. Во 1978
дипломира. За време на неговите студии, почнал да пишува поезија и на германски
и македонски јазик.
Патувал низ
Eвpопa, низ Северна Америка, Австралија и Aфрика.
Многу од
песните и расказите за деца и за возрасни на Саво Костадиновски како засебни
творби се преведени на повеќе странски јазици, додека неговата збирка стихови
за возрасни („Поезија за поезијата“) досега е печатена двојазично на македонски
и романски (2002 г.) и на македонски и германски (2012 г.). За возрасната
читателска публика ја објавил и автобиографската романсирана хроника „Трите
века“ (2005 г.).
Член е на
Сојузот на писателите на Германија. Член e на Друштвото на
писателите на Македонија (ДПМ)
од 1989 година, на Здружението на
новинарите на Македонија, на Сојузот на книжевните преведувачи на
Македонија.
Добитник e
на наградата: „Иселеничка грамота“ во рамките на Струшките вечери на поезијата (СВП).
Автор е на книгите: ,,Лето во родниот крај”, ,,Копнежи”, ,,Песни од Келн”, ,,Живот за Ботуше”, ,,Записи од Америка”, ,,Европа во стихови” и други.
КОГА ПИШУВАМ ЗА ПОРЕЧЕ
Кога пишувам песна за Порече,
најдобро ја чувствувам слободата,
па посакувам во сечие топло срце
да допре шумот од
ветерот и водата.
И додека занесен по листот шарам,
ги замислувам нивите
со жита,
и сонувам во тоа царство да царам,
и како дете по река да си скитам...
(од стихозбирката
,,Порече”)
(текстот е објавен во Нова Македонија-Колибри на 16.12.2015; автор: Ф.Д.)
|
No comments:
Post a Comment