Friday, December 25, 2015

Српската поетеса Снежана Алексиќ-Станојловиќ доаѓа во Битола

Вечерва,  (26 декември) во 19.00 часот  во кафулето Радост во Битола, ќе се одржи промоција на книгата ,,Ода за Орфеј” од српската поетеса Снежана Алексиќ Станојловиќ.

Станува збор за поетска книга, пишувана подолг временски период, а двојазично објавена на српски и македонски јазик од Издавачката куќа Феникс од Скопје.

Авторката многу често патува и настапува во градовите од регионов и пошироко, а носител е на повеќе значајни награди и признанија. Годинава на авторката за книгата ,,Ода за Орфеј” од Агенцијата за иселеништво и беше доделена наградата ,,Стојан Христов” во рамките на Струшките вечери на поезијата.


Промоцијата на ,,Ода за  Орфеј” во Битола, е во организација на УЛК ,,Дениција” , а промотори се проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска и проф. д-р Златко Жоглев.


No comments:

Post a Comment

РАЗГОВОР СО ДАВИД ПАВИЌ: УМЕШНОСТ Е ДА ИМ СЕ ДАДЕ ЖИВОТ НА НОТИТЕ

  Во осумдесетгодишното постоење на првиот македонски дневен весник Нова Македонија испечатени се безброј страници посветени на афирмацијата...