Кој рече дека нема забава со македоснки фолклор?
Трески. Трески. Уште морници ме лазат од тие гласови, од тие звуци од тоа волшебно
музицирање на Леа, Кате, Филис, Ева и Оли.
Прв пат ги слушам Перија. Не сум ги слушнал во ГТЦ, онаму каде што најчесто свират.
Тоа и вооптшо не е важно. Важно е дека нивните гласови го будат, некаде од длабоко,
нашето некогаш заспано битие. Низ песна ти кажуваат кој си. Кои сме.
И јас само длабок наклон, силен аплауз и најсилно воодушевување можам да изразам кон девојките што вечерва во Децата од нашата улица ми направија такви силни срцебиења, такви трески, такви трансови и занеси...На друга планета бев...а сепак на земја, на ова познато парче земја кое ги изродило овие алтан-гласови.
Не. Ова нивново, вечерашново, ниту се купува, ниту се продава, ниту се добива. Или го имаш, или го немаш. Или го носиш со себе и во себе или не. Тие не да го имааат, не да го носат...
Искорнаа гласови и звуци од праисконот, длабоко почувствувани од нивните срца и ме фрлија во бунарот на битисувањето полн со чудна и многу силна енергија, па потоа ме креваа, ме воздигнуваа, ме носеа...до небеса, до бескрај ме кренаа.
Благодарам што толку енергетски и духовно ме нахранивте. Благодарам на Децата од нашата улица за ова магично музичко доживување.
Филип Димкоски-поет, новинар и преведувач. Автор е на книгите: 1. Најхранливи зборови од детска душа дарови (поезија и куса проза за деца, 2010) 2. Божилак на исконот (поезија за возрасни, 2014) 3. Божилак на исконот (на српски јазик, 2016) 4. Божилак на исконот (на бугарски јазик,2016) 5. Во градината има само љубов (поезија за возрасни,2018) 6. Заедно да растеме (поезија за деца,2018) 7. Екодете-чувари на природата (сликовница,2018) 8. И каменот има душа (2020) 9. Овошје и зеленчук (2023)
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
РАЗГОВОР СО ДАВИД ПАВИЌ: УМЕШНОСТ Е ДА ИМ СЕ ДАДЕ ЖИВОТ НА НОТИТЕ
Во осумдесетгодишното постоење на првиот македонски дневен весник Нова Македонија испечатени се безброј страници посветени на афирмацијата...
-
ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема: „Делото н...
-
По повод Светскиот ден на хаику поезијата, 17 април, интернационалното списание за хаику „Лотос“ од Ваљев, чиј основач, главен уредн...
-
Нели бевме мило либе, трендафили два румени, в мајско утро, расцвтени, еден до друг посадени. Али никна, не би никнал. трнот ...
Ковид-19 има тешка година, но со помош на понудата за заем на г-дин Педро успеав да поминам затоа што неговата понуда за заем од 2% навистина ми помогна многу и благодарен сум што можам да споделам овде дека г-дин Педро нуди заеми на 2 % стапка, исто така, тој може да финансира секаков вид на легитимен бизнис или да бара лична финансиска помош. Е-пошта: pedroloanss@gmail.com и Whats-App: +1- 8632310632
ReplyDelete