В среда на 17 февруари во 19.00 часот во
Библитеката на Град Белград, ќе се одржи
културен настан по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот
јазик-21 февруари.
Настанот е во
организација на Македонското здружение
„Македониум“ од Белград, а ќе понуди богата програма.
Доц. д-р Бранимир
Станковиќ, ќе одржи предавање на тема „Мајчиниот јазик како културен белег на
еден народ“, a потоа ќе следи
говор на претседателката на Одборот за образование при Македонскиот национален
совет во Србија, г-ѓа Маре Николовкса
Каранфиловиќ.
Во рамките на
овој настан ќе биде претставена
двојазичната поетска книга „Ода за Орфеј“ од поетесата Снежана
Алексиќ-Станојловиќ, а за книгата ќе зборува проф. д-р Виктор Радун Теон.
Со своја поезија
ќе настапи и поетесата Искра Пенева, а за музичкиот дел е задолжена вокалната
група „Македонки“.
No comments:
Post a Comment