Овој концерт за мене ниту почна ниту заврши. Немаше ниту почеток ниту крај. Јас само се најдов во дел од животот на Дуке, а тој направи резови во мојот. Му ја почувствував душата. Кај него животот и музиката се едно. Па затоа ви велам, тој вечерва не послужи со дел од тоа едното.
Влог во себе си, е да се биде на концерт каде се сплотиле македонските музички врвови. Дуке, каролина, Влатко Стефановски, Тања Царовска, Исмаил Лумановски, Саша Николовки Ѓумар и извонредниот камерен оркестар.
Уште еднаш се нурнав во длабочината на македонскиот фолклор, на македонската музичка традиција, воодушевувајќи се од длабочината и полнотијата на тоа што го имаме. Колку е тоа неисцрпно, Коклу е тоа големо. Колку е тоа вселенско.
Нежности, емоции, вокален и инструменален раскош...
Мигновно ми помина ова случување. Со уста подотворена, со очи насолзени, со насмеан лик, со нозе и раце размрдани, а во стомакот трепет некој, некој сладок немир, некоја возбуда...
Скоривање, будење...но и на срцето и на умот. Ова е развивање за мене, растење, поттик.
Треперам. Браво. Благодарам.
No comments:
Post a Comment