Sunday, February 13, 2022

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

 

 

ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:

 

 

„Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот“

 

На литературниот конкурс може да учествуваат ученици од шесто до деветто одделение од општинските основни училишта на територијата на нашата држава.

 

Комисијата во состав:

 

Филип Димкоски – поет,

Татјана Пеливанова – професор по македонски јазик,

Валентина Т. Стаматовска – професор по македонски јазик,

 

ќе ги одберат најдобрите литературни творби кои ќе бидат објавени во стихозбирка посветена на Круме Кепески.

 

Литературните творби (поезија) да се испратат најдоцна до 5.3.2022 на следната електронска адреса: konkurs.kkepeski@gmail.com

 

Со литературните творби да се испратат и следните информации: име и презиме на ученикот/ученичката, одделение, училиште, ментор.

 

Наградените ученици и нивните ментори ќе добијат дипломи за учество во електронска форма и по еден примерок од стихозбирката.

 

 

Скопје, 11.2.2022                                                          

 

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...