Friday, September 30, 2016

П О К А Н А за аплицирање за учество на 49-те Детски Рацинови средби

Организацискиот одбор на 49-те Детски Рацинови средби, Ви упатуваат П О К А Н А за аплицирање за учество на 49-те Детски Рацинови средби Почитувани, по четириесет и девети пат, Велес ги повикува сите млади рацинови следбеници да ни се придружат во чествувањето на поезијата. Ќе ни биде огромно задоволство ако ја прифатите нашата покана да учествувате на конкурсот, кој Организацискиот одбор го распишува оваа година. 49-те Детски Рацинови средби ќе се одржат на 17-ти и 18-ти ноември 2016 година во Велес. Централната манифестација ќе се одржи на 17-ти ноември. Ноќевање и сместување за гостите не е предвидено. Патните трошоци се на трошок на училиштето кое учествува со свои ученици. Организацискиот одбор на Детските Рацинови средби распишува: ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС Поетските творби на литературниот конкурс треба да се на тема: „МОЈАТА ТАТКОВИНА“ Право на учество имаат ученици од oсновните училишта и тоа од 6-то до 9-то одделение и ученици од средно училиште и тоа од I и II година. Творбите ќе бидат класифицирани во три категории и тоа категорија од 6-то и 7-мо одделение, категорија 8-мо и 9-то одделение, и категорија I-ва и II-ра година во средно училиште. ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ЛИКОВЕН КОНКУРС Учесниците на овој конкурс се поканети да испратат цртежи со мотиви од староградска архитектура на Велес или од творештвото на Рацин. По избор на одговорниот наставник, треба да се испратат готови цртежи кои ќе бидат оценувани од жири-комисија. Сите заинтересирани училишта задолжително во прилог треба да испратат своерачно напишана пријава за учество, во која ќе ги наведат: Името на училиштето, имињата на учениците и менторите кои испраќаат литературни творби, имињата на учениците и менторите, како и творбите за ликовниот конкурс. Задолжително треба да стои телефон за контакт со менторот. Секое училиште има право да испрати најмногу 2 ученика за литературниот и 2 ученика за ликовниот конкурс, како и најмногу 2 одговорни наставника. Пријавите за учество да се испратат на адреса: ул. „Алексо Демниевски“ бр.11, 1400 Велес, со назнака „ЗА ДЕТСКИ РАЦИНОВИ СРЕДБИ“, најдоцна до вторник 31.10.2016 година, по поштенски пат. За сите информации, можете да се обратите на e-mail адресата: solevkosta@yahoo.com Пријавата за учество не значи и дефинитивно учество на Детските Рацинови средби. Организаторот ќе Ве извести дали Вашето училиште е избрано за учество на 48-те Детски Рацинови средби, најдоцна на 06.11.2016 година. 30.09.2016 г. Претседател на Организациски одбор Велес Лила Арсова

Saturday, September 24, 2016

Саботна приказна за животот



Никогаш родендените не сум ги дочекувала во грижа и страв за годините кои ги полнам. Научив да се смеам, да  плачам, да уживам во животот и затоа ви препорачувам-повеќе сонце, помалку дожд-ни рече најстарата глумица во Србија и ги дувна свеќичките со број деведесет и осум.

Секогаш насмеана, Бранка Веселиновиќ не прими во својот дом на Врачар, воодушевена што ја изненадивме со торта. Ни рече дека и таа мора да ни се оддолжи.

Вие мене торта, а јас Вам по еден примерок од книгата за деца, која ја напишав. Баш ме израдувавте. јас не мислам на годините. Дури помислив дека треба да дувнам свеќички со бројот 95-шеговито вели Бранка и тврди дека никогаш не се плашела од смртта и дека годините за нејзе се само обични бројки.

Се чувствувам одлично во моите години. И денеска ги посетувам местата каде глумам и ги забавувам сите, од деца до највозрасни. Се смеам, цртам, вежбам гимнастика. Го поминувам времето исполнето за да не очајувам што веќе не сум млада-истакнува таа.

Виталната глумица која има реализирано голем број филмски, театарски и телевизиски улоги и во овие години вели дека и понатаму глуми и ги посетува културните настани.

Срцето ми чука со љубов кон децата. Ние дома сме воспитани да уживаме со децата. Мојата баба исто така дочека длабока старост. На 90 години имаше приредби за важни датуми. Од неа учев, така да се однесувам. И секогаш се водам од онаа реченица на мојата покојна пријателка Десанка Максимовиќ „Бог нека ви ги даде моите години, јас во вашите нема да можам да ги имам“-вели Бранка.


Бранка ни го откри и рецептот, како среќно да се дочека длабока старост.
Мозокот не треба да го оставите во мирување. Треба да го користите. Му благодарам на Бога, се уште можам да сонувам за среќа. Не се плашам од смртта. И таа  мора да дојде, еден ден, а до тогаш-пишувам, цртам, гледам телевизија.
 Извор: http://www.blic.rs/

Friday, September 23, 2016

Втор меѓународен конкурс „Во чест на учителот“

Прва категорија
Креативното катче при ОУ „Д-р Александар Сабовљев“ ги поканува сите учители кои се занимаваат со креативна, уметничка, спортска и истражувачка  дејност, да учествуваат на меѓународниот конкурс „Во чест на учителот“.

Пропозиции:
1. Да се испрати лична фотографија
2. Кратка биографија-исклучиво во Word документ
3. Презентација за досегашното работење од подрачјето на креативноста, спортот, истражувачка дејност, уметност и екологија. Текстот не смее да е подогл од 3 страници (Word, Font Times New Roman 14), фотографиите кои се проследени со текстот да се пратат оддвоено од текстот. Испратените трудови можат да бидат веќе објавени во електронска форма но не и во печатена форма.(Песни, приказни, уметнички фотографии, авторски ликовни дела, дела од подрачјето на применетата уметност, спортски активности, екологија, истражувачки труд во кратка форма).

Најдобрите трудови ќе бидат презентирани во електронски зборник со наслов „Во чест на учителот 2“ и со тоа ќе биде промовирана работата на анградениот учител но и учителската професија, воопшто. Дипломите на наградените учители ќе им бидат сипратени исклучиво на електронска адреса.
Трудовите да се испраќаат на е-mail: ucastucitelju@gmail.com
Конкурсот е отворен до 2.10.2016

Втора категорија:
Креативното катче при ОУ „Д-р Александар Сабовљев“ ги поканува учениците од основните училишта без и со инвалидитет, да учествуваат на фото-конкурсот „Мојот учител и јас“.

Пропозиции:
1. Да се испратат основни податоци (име и презиме, одделение, училиште, место и име и презиме на менторот)
2. Да се испратат до три фотографии на кои сте во друштво на вашиот учител-на фотографијата мора да бидат само учителот и ученикот (не групна фотографија)
3. Писмено одобрување од родителот на ученикот дека дозволува фотографијата да виде јавно објавена (одобрувањето може да биде скенирано или фотографирано).
4. Да се напишат неколку реченици, околу тоа кој се наоѓа на фотографијата и зошто тој учител заслужил да се најде во вашиот фото-албум.
Фотографиите да се испраќаат на е-mail: ucastucitelju@gmail.com
Конкурсот е отворен и трае заклучно со 2.10.2016. Најубавите фотографии на учениците ќе бидат презентирани во мал електронски зборник со наслов „Во чест на учителот 1“. Дипломите на наградените ученици ќе им бидат сипратени, исклучиво на електронска адреса“.

Трета категорија:

Kреативното катче при ОУ „Д-р Александар Сабовљев“ ги поканува учениците од основните училишта без и со инвалидитет, да учествуваат на литературниот конкурс:
„Мојот учител и јас“.

Пропозиции:
1. Да  се испратат основни податоци (име, презиме, одделение, место, име и презиме на менторот)
2. Да се испрати литературна творба на темите: „Во чест на учителот“, „Заборавениот учител“, „Во домот на мојот учител“ (проза и поезија).
Творбите да се испраќаат на e-mail: ucastucitelju@gmail.com
Конкурсот е отворен и ќе трае заклучно со 2.10.2016.
Наградените учители и ученици ќе бидат навремено известени по електронска адреса. Резултатите ќе бидат објавени на 5.10.2016 на Меѓународниот ден ан учителот.

Организатор на манифестацијата „Во чест на учителот“
Лилјана Химмел

Wednesday, September 21, 2016

Поетско-музичка вечер со Филип Димкоски и Џина Папас Џокси

По Прилеп, Скопје, Битола, Струмица, Кочани, Нови Сад, Ниш, Пехчево и Свети Николе, следи десеттото претставување на „Божилак на исконот“ од Филип Димкоски.

Книгата ќе биде претставена во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ -Скопје (Дом на градежниците) на 29.9.2016 (четврток) од 19.00 часот.

Промотор е проф. д-р. сц. Васил Тоциновски.

Ова ќе биде осмо претставување на книгата во Македонија, а десетто ако се сметаат и двете претставувања во Србија, заедно со изданието на српски јазик.

Дваесет и девеети  септември е Светски ден на срцето, и ќе се потрудиме да ви ги разнежниме срцата, да ги наполниме со убави зборови и звуци.

За ова десетто претставување, достапни ќе бидат последните десет од вкупно 520 примерока од првото издание на „Божилак на исконот“.

Дали ќе има второ издание, дали се спремаат нови препеви, кои се следните настапи..За сето тоа ќе дознаете на настанот. Повелете.




















Sunday, September 18, 2016

КОНКУРС

Дом на просветните работници
                                                                                           Детски литературен фестивал „Ракатки“
ул.„Ангел Димовски“ бр.4 -Скопје
тел.и факс 02 2460 582


Фестивалскиот одбор на Детскиот литературен фестивал „Ракатки“-Скопје
 распишува


К О Н К У Р С

за најдобри литературни творби за Детскиот литературен фестивал „Ракатки“2017

1.Темата е слободна – во поезија или  куса проза.
2.Творбата да биде напишана на македонски литературен јазик.
   Учесниците од другите националности, кои живеат во Македонија, можат творбата да ја
   достават и на својот мајчин јазик, покрај преводот на македонски литературен јазик.
3. Право на учество на Фестивалот имаат сите ученици од Македонија на возраст од 8 до 15
    години.          
4. Секое училиште може да учествува само со една литературна творба оценета и  избрана    
    како најдобра исклучиво од својата литературна секција, со записник оверен од Директорот   
    на училиштето. За да им се даде можност на повеќе ученици и ментори да учествуваат на оваа    
    манифестација, литературната секција да не ги повторува учесниците од претходните 
    фестивали.
5.Творбата се доставува отчукана на компјутер  во еден примерок со име и презиме на  авторот,   
   одделение и училиште, како и име и презиме на менторот, негов  мобилен телефон и e-mail на
   адреса:
Славка Арсова
ул. „Јуриј Гагарин“ бр. 25 / 9
1000 Скопје,
тел. 02/ 3080 – 699; 070/541-144

6. Конкурсот е отворен до 30. 11. 2016 година.
    Творбите кои не ги исполнуваат пропишаните критериуми и кои ќе пристигнат по
     определениот рок нема да се земат предвид за разгледување и оценување.
7. Од сите пристигнати творби според овој Конкурс, жири комисијата на Фестивалот (составена    
    од писатели за деца и млади) ќе избере 30 најдобри творби рангирани во три наградни  
    категории: прва награда 10 творби; втора награда 10  творби и трета награда 10 творби со кои  
    авторите ќе настапат на  Фестивалот.
8. Одлуката на Жири комисијата ќе биде објавена на 15. 12. 2016 година.
9. XIII Републички детски литературен фестивал  „Ракатки“-2017  ќе се одржи во април
    2017 година.


Фестивалски одбор
                                                                                                                                    Претседател

                                                                                                                            Славка Арсова                                                                      

Saturday, September 17, 2016

Есента со поезија ќе ја славиме


  • 29.9.2016-Поетско музичка вечер со  Филип Димкоски и Џина Папас Џокси со претсавување на „Божилак на исконот“ од Филип Димкоски за која ќе говори проф. д-р Васил Тоциновски (Дом на културата „Кочо Рацин“-Скопје, 19.00 часот)

  • 8.10.2016-Промоција на поетските книги „Ода за Орфеј“ и „Ораница“ од српската поетеса Снежана Алексиќ-Станојловиќ. Промотор и водител: Филип Димкоски  (ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп, 19.00 часот). 


  • 23-30.10.2016 - „Дуга искона“ -српско издание на „Божилак на исконот“ ќе биде претставена на Меѓународниот саем на книгата во Белград на штандот на Пром Продукција.

  • 28 и 29.10.2016-Претсавување на зборникот „Сите ние сме деца господови“ во издание на Култура снова од Загреб и Пром продукција од Обреновац каде Филип Димкоски е  застапен со поезија на хрватски и ромски јазик. Поетско читање,  доделување на награди и пофалници, во рамките на Меѓународниот саем на книгата во Белград.

  • 28.10.2016-Промоција на „Дуга искона“ во библиотеката „Милутин Бојиќ“ во Белград. во 19.00 часот. Промотор: Снежана Алексиќ-Станојловиќ.

  • Ноември-промоции на бугарското издание на „Божилак на исконот“ во Стара Загора, Казанлак и Софија. Книгата е во издание на ИК „Палмира“ од  Стара Загора.

Видео: Неделна приказна за животот



Ја знаете ли Добрила Чабриќ? Поголемиот дел од вас, знам дека не. А голем дел ја слушнале можеби само како име.
Така ние им велиме „благодарам“ на уметниците што одбележале  години, децении и векови во државава и надвор од неа, што со своите вонвременски способности, квалитети и карактеристики ја претставиле нашата култура, и над се што ни овозможиле да научиме многу за страста кон љубовта и страста кон животот.

Ама за среќа, на вистински духовно големите луѓе што знаат како на вистински начин да го живеат животот, и не им е толку битно дали некој ги памети, дали им се оддаваат признанија, дали се славни или богати.

Свој свет граделе со години и се она што го направиле со благодарност, страст, љубов и верба кон животот, ако никој друг, Универзумот ќе го запамти.
Ќе го запамти како благост, како добра мисла и позитивна енергија.

Во вторава саботна приказна за животот, ви ја преставувам Добрила Ивановска Чабриќ.
Родена е во 1925 година. Гевглеичанка која го сврти светот со песна и глума и потоа, стави точка на уметничкото патување и се врати на крајбрежјето од Дојранското езеро.
И денес живее таму. И вежба и пее,  вози со својот автомобил до Гевгелија, се дружи со пријателите, телефонски контактира со пријатели и колеги од светот.

Кога имаше 85 години на Фестивалот на монодрамата во Битола, ја изведе монодрамата „Методот на Мис Маргарида“ во режија на  Виолета Џорлева. Во монодрамата актерката се обраќа на јазиците што ги говори,

Исклучокот е во тоа што госпоѓа Добрила Чабриќ со театарската публиката очи в очи застана по пет (и повеќе) децении. И тоа во театар во кој како млада, многу млада (на 16-17 години) почнала да го совладува актертскиот занает: во 1945 година станала членка на тукушто основаниот Македонски народен театар во Скопје, одиграла ликови, го напуштила во 1957 година како искалена актерка, заминала во Театарот на Таразије во Белград во кој била следните седум години, некако и "легнала комедијата" и направила нов пресврт - станала естраден уметник. И тоа ниту било кој и ниту било каков. Нејзин свет станала песната со која како членка на "Дуото Нанос" речиси го обиколила светот. Пеела, се забавувала, танцувала, учела јазици (денес говои дури седум)... Таа и животот со неа се поигрувале. И во 1980 година ставила точка и на естрадната кариера: се населила во Дојран за кој и денес тврди дека е нејзин благодет. (Лилјана Мазова-„Енергијата на Добрила Чабриќ е лекција по живот“, Глобус, 2012)

Јас ја имам огроманата среќа и чест да ја познавам оваа госпоѓа, понекогаш да се дружам со неа. На ланската промоција на „Божилак на исконот“ во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, Добрила Чабриќ беше водителка, пееше, рецитираше. Имам многу што да кажам и напишам, но еве ова видео ќе ви покаже за каква воодушевувачка животна енергија станува збор. Да не заборавиме, Добрила, на видеово има 91 година.




Saturday, September 10, 2016

Видео: Саботна приказна за животот



Flory Jagoda е восанско-американска кантавторка и интерпретаторка на песни на ладино јазикот (јазикот на Сефардите, Евреите од Шпанија, кој е во изумирање). Родена е во Сараево во 1923 година. Детството го поминала во Власеница, а за време на војната живеела во Корчула. Потоа се преселила во САД и до ден денеска живее. И не само што се уште е витална, туку се уште пее и настапува.

Таа својот живот го посвети на музичката и лирската драдиција на босанските Евреи. Дел од своите песни ги научила од својата баба, а пеее и детски успивалки, песни за прстите на рацете, романси за напуштениот дом во Шпанија, песни во чест на праѕникот Ханука, песни ѕа опсадата на Ерусалим...
Флори е култна фигура на американската етно музика. Има снимено многубројни албуми со сефардски народни песни а снимила и свои авторки композиции.

Нејзиниот глас е млад и убав, а нејзиното пеење е невозможно да се научи. Тоа е најоригинален начин на пеење на шпанските мелодии споен со ориенталните и препознатливите балкански ритми.

Мене од се, најмногу ме воодушеви истрајноста, енергијата иако има 93 години. Слушајќи ја патував со ритмите, и ја осетив душата на Сефардите. Во продолжение просследете една нумера. И кога некој по се преживеано, може се уште да пее, замислете се над бессмисленоста на нашето кукање и незадоволство од животот. Флори покажува и докажува дека животот е убав. Пријатни мигови.








Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...