Monday, May 30, 2016

На денешен ден се родени Димитров, Симев, Костадиновски и Андоновски

Димитар Димитров (роден во с. ЦакониВоденскоЕгејска Македонија на 30 мај 1936 година) е македонски поетесеист,критичар,, преведувач од турски, писател за деца, политичар и дипломат.
Димитар Димитров завршил Филозофски факултет, група философија во Скопје. Доктор по философски науки. Професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Амбасадор на Република Македонија во Руската федерација. Член на ДПМ од 1970 година.
Во првата експертска влада (1991-1992) Димитров е министер за образование. Во периодот 1998-1999 година повторно е избран за министер, овојпат за култура, во владата на Љубчо Георгиевски.
Автор е на книгите: Овчарче (раскази за деца, 1960), Збогум детство (раскази за деца, 1960), Кога сме деца (раскази за деца, 1962), Животот и уметноста (студија, 1967), Противставување (есеи, 1971), Македонски работи (есеи, 1991), Уметност и човекување (есеи, 1992), Меѓу тоталитаризам и демократија (есеи, 1994), Името и умот (есеи, 1999).

Симјон или Симеон Симев (роден на 30 мај 1949 во Штип) е македонски поет, есеист и новинар.
Симев студирал историја со историја на уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел како наставник во гимназија, соработник во Републичкиот секретаријат за култура, новинар во Првата и Одговорен уредник на Радио култура (Трета програма) на Македонското радио 
Симев објавувал стихови, есеи, статии, студии во весници, списанија, периодични публикации. Неговата поезија е издавана во Бугарија и Германија 
  • Соспи. Табернакул, Скопје 1997.
  • Месечина огрева, сонце изгрева. Наша книга, Скопје 1999.
  • Дамга. Наша книга, Скопје 2002.
  • Шарената сенка: живопис, литература, музика. Макавеј, Скопје 2008.
  • Ронливи лета море далечно. Симев С., Скопје 2010
Саво Костадиновски (р. 30 мај 1950 во с. Горно БотушјеМакедонски Брод) е македонски поет.
Костадиновски завршил oсновно училиште во родното село, а средно училиште во Гостивар. На 26 јули 1963, на денот на Скопскиот земјотрес, се здобил со повреда на ногата во разурнатата куќа во Гостивар. Bеднаш по катастрофалниот Скопски земјотрес започнала неговата „одисеја“, уште од најраната младост. Во 1964 престојувал во интернат во Белград, стипендиран како дете на татко-првоборец (партизан). Во 1965 pаботел во Славонски Брод, продолжил да пишува поезија со носталгични изливи. Во 1968 e повикан да го отслужи воениот рок (до 1970). Tој учел нa Техничкото училиште во Белград. Oд 1970 заминува на работа во Минхен, во Вирцбург и воФранкфурт на Мајна. Во 1973 pаботел и се школувал во градот КелнГерманија. Tаму го минал поголемиот дел од својот животен и работен век. Во 1978 дипломирал. За време на неговите студии, почнал да пишува поезија и на германски и македонски јазик.
Патувал низ Eвpопa (Париз, Берлин и Амстердам) по Северна Америка, Австралија и Aфpика (Сенегал).
Многу од песните и расказите за деца и за возрасни на Саво Костадиновски како засебни творби се преведени на повеќе странски јазици, додека неговата збирка стихови за возрасни („Поезија за поезијата“) досега е печатена двојазично на македонски и романски (2002 г.) и на македонски и германски (2012 г.). За возрасната читателска публика ја објавил и автобиографската романсирана хроника „Трите века“ (2005 г.).
Член е на Сојузот на писателите на Германија. Член e на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1989 година, на Здружението на новинарите на Македонија, на Сојузот на книжевните преведувачи на Македонија.
Добитник e на наградата: „Иселеничка грамота“ во рамките на Струшките вечери на поезијата (СВП).
Автор е на книгите стихозбирки:
  • „Лето во родниот крај“ (1980)
  • „Копнежи“ (1989)
  • „Песни“ (1990)
  • „Децата на светот“ (1990)
  • „Кафез без птици“, "Од Ботуше до Келн“ (1990)
  • „Песни“ (1993)
  • „Порече“ (1995)
  • „Илјада и една носталгија“ (2001 г.)
  • „Роден крај со срце“ (2005 г.) - кратки раскази.
  • „Песни од Келн" (2014 г.)
  • „Живот за Ботуше“ (2014 г.)

Венко Андоновски (р. во Куманово30 мај 1964) — македонски писател (романописец, раскажувач, драмски автор, поет), есеист, критичар и книжевен теоретичар.
Венко Андоновски дипломирал на Филолошкиот факултет "Блаже Конески", во Скопје. Тој е доктор по филолошки науки и работи како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Андоновски е член на Македонскиот ПЕН центар. Во 1990 година постанал член на Друштвото на писателите на Македонија

Творештвото на Андоновски е богато. Тој пишувал поезија, раскази, романи, драми и есеи, а се бавел и со книжевна критика.
  • Нежното срце на варварот, (1986).
  • Квартот на лиричарите (1989),
  • Фрески и гротески (1993).
  • Азбука за непослушните (1994),
  • Папокот на светот (2000),
  • Вештица (2006),
  • Ќерката на математичарот / 33,33 (2013).
  • Адска машина (1993),
  • Бунт во домот за старци (1994),
  • Словенскиот ковчег (1998),
  • Црни куклички (2000),
  • Кандид во земјата на чудата (2001),
  • Кинегонда во Карлаленд (2006),
  • Граница (2008),
  • Светица на темнината (2010),
  • Олово на перница (2010)).
  • Матошевите ѕвона (1996),
  • Текстовни процеси (1997),
  • Структура на македонскиот реалистичен роман (1997),
  • Дешифрирања (2000).

За своето книжевно творештво, Андоновски е добитник на наградите:

Извор: Википедија

Friday, May 20, 2016

Викендов во Гостивар ќе се одржи третото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

На отворањето на фестивалот, во сабота (21-ви мај) ќе се претстават поетите финалисти избрани од жири комисијата на чело со претседателот Бранко Цветкоски. Наградите ќе бидат доделени во недела (22-ри мај) на свечена манифестација.

Четиринаесетте финалисти беа избрани во конкуренција на 125 поети од земјава и повеќе балкански земји. Тоа се поетите: Исток Улчар, Наташа Василевска Трајчевска, Митре Мангоски Радождански, Невриј Адеми, Надица Тренчева, Слаѓана Ставрева, Константин Карев, Ивана Китаноска, Валентина Трајкоска, Маријана Давиткова, Митко Гогов сите од Македонија како и Вања Савова, Катја Вангелова, Пламен Димитров Парнарев од Бугарија.

„Годинашната поетска жетва, најригорозниот, би рекол златниот одбир на гостиварскиот и меѓународен фестивал „Литературни Искри“ се одликува со суптилна тематска архитектоника, со разнородна но високо мотивирана стилска изведба, со бројни микропоетички градации на темите на современата личност загледана и упатена кон големите очекувања, пресвртите и жестокостите на животот, со уверлива експонажа на внатрешната устројба на песните“, пишува во својот осврт претседалот на жири комисијата, поет, критичар и есеист Бранко Цветкоски.

Поетскиот фестивал „Литературни искри“ го организира Центарот за култура АСНОМ од Гостивар во чест на 24 мајенот на сесловенските просветители.

Настанот е поддржан од Министерството за култура. Дел од поетите кои учествуваа на конкурсот по избор на жирито ќе бидат застапени во заеднички алманах, кој ќе се промовира на манифестацијата.



Saturday, May 7, 2016

Хуманитарна уметничка вечер во Кочани

На 13 мај, во петок  со почеток во 17.00 часот, во Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани, ќе се одржи  хуманитарен уметнички настан, насловен Хуманоста на дело.
Во настанот ќе бидат вклучени голем број поетеси и поети од Кочани и од Македонија. Ќе настапат: Никодин Чернодримски,  Јасмина Атанасова- Симјанова, Оливера Доневска,
Оливера Ширговска
,  Славица Митровска, Виолета Сековска, Виолета Петковска,
Стојан Арсиќ
,  Исток Улчар,  Верица Станислав-Петровска, Фросина Ѓуровска,
Јовица Ивано
вски, Иле Наумов,  Елизабета Станоеска,  Соња Змејкоска, Бојан Бежоски,  Христина Деолска,  Ружа Спасовска,  Ленче Китанова,  Светлана Лазаровска, Аника Илијевска - Ѓорѓиева  Жаклина Филипова – Свеќаровска, Славица Цветкова, Венчеслав Јордановски, Ивана Карова, Елена Максимова, Симона Томова  Лаура Стојанова, Тоше Илиев и Адријан Стефанов.
Во рамките на програмата ќе настапат и афористичарите Јане Атансов и Ленче Стоименова.
Во музичкиот дел од програмата ќе се вклучат пејачите Петар Малинов, Дарко Стојчов и Давид Петров и гитаристот Јован Илиев, како и  хорот од ОУ „Љупчо Сантов“. Ќе бидат изведени песни од репертоарот  на Тоше Проески.
Ќе бидат изложени и дела од ликовниот уметник Танас Дедов, а изложбата ќе биде отворена од 12.00 часот.
Водителки на настанот се Оливера Доневска  и Виолета Сековска.
Цената на една влезница за овој хуманитарен настан со богата литературна, ликовна и музичка програма е 50 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за помош на Методи Митев од Кочани, кому му  е потребно лекување во Кина.




Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...