Friday, May 20, 2016

Викендов во Гостивар ќе се одржи третото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

На отворањето на фестивалот, во сабота (21-ви мај) ќе се претстават поетите финалисти избрани од жири комисијата на чело со претседателот Бранко Цветкоски. Наградите ќе бидат доделени во недела (22-ри мај) на свечена манифестација.

Четиринаесетте финалисти беа избрани во конкуренција на 125 поети од земјава и повеќе балкански земји. Тоа се поетите: Исток Улчар, Наташа Василевска Трајчевска, Митре Мангоски Радождански, Невриј Адеми, Надица Тренчева, Слаѓана Ставрева, Константин Карев, Ивана Китаноска, Валентина Трајкоска, Маријана Давиткова, Митко Гогов сите од Македонија како и Вања Савова, Катја Вангелова, Пламен Димитров Парнарев од Бугарија.

„Годинашната поетска жетва, најригорозниот, би рекол златниот одбир на гостиварскиот и меѓународен фестивал „Литературни Искри“ се одликува со суптилна тематска архитектоника, со разнородна но високо мотивирана стилска изведба, со бројни микропоетички градации на темите на современата личност загледана и упатена кон големите очекувања, пресвртите и жестокостите на животот, со уверлива експонажа на внатрешната устројба на песните“, пишува во својот осврт претседалот на жири комисијата, поет, критичар и есеист Бранко Цветкоски.

Поетскиот фестивал „Литературни искри“ го организира Центарот за култура АСНОМ од Гостивар во чест на 24 мајенот на сесловенските просветители.

Настанот е поддржан од Министерството за култура. Дел од поетите кои учествуваа на конкурсот по избор на жирито ќе бидат застапени во заеднички алманах, кој ќе се промовира на манифестацијата.



No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...