Sunday, December 11, 2016

РЕЗУЛТАТИ -РАКАТКИ 2017



Известување за примените ученици на Конкурсот за најдобра творба  на „Ракатки“ – 2017 г.



Фестивалскиот одбор на „Ракатки“ Ве известува дека од вкупниот број  ученици, кои конкурирале на Конкурсот за најдобра литературна творба на „Ракатки“ 2017, Комисијата, составена од писатели за деца и млади, ги избра следниве автори:

I место

1. Никола Трендафилов – 8.одд. ООУ „Даме Груев“- Градско
- ментор: Лидија Каратулкова

2. Мила Маркоска – 7- б одд. ООУ „Рајко Жинзифов“ – н. Драчево, Скопје
-ментор: Љуба Мишевска

3.Ангела Кранго – 9.одд. ООУ „Кузман Јосифовски –Питу“ – Кисела Вода, Скопје
-ментор: Татјана Нанкова

4.Емине Мемети – 8-1 одд. ООУ „Фаик Коница“ – с. Доброште, Теарце
-ментор: Ленче Евчевска

5.Алек Зафировски – 6-а 0дд. ООУ „Партениј Зографски“ – Скопје
-ментор: Васка Н. Икономова

6.Благица Илиева – 6-2 одд. „Никола Карев“ – Радовиш
-ментор: Каменита Костадинова-Атанасова
7.Наде Ефремова – 8-1 одд. ООУ „Никола Карев“ – Кочани
-ментор: Љупка Стојменова

8.Андреј Јанковиќ – 7. одд. ООУ „Крсте П. Мисирков“ – Радовиш
-ментор: Томе Постолов

9.Филимена Најдовска – 8. одд. ОУ „Свети Кирил и Методиј“- Битола
-ментор: Александра Упале

10. Милица Василева – 8. одд. ООУ „Тоде Хаџи Тефов“- Кавадарци
-ментор: Лиле Жабоска




II место



1. Андреа Наковски – 8. одд. ОУ „Даме Груев“ – Битола
-ментор: Билјана Герас

2. Ана Маркоска – 9-1 одд. ООУ „Круме Кепески“ – Скопје
- ментор: Татјана Пеливанова

3. Искра Митевска - 5-6 одд. ООУ „Коле Неделковски“ –Скопје
-ментор: Тина Лазаровска

4.Вања Јанева – 9-3 одд. ОУ „Славејко Арсов“ – Штип
- ментор: Милкица Миленковиќ – Стојанова

5. Ангела Деленикова – 8-в одд. ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ – Скопје
- ментор: Катерина Радониќ – Стојановска

6. Филип Величковски – 9.одд. ОУ „Методи Митевски - Брицо“- Лозово
- ментор: Ленче Китанова

7. Ангела Трајкова – 7. одд. ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово
- ментор: Весна Поп-Алексова

8. Стефани Јованова – 8.одд. ООУ „Коста Рацин“ – Подареш, Радовиш
- ментор: Анета Јанковиќ

9. Тања Митковска – 8.одд. ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ – с. Иванковци, Велес
- ментор: Наташа Брезовска-Богоевска

10. Барбара Стојковиќ – 6.одд. ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје
- ментор: Соња Деловска

11. Анастасија Ристова – 7-2 одд. ОУ „Славејко Арсов“ – Штип
- ментор: Милкица Миленковиќ – Стојанова

12.Александра Шопоски – 7-б одд. ОУ „Димитар Миладинов“ – Скопје
- ментор: Митра Цилевска


III место


1. Илина Карапанчевска – 6-б одд. ОУ „Мите Богоевски“ – Ресен
- ментор: Дунавка Табаковска

2. Ане Велјаноска – 7. одд ООУ „Ѓорче Петров“ – с. Ропотово, Долнени
- ментор: Соња Кировакова

3. Назар Хамди – 8-1 одд. ООУ „Истикбал“ – Тетово
- ментор: Рада Столеска

4. Анастасија Богдановска – 9-2 одд. ООУ „Вук Караџиќ“ – Куманово
- ментор: Николче Јакимовски

5. Климентина Котеска – 9-4 одд. ОУ „Климент Охридски“ – Прилеп
- ментор: Јулијана Талеска

6. Бајрам Фејзула – 9-7 одд. ООУ „Шуто Оризари“ – Скопје
- ментор: Снежана Матевска

7. Ангела Ивановска – 8-1 одд. ООУ „Даме Груев“ – с. Ерџелија, Свети Николе
- ментор: Катерина Алексова Наумова

8. Македонка Митева – 6-5 одд. ООУ „Гоце Делчев“ – Василево
- ментор: Јулијана Малинова

9. Надја Илијевска – 3-1 одд. ООУ „Блаже Конески“ – Скопје
- ментор: Јадранка Клисарова

10. Мартина Пешова – 9. одд. ООУ „Стојан Бурчевски – Буридан“ – с. Сујаклари, Велес
- ментор: Каролина Попова

11. Мартин Величковски“- 9-2 одд. ОУ „ Браќа Миладиновци“ – с. Миладиновци
- ментор: Анкица Петрушевска

12. Мартина Мојсовска – 5. одд. ООУ „Фаик Коница“ – с. Доброште, Теарце
- ментор: Катица Димовска

13. Илијана Симоновска – 9- г одд. ОУ „Магдалена Антова“ – Куманово
- ментор: Валентина Петрушевска


ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

Избраните ученици, заедно со нивните наставници - ментори, треба да учествуваат на Фестивалот „Ракатки“ 2017, кој ќе се одржи на 22 и 23 април 2017 година (сабота и недела) во Радовиш – во Културниот дом во 18 часот.


ЗБОРНО МЕСТО

v Учесниците од Скопје, Тетово и Куманово – тргнуваат за Радовиш од Скопје, со автобус од пред Младинскиот хотел на Феријалниот сојуз – на 22 април (сабота) точно во 13 часот.
v Учесниците од другите места во РМ – тргнуваат за Радовиш од своите матични места и треба да бидат пристигнати во Културниот дом на Радовиш – најдоцна до 16 часот.

Трошоците за сместување и исхрана на учесниците на Фестивалот ги обезбедува Фестивалскиот одбор на „Ракатки“ со организаторот на Манифестацијата.

v  Ги молиме училиштата да ги обезбедат само средствата за превоз на ученикот и на менторот од местото на поаѓање до Радовиш и назад.


v  Се молат менторите на добитниците за обврзна повратна информација за нивното присуство - најдоцна до 15 февруари 2017 г.

Ø  За се` што Ве интересира во врска со одржувањето на фестивалот „Ракатки“ 2017 - јавете се на тел. 02/ 3080-699 или на моб. 070/541-144.





Извршен секретар на Домот            Претседател на Фестивалскиот одбор

м-р Томислав Димишковски                          проф. Славка Арсова                                                                         



                                                                              

Thursday, December 1, 2016

СЛИКАРОТ-ВОЛШЕБНИК

1.      


Го гледам небесното синило,
главата кон него ја подавам,
се восхитувам како кон нешто најмило,
уживам, ни одземам ни додавам.

Тмурните облаци се разбегани
по некоја капка се уште надолу срамежливо се тркала,
насмевката на облаците весели
сета тмурнина ја избркала.

Како круна најубава, најшарена,
виножитото се појавува,
на небесниот бескрај се оцртува
таа убавина од природата подарена.

Виножитото е мост најживописен,
планини, реки и долини сплотува
срце полни, душа скротува.

Воодушевен од убавата глетка
се прашувам дал' сликар замавнал со четка,
па направил виножито
неколку бои сплеткал.

Тогаш во главата ми клика:
Нацртано е од најдобриот сликар
природа што се вика.

Божилак колоритен, убав
ретко на небото расцветува
време му треба
да ги собира боите и
во полукругот да ги вплетува.

Жолтата боја од сонцето и од млечките ја краде,
брзиот извор светлосината боја му ја даде.
Од невенот и џунџулето
портокалова боја добива
и така оди, шета, лета  и бои собира.

Од силното море, темносина боја впива,
а црвената од булките во некоја ливада, нива.
Зелената од сите треви меки,
а виолетовата од јоргованите леки.

И штом собере сè
го чека дождот.
Штом заврне, сончевите зраци од капките се одбиваат

и така боите на виножитото се добиваат.

Филип Димкоски

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...