Thursday, December 1, 2016

СЛИКАРОТ-ВОЛШЕБНИК

1.      


Го гледам небесното синило,
главата кон него ја подавам,
се восхитувам како кон нешто најмило,
уживам, ни одземам ни додавам.

Тмурните облаци се разбегани
по некоја капка се уште надолу срамежливо се тркала,
насмевката на облаците весели
сета тмурнина ја избркала.

Како круна најубава, најшарена,
виножитото се појавува,
на небесниот бескрај се оцртува
таа убавина од природата подарена.

Виножитото е мост најживописен,
планини, реки и долини сплотува
срце полни, душа скротува.

Воодушевен од убавата глетка
се прашувам дал' сликар замавнал со четка,
па направил виножито
неколку бои сплеткал.

Тогаш во главата ми клика:
Нацртано е од најдобриот сликар
природа што се вика.

Божилак колоритен, убав
ретко на небото расцветува
време му треба
да ги собира боите и
во полукругот да ги вплетува.

Жолтата боја од сонцето и од млечките ја краде,
брзиот извор светлосината боја му ја даде.
Од невенот и џунџулето
портокалова боја добива
и така оди, шета, лета  и бои собира.

Од силното море, темносина боја впива,
а црвената од булките во некоја ливада, нива.
Зелената од сите треви меки,
а виолетовата од јоргованите леки.

И штом собере сè
го чека дождот.
Штом заврне, сончевите зраци од капките се одбиваат

и така боите на виножитото се добиваат.

Филип Димкоски

No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...