Wednesday, October 26, 2016

Поетот е патник

Поетот е патник. Тој мора да патува,

28.10-Промоција на „Дуга искона“-Белград, Србија

29.10-Промоција на „Сва смо ми божја деца“(меѓународен зборник)-61 Меѓународен саем на книгата-Белград, Србија


Промоции на бугарското издание на „Божилак на исконот“

15.11.-Промоција на „Дга од древността“-Казанлак, Бугарија

15.11-Средба со ученици во Казанлак, Бугарија

16.11-Промоција на „Дга од древността“-Стара Загора, Бугарија

18.10-Промоција на „Дга од древността“-Софија, Бугарија


Sunday, October 16, 2016

ДA СЕ ОБЈАСНИ СЛОБОДАТА- Фазил Хусни Дагларџа

Ти не си тигар, не си хиена
Ти си птица,
Рамна на движењето на небото
штом летнеш ќе заборавиш,
дека си еден, дека си илјада, дека си милион.

Ти не си поле, не си планина
ти си птица
во твоите крилја да се биде слободен
во твоите крилја уште да се живее
значи, да се гледаат пресушени реки.

Ти не си споменик, не си земја
ти си птица,
во твоите погледи влегла сина боја,
носејќи го човекот кон вистината и светлината
леташ, полетуваш.

Фазил Хусни Дагларџа

(Светиот пат-поезија од балканските народи, приредил: Раде Силјан)

Wednesday, October 12, 2016

АКО ВОЛИШ ПТИЦЕ-Снежана Алексиќ-Станојловиќ

АКО ВОЛИШ ПТИЦЕ

Ако волиш птице,
буди птица,
не плети крлетку својих хтења…
Пусти звезде
да нова сазвежђа за тебе
звездају…
Мук криком распори,
а затим лет свој
освештај песмом, до сада, неопеваном,
обележи га бескрајем и снагом грла свог…
Нека те прстеном
једино слобода прстенује…
Облаке не кидај у парчад,
у око своје, небо
над Повардарјем стави
и не чекај сумрак…
Пасторалама вазнесењским,
у просечност упаковане,
просечни се радују…
Њима остави
семење и мрве…
Нека се висине
застиде и од сада,
твојим сном мере…
Ако волиш птице,
буди птица!
Не чупај перје из својих крила,
изоштри свој кљун
и у миру, без савести и гађења,
поједи те црве
који ти се на путу нађу…

СРЦУЛКИ -Борче Панов

Од поетската книга „Поетски тишини“

СРЦУЛКИ

Најголемата лубеница од бостанот, дедо ќе ја донесеше, и на половина - во две тепсии ќе ја исечеше - едната за децата, другата за возрасните, и ќе ни речеше - кркајте од срцето на летото.

Среде бостанот, плашилото облечено во облеката на прадедо стоеше. Баба ќе ги собереше семките на крајот и со нив џебовите на прадедо Тодор ги полнеше, велејќи дека сите убави нешта доаѓаат од небото.

И денес се сеќавам на имињата што на семките им ги даваше: црнилки како ирис, ѕвездочелки, оти си ги лепевме над веѓите - за да гледаме и ноќе, ѕрнѕурки - да не бидеме сиромашни, злапки - за млечните заби да ни ги заменат здрави заби, зјајки - да бидеме ко цвет отворен за сонцето, ил жолто клунче од јавриите на ластовичките, ѕуници - за да бидеме црвени во образите како шумски јаготки , чакарески - за да не се родиме со шарени очи и срцулки - за да имаме срца со кои сите ќе не сакаат како семки начичкани околу срцето на лубеницата .

Внимавајте, најубавите лубеници, пред изгрејсонце - од млечното видело на зорнината, се откинуваат. Тогаш, од ноќта, со сите ѕвезди на небото, се раѓа денот во кој за секого ќе има место околу трпезата на сонцето. Еден ден и мене ќе ме подигнете над бостанот со сите семки со кои ќе се раѓате и живеете - ни велеше дедо, вадејќи ги засушените семки од џебовите на прадедо...
Борче Панов


Wednesday, October 5, 2016

Српската писателка Алексиќ-Станојловиќ, гостува во Прилеп

Стихозбирките „Ода за Орфеј“ и „Ораница“ од српската писателка Снежана Алексиќ-Станојловиќ ќе бидат промовирани в сабота на 10 октомври, со почеток од 19.00 часот, во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп.

„Ода за Орфеј“ е книга што доживеа дваесетина промоции во Србија, Македонија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, а минатата година ја доби високата награда „Стојан Христов“ што ја доделува Агенцијата за иселеништво во рамките на Струшките вечери на поезијата. Издавач е ИК Феникс од Скопје, а рецензенти на книгата се Перо Зубац, Васил Тоциновски, Станислава Бакиќ Јоканиќ и Вера Андон. „Ода за Орфеј“ е двојазично издание на македонски и српски јазик.

Деновиве од печат излезе поетската книга „Ораница“ во издание на Банатскиот културен центар и првпат ќе биде промовирана токму во Прилеп. Претствавува прво издание каде рамноправно се застапени македонскиот, унгарскиот и српскиот јазик. Рецензенти на  книгата се Перо Зубац, Васил Тоциновски и Станислава Бакиќ Јоканиќ и Мариа Хабрам.
Перо Зубац смета дека книгата заслужува читателско и критичарско внимание, заради тоа што е јасна во пораките, со мек лирски набој и молитвеност. Мариа Хабрам во освртот пишува дека „Ораница“ е легура на излиени чувства во која авторката ги поврзува љубовта и чувствата во еден безграничен пејзаж.

Васил Тоциновски за „Ораница“ пишува дека таа претставува човечки тестамент кој се пресоздал во поетски манифест.

Станислава Бакиќ-Јоканиќ, пак, во обраќањето кон поетесата, истакнува: Повикуваната моќ на приближување на далечината именувана е со Вардар и Дунав и тоа се две поднебја, Македонија и Војводина, поврзани во песната како во твојот живот. Книгата како што е специфична по форма, така е и специфична по изгледот и дизајнот на кориците што по замисла на авторката, ги реализираа уметниците Стојче и Еми Тоциновски.

На промоцијата авторката и книгите ќе ги претстави Филип Димкоски, поезија ќе рецитираат Стефанија Стефаноска, Филип Димкоски и авторката, а во музичкиот дел ќе настапат членовите на КУД „Пере Тошев“. Предвиден е и музички настап на младиот гитарист Марко Цветаноски.  Настанот е од отворен тип, а гостите ќе имаат необична можност во една вечер да слушнат поезија на македонски, српски и унгарски јазик.


Tuesday, October 4, 2016

Српската писателка Алексиќ-Станојловиќ, гостува во Прилеп

Стихозбирките „Ода за Орфеј“ и „Ораница“ од српската писателка Снежана Алексиќ-Станојловиќ ќе бидат промовирани в сабота на 10 октомври, со почеток од 19.00 часот, во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп.

„Ода за Орфеј“ е книга што доживеа дваесетина промоции во Србија, Македонија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, а минатата година ја доби високата награда „Стојан Христов“ што ја доделува Агенцијата за иселеништво во рамките на Струшките вечери на поезијата. Издавач е ИК Феникс од Скопје, а рецензенти на книгата се Перо Зубац, Васил Тоциновски, Станислава Бакиќ Јоканиќ и Вера Андон. „Ода за Орфеј“ е двојазично издание на македонски и српски јазик.

Деновиве од печат излезе поетската книга „Ораница“ во издание на Банатскиот културен центар и првпат ќе биде промовирана токму во Прилеп. Претствавува прво издание каде рамноправно се застапени македонскиот, унгарскиот и српскиот јазик. Рецензенти на  книгата се Перо Зубац, Васил Тоциновски и Станислава Бакиќ Јоканиќ и Мариа Хабрам.
Перо Зубац смета дека книгата заслужува читателско и критичарско внимание, заради тоа што е јасна во пораките, со мек лирски набој и молитвеност. Мариа Хабрам во освртот пишува дека „Ораница“ е легура на излиени чувства во која авторката ги поврзува љубовта и чувствата во еден безграничен пејзаж.

Васил Тоциновски за „Ораница“ пишува дека таа претставува човечки тестамент кој се пресоздал во поетски манифест.

Станислава Бакиќ-Јоканиќ, пак, во обраќањето кон поетесата, истакнува: Повикуваната моќ на приближување на далечината именувана е со Вардар и Дунав и тоа се две поднебја, Македонија и Војводина, поврзани во песната како во твојот живот.


На промоцијата авторката и книгите ќе ги претстави Филип Димкоски, поезија ќе рецитираат Стефанија Стефаноска, Филип Димкоски и авторката, а во музичкиот дел ќе настапат членовите на КУД „Пере Тошев“. Предвиден е и настап на младиот гитарист Марко Цветаноски.  Настанот е од отворен тип, а гостите ќе имаат необична можност во една вечер да слушнат поезија на македонски, српски и унгарски јазик.



Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...