Sunday, October 16, 2016

ДA СЕ ОБЈАСНИ СЛОБОДАТА- Фазил Хусни Дагларџа

Ти не си тигар, не си хиена
Ти си птица,
Рамна на движењето на небото
штом летнеш ќе заборавиш,
дека си еден, дека си илјада, дека си милион.

Ти не си поле, не си планина
ти си птица
во твоите крилја да се биде слободен
во твоите крилја уште да се живее
значи, да се гледаат пресушени реки.

Ти не си споменик, не си земја
ти си птица,
во твоите погледи влегла сина боја,
носејќи го човекот кон вистината и светлината
леташ, полетуваш.

Фазил Хусни Дагларџа

(Светиот пат-поезија од балканските народи, приредил: Раде Силјан)

No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...