Tuesday, December 29, 2015

Резиме


Ова се дел од активностите што годинава ме направија среќен, ме исполнија, ми отворија нови погледи, ми ги проширија старите, ми донесоа нови и ми продлабочија стари пријателства и соработки:

1.       Објавена поезија на српски јазик во списанието ,,Воштаницево Белград, Србија
2.       Објавена поезија во Меѓународниот зборник ,,Гарави сокакИнџија, Србија (22 земји, 407 избрани учесници од вкупно 979)
3.       Модератор на ликовната изложба ,,Делириум во нејзините очи од младите уметници Владимир Тамарт Здравески и Филип Цакоски-џез клуб Take five-Прилеп
4.       Гостување во емисијата ,,Тунелна МРТ заедно со писателот Стојан Арсиќ
5.       Интервју во емисијата ,,Во светот на тишинатаМРТ
6.       Интервју во емисијата ,,Глас од татковинатана Македонско радио
7.       Организатор,  промотор и модератор на настанот ,,Претставување на творештвото од авторот Стојан Арсиќво Градската библиотека ,,Борка Талески”-Прилеп, на која учество зеде и учесникот во Ѕвездите на гранд, Денис Димоски.
8.       Предавач и раководител на поетската тримесечна работилница во Центарот за образование, уметност и култура ,,Данаил Станојески” –Кисела Вода, Скопје
9.       Учество на поетско читање во населба Аеродорм, Скопје, орг. Виолета Сековска
10.   Рецитаторски настап на Деновите на хрватска култура-Скопје, 2015 (рецитирање на хрватски јазик, поезија од Август Шеноа)
11.   Рецитаторкси настап на собирот на хрватите во Македонија, во Варвара, Тетово (рецитирање на хрватски јазик, поезија од Август Шеноа)
12.   Книгата ,,Божилак на исконотна Меѓународниот саем на книгата во Скопје, како една од најбараните и најпродаваните на штандот на здружението Манускрипт
13.   Книгата ,,Божилак на исконотна Саемот на книгата во Битола, по повод месецот на културата во Битола
14.   ,,Божилак на исконот'' се прордаваше на хуманитарниот настан ,,Биди хуман-купи книгаво Прилеп
15.   Гостување во утринската програма ,,Македонија наутрона МРТ
16.   Промоција на ,,Божилак на исконотво Скопје, во организација на Словенечки центар-Скопје во присуство на словенечкиот конзул Грегор Клеменчиќ
17.   Промоција на ,,Божилак на исконотво Битола, во рамките на поетскиот перформанс ,,Поетично форте, фортисимона која својата книга ја промовираше и битолската авторка Силвана Петрова-Насух
18.   Промотор на книгата ,,Децата од моето училиштеод авторката Јадранка Клисарова во книжарницата Тримакс во Аеродром, Скопје.
19.   Поетска средба со Филип Димкоски во ОУ ,,Св. Климент Охридскиво с. Драчево, Скопје
20.   Водител по шести пат на Детскиот литературен фестивал ,,Ракатки
21.   Член на Одборот на Детскиот литературен фестивал ,,Ракатки
22.   Гостување во радио-емисијата за деца ,,Веселата дружинасо водителот Ивце Пивце (Ивица Маринковиќ) на Радио слободна Македонија
23.   Учество на поетското читање ,,Поезијо, те сакамево книжарница Феникс, организирано од директорот на издавачката куќа Феникс, и писател Христо Петрески по повод Светскиот ден на поезијата
24.   Филип Димкоски во улога на предавач, како соработник на Нова Македонија. Предавање на тема ,,Креирање квалитени анкетиво рамките на програмата Go green.
25.   Учество во кампањата ,,Читајте книги од македонски автори
26.   Автор на повеќе прилози и интервјуа за Нова Македонија, порталот Кукурику.мк и порталот Bulevar umetnosti од Србија.
27.   Гостување во Ноќната програма на Македонското радио 
28.   Прва награда за расказ на конкурсот ,,Си било еднаш едно дрво
29.   Учество на настанот ,,Поезија и виново рамките на манифестацијата Ганеви денови во чест на поетот Гане Тодоровски
30.   Благодарница за соработка со Словенечки центар-Скопје
31.   Награда за значајни остварувања во  литературата, уметноста и креативноста-Фондација Такец-Битола
32.   Учество на Изложбата на новогодишни честитки од ликовни уметници во кафулето Концепт 37
33.   Учество на Манифестацијата 100.000 поети за промена во Струмица
34.   Учество на Мнаифестацијата 100.000 поети за промена во Скопје со гости поети од Египет
35.   Промотор на книгата ,,Горка љубовод Симона Паскоска
36.   Објава на поезија и биографија во весник во Стара Загора, Бугарија
37.   Гостување во емисијата Урбан Таг на ТВ 21
38.   Благодарница за членство во жири комисијата за Меѓународниот конкурс ,,Во чест на учителотво Ечка, Србија
39.   Гостување во ТВ А1-Струмица
40.   Учество во Меѓународниот зборник ,,Во чест на Десанкаво Белград
41.   Учество во списанието Звездани колодвор, Србија
42.   Промоција на ,,Божилак на исконотво Струмица
43.   Учество на карванот на книгата на Манускрипт во Гостивар
44.   Учество на карванот на книгата на Манускрипт во Скопје
45.   Благодарница за учество на поетски конкурс во Канада.

Monday, December 28, 2015

Радио Скопје, Есенин, Бојаџи

На денешен ден...

- 1944 година почна да работи Радио Скопје
-1925 почина рускиот поет Сергеј Александрович Есенин
-2010 почина македонската маратонка во пливање Атина Бојаџи



Friday, December 25, 2015

Српската поетеса Снежана Алексиќ-Станојловиќ доаѓа во Битола

Вечерва,  (26 декември) во 19.00 часот  во кафулето Радост во Битола, ќе се одржи промоција на книгата ,,Ода за Орфејод српската поетеса Снежана Алексиќ Станојловиќ.

Станува збор за поетска книга, пишувана подолг временски период, а двојазично објавена на српски и македонски јазик од Издавачката куќа Феникс од Скопје.

Авторката многу често патува и настапува во градовите од регионов и пошироко, а носител е на повеќе значајни награди и признанија. Годинава на авторката за книгата ,,Ода за Орфејод Агенцијата за иселеништво и беше доделена наградата ,,Стојан Христовво рамките на Струшките вечери на поезијата.


Промоцијата на ,,Ода за  Орфејво Битола, е во организација на УЛК ,,Дениција, а промотори се проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска и проф. д-р Златко Жоглев.


За денов што одминува



 На денешен ден во 1903 година во Софија излезе од печат книгата „За македонцките работи“ од македонскиот револуционер, публицист и лингвист Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура"


На денешен ден во 1943 роден е македонскиот пејач и композитор Зафир Хаџиманов

Wednesday, December 23, 2015

Човек гледа добро само со срцето

На денешен ден во 1999 година во Франција, книгата Малиот принц од Антоан де Сент Егзипери  е прогласена за книга на 20 век.

,,Човек гледа добро само со срцето. Најсуштественото е невидливо за очите- цитат од ,,Малиот принц" од Антоан де Сент Егзипери

Tuesday, December 22, 2015

Резултати за Детскиот литературен фестивал ,,Ракатки"-2016

Фестивалскиот одбор на ,,Ракатки”  Ве известува дека од вкупниот број пријавени ученици од основните училишта во РМ, на Конкурсот  ,,Ракатки” 2016, објавен на 12.9.2015 година, Комисијата составена од писатели за деца ги избра следниве автори:
Прво место
1.       Марио Ѓиковски-7-в одд. ОУ ,,Јосип Броз-Тито”-Струга
Ментор: Елизабета Б. Кукунешоска
2.       Теодора Цветковска-6-г одд. ОУ ,,Владо Тасевски-Скопје
Ментор: Олгица Мешковска
3.       Кристина Живковска-8-1 одд. ОУ ,,Живко Брајковски
Ментор: Славица Невчевска
4.       Ремзија Калчиноска-8 одд. ОУ ,,Единство”-Октиси, Струга
Ментор: Роза Китрозоска
5.       Елена Рибарска-9-1 одд. ОУ ,,Славејко Арсов”-Штип
Ментор: Даниела Иванова
6.       Милена Ѓорѓиева -7-1 одд. ОУ ,,Методи Митевски-Брицо”-Лозово
Ментор: Ленче Китанова
7.       Марија Вукадиновска-9-а одд. ОУ ,,Браќа Миладиновци”-Скопје
Ментор: Сунчица Петрова
8.       Благица Илиева-5-3 одд. ОУ ,,Никола Карев”-Радовиш
Ментор: Ленче Накева
9.       Ангела Фенева 7-1 одд. ОУ ,,Ванчо Прќе”-Штип
Ментор: Загорка Донска
1      Ева Карамановска-6-б одд. ОУ ,,Рајко Жинзифов”-н. Драчево-Скопје
Ментор: Љуба Мишевска
Второ место
1.       Давид Димитров-7-2 одд. ОУ ,,Даме Груев”-с. Ерџелија, Св. Николе
Ментор: Катерина А. Наумова
2.       Теона Тодоровска-7-а одд. ОУ ,,Христијан Карпош”-Куманово
Ментор: Соња Наумовска
3.       Кристијан Шишковски-7-3 одд. ОУ ,,Блаже Конески”-Скопје
Ментор: Марија Костовска
4.       Матеа Стојкова-6 одд. ОУ ,,Гоце Делчев”-Виница
Ментор: Мара Јованова
5.       Василија Јовчевски-7 одд. ОУ ,,Кочо Рацин” –Охрид
Ментор: Фила Вероска Стојковска
6.       Нуран Аметова-7-1 одд. ОУ ,,Славејко Арсов”-Штип
Ментор: Даниела Иванова
7.       Марија Митева-5-1 одд. ОУ ,,Гоце Делчев”-Василево, Струмица
Ментор: Лила Иванова
8.       Андреј Јакимовски-7-1 одд. ОУ ,,Вук Караџиќ”-Куманово
Ментор: Николче Стојановски
9.       Благој Данаилов-7-2 одд. ОУ ,,Кузман Јосифовски-Питу”-Скопје
Ментор: Лидија Милковкса
10.   Тијана Серафимовска-6-3 одд. ОУ ,,Крсте Петков Мисирков-Радовиш
Ментор: Томе Постолов
Трето место
1.       Лора Минова-9 одд. ОУ ,,Никола Карев”-Кочани
Ментор: Сања Миновска
2.       Теодор Герасимовски-5 одд. ОУ ,,Фаик Коница”-с. Доброште, Тетово
Ментор: Катица Димовска
3.       Марија Бошковска-9 одд. ОУ ,,Петар Поп Арсов”-Извор, Богомила
Ментор: Магдалена Јаневска
4.       Дино Иванов-8-3 одд. ОУ ,,Славчо Стојменски”-Виница
Ментор: Миланка Стојанова
5.       Стојанче Постолов-9-одд. ОУ ,,Страшо Пинџур”-Чешиново-Облешево
Ментор: Тодорка Стоименова
6.       Викторија Аврамоска-7-2 одд. ОУ ,,Григор Прличев”-Охрид
Ментор: Лилјана Ставреска
7.       Михаела Маркоска-9-одд. ОУ ,,Ѓорче Петров” –с. Ропотово
Ментор: Соња Кироваков
8.       Јована Мицевска-9-1 одд ОУ ,,Св. Климент Охридски”-с. Драчево, Скопје
Ментор: Валентина Трајкоска
9.       Мартина Миладиновиќ-7-а  одд. ,,Аврам Писевскис. Бардовци, Скопје
Ментор: Марика Ракиќ
10.   Христина Тасеска-7-а одд. ОУ ,,Јонче Смугрески”-с. Обршани
Ментор: Марија Деспотоска
На избраните ученици им честитаме за успехот!
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
Наведените ученици, заедно со нивните наставници'ментори, треба да учествуваат на фестивалот ,,Ракатки”-2016, кој ќе се одржи на 15 и 16 април 2016 година (петок и сабота) во 18 часот во Домот ,,Даре Џамбаз”-ул. ,,11 Октомври бб-Скопје.

ЗБОРНО МЕСТО
-          За учесниците од внатрешноста на РМ: Феријалниот дом-Младински хотел-,,Благоја Шошолев”-Скопје, најдоцна до 16 часот (на 15 април)
-          За учесниците од Скопјево Домот ,,Даре Џамбаз” –најдоцна до 17 часот (15 април)
Трошоците за сместување и исхрана на учесниците од внатрепноста ги обезбедува Фестивалскиот одбор на ,,Ракатки

-          Ги молиме училиштата да ги обезбедат средствата за превоз на ученикот и на менторот, од местото на поаѓање до Скопје и назад.
-          Ги молиме директорите на училиштата на 15 април 2-16 (петок) да ги ослободат од часови менторот и ученикот, за да можат навреме да пристигнат во Скопје за настапот на Фестивалот.
-          Учениците-учесници-да испратат своја фотографија за Алманахот на ,,Ракатки” (каква било)-најдоцна до 10 јануари 2016 година.
-          Се молат менторите на учениците-учесници на Фестивалот за обврзна повратна информација за нивно присуство на Фестивалот, најдоцна до 1 февруари 2016 година.

За се што Ве интересира во врска со одржувањето на фестивалот ,,Ракатки” 2016, јавете се на тел: 02/ 3080-699
Благодариме за соработката и срдечно Ве поздравуваме.

Извршен секретар на Домот                                           Претседател на Фестивалскиот одбор

м-р Томислав Димишковски                                                                     проф. Славка Арсова

Thursday, December 17, 2015

Оро на љубовта

(За концертот на Љубојна одржан на 17.12.2015)

Се случи вечерва, сплотеност, магија...  Се случи бој за љубов низ музика. Се случи музика. Се случи Љубојна.
Концертот на Љубојна во салата Борис Трајковски, ја покажа и докажа вистинитоста на онаа позната фраза ,,Музиката нема граници".
Многумина знаат да ја кажат, а малкумина знаат да ја потврдат и да ја оправдаат како што тоа вечерва го направија маестралните членови на Љубојна и нивните гости Васил Хаџиманов, Исмаил Лумановски, Џамбо Агушев и великанот Влатко Стефановски.

Значи, немаше вечерва, забавно, народно, немаше музика од Егеј или од Кратово, немаше музика од Македонија или од Бразил. Имаше МУЗИКА со сета нејзина шареноликост, лиричност, певливост, енергичност, суштина, духовност...убавина.

Вокалот на групата, Вера Милошевска блесна пред многубројната публика, како вистинска светска музичка дива, која како и претходните концерти, повторно изненади со својот надворешен изглед, а гласот нејзин е...Гласот нејзин е волшебство. Таа кога пее е музика. Нејзината умешност е што ја натерала музиката да излезе од неа и да не облее со музика.

После сите музички прошетки што ни ги приредија вечерва, на крајот орото што се сплете, за нивниот хит ,,Твојте очи Лено мори" стави круна од сплотеност и љубов. Излезе тагата, севдата, меракот на сите посетители на концертот. Сите играа, пееја. Толку љубов.

Шербет на душа ми остана. Почит кон вас Љубојна!







Wednesday, December 16, 2015

Старо стебло-Анте Поповски


Рекоа, старо е стеблото
Се измачува
И го исекоа, го корнеа
Со копачи, со сила.
Дојдоа потоа да го раскопаат дворот
Го исчистија од плевел, од лишај
Посеаја трева и никна тревата.
Озелени.
Само на местото
Каде што го сосекоа и корнеа стеблото
Не никна трева.
Одново раскопуваа,
Одново фрлаа семе
Попусто –
Среде тревата остана една голема лузна.
Рекоа, земјата си ги памети сите свои рожби
И не заборава таа
На нивните страдања.
Лузната остана за да ја прераскажува судбината на стеблото
Прерано сосечено
Во него се уште да ти имало живот.
Чиниш целата судбина на стеблото
Се читаше на таа големалузна
Среде зеленилото.

Патува по светот и објавува книги



Од нотесот на поетот Саво Костадиновски
Саво Костадиновски е роден во 1950 година во с. Ботуше, Македонски Брод. Завршил oсновно училиште во родното село, а средно училиште во Гостивар. Во 1973 pаботел и се школувал во градот Келн, Германија. Tаму го помина поголемиот дел од својот животен и работен век. Во 1978 дипломира. За време на неговите студии, почнал да пишува поезија и на германски и македонски јазик.
Патувал низ Eвpопa, низ Северна Америка, Австралија и Aфрика.
Многу од песните и расказите за деца и за возрасни на Саво Костадиновски како засебни творби се преведени на повеќе странски јазици, додека неговата збирка стихови за возрасни („Поезија за поезијата“) досега е печатена двојазично на македонски и романски (2002 г.) и на македонски и германски (2012 г.). За возрасната читателска публика ја објавил и автобиографската романсирана хроника „Трите века“ (2005 г.).
Член е на Сојузот на писателите на Германија. Член e на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1989 година, на Здружението на новинарите на Македонија, на Сојузот на книжевните преведувачи на Македонија.
Добитник e на наградата: „Иселеничка грамота“ во рамките на Струшките вечери на поезијата (СВП).
Автор е на книгите: ,,Лето во родниот крај”, ,,Копнежи”, ,,Песни од Келн”, ,,Живот за Ботуше”,  ,,Записи од Америка”, ,,Европа во стиховии други.


КОГА ПИШУВАМ ЗА ПОРЕЧЕ
Кога пишувам песна за Порече,
најдобро ја чувствувам слободата,
па посакувам во сечие топло срце
 да допре шумот од ветерот и водата.

И додека занесен по листот шарам,
 ги замислувам нивите со жита,
и сонувам во тоа царство да царам,
и како дете по река да си скитам...
(од стихозбирката ,,Порече”)




(текстот е објавен во Нова Македонија-Колибри на 16.12.2015; автор: Ф.Д.)

Сакај ја убавината, заради неа самата

Цитати од ,,Мартин Иднна Џек Лондон

- Нејзиното неискуство не можеше да ù даде можност да разбере дека космичкото чувство што го предизвикува тој во неа,  беше токму онаа најкосмичка работа-љубовта., која со подеднаква сила ги привлекува мажите и жените ширум светот, ги прогонува елените меѓусебно да се отепуваат во време на множењето и ги тера дури и елементите неотстојно  да се соединуваат.




-Оправдано е сè, она што постои.

-Кој патува сам, најбргу патува.

- Светот е многу убав и добро уреден и добро е да се биде жив и да се сака.

-Љубовта е надвор и над разумот.

- Сакај ја убавината, заради неа самата.                    

- Радоста не доаѓа од надворешниот успех, туку од творењето.

- Победата во една борба им припаѓа на брзите, а во битката-на силните.

- Убавината е единствениот господар кому треба да му се служи. Служи  ù нејзе, а масата нека оди по ѓаволите.

- Љубовта живее на планинските врвови, над долините на разумот. Таа е возвишена состојба на постоењето, највисок врв на живеењето и ретко кому доаѓа.


-

Monday, December 14, 2015

Изложба на новогодишни честитки во Концепт 37

Вечерва, во 19.00 часот во кафетеријата Концепт 37 (ул. Франклин Рузвелт, бр. 37-Скопје) ќе биде отворена Изложба на новогодишни честитки.

Учество ќе земат  ликовните уметници Жани Гелевска Велјановска, Соња Димовска, Ангелм Димовски Чауш, Филип Димовски, Валентина Илијевска, Мице Јанкуловски, Цветанка Јованова, Сања Јовановска, Симонида Филипова Китановска, Марјана Костојчиноска  Узунчева, Росица Лазеска, Марина Лешкова, Дијана Томиќ, Мирјана Крстева Масети, Јана Манева Чупоска, Андријана Мациев, Наташа Милованчев, Елена Сајковска, Новица Трајковски, Томе Манески и Тања Таневска.

Настанот ќе биде збогатен со песната на Љупка Најдановска и со поезијата на Филип Димкоски.

Настанот е под покровителство на Општина Карпош, а добредојдени се сите љубители на уметноста.




Saturday, December 12, 2015

Боемијата

(Кон настанот ,,Поезија и вино" во чест на Гане Тодоровски)


И така, во четвртокот,  големата поетова душа, не собра на едно место. На едно место  каде дишат спомените, од дружбите, од стиховите, од ласкањата, од пцовките, каде дише битисувањето во една поинкава, пожива димензија.

Го чествувавме Гане Тодоровски, на настанот наречен ,,Поезија и вино" во рамките на манифестацијата ,,Ганеви денови"




Покрај сите мрачности на денешницава, душата на Гане, која е вечна, собра писатели, универзитетски професори, актери, новинари, ликовни уметници, пејачи како и неговото семејство. Тој беше мотив да се опуштат мислите и да се плови низ емоциите, да патува душата по други светови, срцето да копнее, да го грицка сладок немир и да се даваат знаци дека жив е животот.

Ред стихови од Гане Тодоровски, па ред стихови од неговите присутни колеги  од повеќе генрации изрецитирани во негова чест, па музика...

Ете тој е тој здив на боемија, што имав можност да го осетам, зашто денеска тоа е реткост, особено за мојата генерација.

Боемското живеење, тоа е една цела култура, цела наука, цела приказна... Таа учи да си сладострасник, да знаеш да се препуштиш на страста кон виното, кон жените, кон храната, кон луѓето, кон животот...зашто без страста-нема поезија.

Присуствуваа толку пријатни луѓе, ечеа толку жуборливи гласови, бликаа толку природни насмевки, толку убави упатени зборови во пријатни разговори...Ах, таква и толкава енергија на едно место....Тоа, драѓи луѓе, ви е бомба. Кога ќе ве тресне, таа бомбата...не можете да се составите себе си. Се јавува еден осет...дека телото е распарчено до најситни честички, а душата слободно си шета, насекаде.

Не запали оганот Гане, не разурна ураганот Гане.

Има многу за досикажување, ама има моменти и има зборови, и има чувства, кои не се даваат. Самите тие не даваат да излезат од тебе...И тие си ги чуваш внатре, во себе. Така и јас, овој пат. Само ќе речам: Слава му! Благорани сме му! Со своите зборосокривалишта, наречени песни, си изгради паметник, и си обезбеди бесмртност-тоа веројатно е најголемиот дострел и плод, од уметноста на стихотворењето.



















Friday, December 11, 2015

Поплава од љубов

(кон музичкиот настап на групата Калевала во кафе-книжарницата Магор)

Вечерва бев во  кафе-книжарницата Магор  во придружба на  две девојки. Ги слушавме Калевала.
Имаат тие една пејачка, што гласот исконски го корне од петици и вришти со љубов со сите тонови, со сите гласови на сите јазици. А така е скромна, нежна, малечка. А глас голем, широк, топол, мек, силен, гласен..Не знам дали може да се рече дека пејачката во групата Калевала, Јасна Николовкса Овчаровска, го поседува тој божествен глас, или пак тој глас просто, вибрира низ неа, а вас ве поплавува со љубов. Цело тело вибрира. Мозокот и срцето се преселени во некои други калаксии. Низ стомакот те облева жештина, а снагата ти намовнува. На гитара ,,растура" Владимир Овчаровски, контрабас свири Зоран Павловски, а перкусии-Горан Спасевски. Тоа се лужето што ја чинат оваа симфонија на совршенството.

Ме отепаа вечерва, ме опија, ме воздигнаа...Мене а и сите присутни, не направија по меки, по чувствителни, со убавина го исполнија секој атом од нашето тело. Ни го збогатија духот, Длабок поклон пред вас. Благодарам од срце.

П.С. Зборовите се некогаш малечки и суви, за да го опишат она што може да се доживее. Одете на следна свирка на Калевала и доживејте ги со сето срце (само така е можно).




Thursday, December 10, 2015

Јас и Гане

Ја имам честа, да бидам поканет, да присуствувам и да настапам,  вечерва во 20.00 часот во култниот ресторан Јоле  на боемско-поетската вечер ,,Поезија и вино" во чест на Гане Тодоровски.

Гости ќе бидат членови на Друштвото на писателите на Македонија кои ќе читаат своја поезија, а  актери, музичари и  новинари ќе евоцираат спомени за Гане Тодоровски.

Средбата ќе ја отвори претседателот на Собранието на ДПМ, писателот Раде Силјан.

Овој настан е во склоп на манифестацијата ,,Ганеви денови" која се одржува традиционално.


............................................................................................................................................

Поетот Гане Тодоровски, го запознав само преку песните. Можеби и така требало. Можеби доволно е. Во 20110 прв пат рецитирав негова песна. Ја рецитирав ,,Место цвеќе". И кога истата година се радував дека ќе го сретнам на Струшките вечери на поезијата каде учествував, веќе беше време, цвеќе да се однесе на неговиот гроб.

А јас место цвеќе од тогаш до ден денес, ја читам и ја интерпретирам неговата поезија.

Па велам:

Телото умира еднаш,
а душата живее,
душата не умира никогаш.

Посакувам ганевата душа,
љубовта и поетскиот занес,
повтор и повтор да се преродуваат, 
за секој век да има по еден Гане!






Wednesday, December 9, 2015

Видео: Нема неизлечиви болести, има само неизлечиви луѓе, кои не сакаат да се променат

Срдечно препорачувам да ја погледнете оваа емисија. Многу има што да слушнете, што да научите.



Tuesday, December 8, 2015

Научи да глаголиш

(пишувај го глаголот со голема буква)

не Постојат замени за глаголот. не Постои збор
толку силен како глаголот. глаголот Раѓа поезија
љубов и омраза. двете најважни работи во животот,
љубовта и омразата, Можат да се Изразат
само со глагол. кога не би Постоеле глаголите,
не би Постоеле ниту ,,те Сакам", ниту ,,те Мразам".
Сето друго е бижутерија.
можна Е поезија од глаголи. можна Е љубов од глаголи.
можна Е омраза од глаголи. и ништо повеќе.
сето друго Е бижутерија.
Научи да Глаголиш. еден ден ќе се Претвориш во
глагол кој Означува сè и за кој, конечно, не Постои
никаква замена, макар и неуспешна. така ќе Бидеш
сигурен дека Немаш двојник и дека Си сам.
а тоа Е највозвишеното чувство.

Венко Андоновски

Monday, December 7, 2015

А штом падна мрак...






На денешен ден во 1993 година, почина Блаже Конески-истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник,академик поет, прозаист, есеист, литературен критичар историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултетт во Скопје. Тој е  еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност. СЛАВА МУ НА ВЕЛИКАНОТ!






Филип Димкоски: Средба со Костадинка Палазова

Филип Димкоски: Средба со Костадинка Палазова: Нели бевме мило либе, трендафили два румени, в мајско утро, расцвтени, еден до друг посадени. Али никна, не би никнал. трнот ...

Средба со Костадинка Палазова


Нели бевме мило либе,
трендафили два румени,
в мајско утро, расцвтени,
еден до друг посадени.

Али никна, не би никнал.
трнот што не нас раздели,
еден од друг на две страни,
еден за друг-тешки рани.


Викендов имав една многу убава и неочекувана средба. На саемот на Манускрипт во Гостивар, ја запознав легендата на македонската народна музика Костадинка Палазова, чија музика ја слушам и ја почитувам. Зборувавме за музиката, за текстовите во песните, за денешната состојба во музиката..Рече дека, веќе поретко, но сепак настапува, а покрај тоа собира муди мисли. Досега собрала неколку илјади. Една збирка со мудри мисли, веќе е во печат.
Жал ми е што третманот во државава на нашите културни бисери е никаков. Забораваме на вредностите и на луѓето кои ги создаваат нив. Не најдуваме начини да им речеме БЛАГОДАРАМ на овие чувари на нашата традиција и култура. Ако ништо друго, треба да им се направи чест со по еден ТВ-портрет, со по едно интервју, со по еден барем мал концерт. Се надевам, ќе ни се менува свеста.

Сепак средбата со госпоѓа Костадинка Палазова, за мене причинуваше чест и незаборавен момент. Подарувајќи и ја ,,Божилак на исконот" скромно, но од срце и реков ,,благодарам".

Конкурс

Празници на процветаните вишни-Казанлак, 2016
Здружението ,,Вишнов цвет”-Казанлак
Општина Казанлак
во соработка со
Сојузот на бугарските писатели
и
Медиумско партнерство на
Телевизијата -Стара загора

организираат

МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС ЗА ПОЕЗИЈА

,,БЕЛОЦВЕТНИТЕ ВИШНИ-2016

Конкурсот е јавен и е на тема, ,,Белоцветните вишни”. Право на учество, со една непубликувана песна имаат сите автори од Бугарија и од странство, под услов да имаат навршено осумнаесет (18) години и песната да е  на бугарски јазик.

Заедно со песната, треба да се испратат и податоци за името и презимето на авторот, датумот на раѓање, адреса, телефон и електронска адреса. Песната и податоците треба да се испратат на електронската адреса: vishni_konkurs2016@abv.bg најдоцна до 1.3.2016.

Песните ќе бидат оценувани од тричлено независно жири, а резултатите ќе бидат објавени на 21 април 2016 година, за време на Празниците на расцветаните вишни, Казанлак, 2016.
На наградените поети, ќе им бидат врачени дипломи, парични, предметни и  многу други награди.

Пожелно е, наградените автори да присуствуваат на поетскиот празник, кој ќе се одржи на 21 април  2016 година од 17.30 часот во Литературно-ликовниот музеј ,,Чудомир”-Казанлак.
Повеќе информации можете да добиете на  електронскатa  адреса:


или на телефон 0884367601

Thursday, December 3, 2015

Белград го сакам, кога се буди


Неколку денови пред да тргнам на патување ја слушав песната ,,Серенада за Белград" од Боба Стефановиќ, која започнува со стиховите: ,,Белград го сакам кога се разденува".
И јас го засакав од тој момент зашто Белград во муграта ме пречека.
Околу 6.30 часот, ме пречека мојот пријател и колега, новинарот Драган Радојчин, а веќе во 7.30 бевме на литургија по повод празникот Огнена Марија (Св. велика маченичка Марина).
Типично христијански и православно започна мојот престој во Белград.



По камените коцкички на улицата Балканска стигнавме до Кнез Михајлова. Таму: луѓе, кафулиња, слики, сувенирим допадливи градби, улични свирачи...
Сето тоа го збогатува впечатокот од прошетката по Кнез Михајлова која не одведе до Калемегдан.



Со саканата школска другарка од основно училиште, Анастасија, се сретнавме и шетавме по Калемегдан, придружувани од нејзината братучедка Тијана и мојот пријател Драган.
Двајца прилепчани во Белград, во ист миг, на исто место, заедно. Убав момент. Бесценето чувство.



Со ,,бакине колаче" не послужи сопственичката на ,,Хостел М" каде што бев сместен, а денот го заокруживме со ќебапи во гостилницата ,,Наше море".

Следниот ден следеа Ботаничката градина ,,Јевремовац", прошетка, туфагии и пита од јаболка во ,,Шешир мој" на боемската Скадарлија.

Ушќе, Белградската тврдина, Теразије, спомениците на гаврило Принцип  и нобеловецот Иво Андриќ, Владата, Собранието, Музејот на железничката станица, проетката по Балканска, плоштадот Никола Пашиќ, хотел Москва...


Сите овие места носат поесебен и автентичен момент кој треба да се доживее, а секако деќа тоа ќе се втисне во срцето и во главата. Но факт е дека, секој што ќе отиде во Белград има потенцијална можност да ги види местата што ги видов јас и повеќе од тоа.

Ама, благодарение на пријателот Драган Радојчин имав ретка можност да запознаам една во секој поглед голема и значајна личност.




Се запознав и се дружев со Раководителот на службата за припремање и реализација на седниците на претседателството на СФРЈ, господинот (во вистинска смисла на зборот господин) Будимир Станковиќ.

Човекот има 89 години, а изгледа како да е 2о години помлад. Не прими во неговиот убаво уреден стан.

Меѓу другото, во пријатниот и весел разговор рече:
,,Сакале или не ние (народите од СФРЈ) сме едно семејство. Ние сме органски поврзани и едни без други не можеме".

Господинот Будимир е семеен човек со успешна ќерка и внуци, а во најубав спомен ја има својата почината сопруга Зора.

Планинар е, сака да се дружи, аскитвен член е на неколку здруженија, пишува поезија и проза, а доказ за тоа колку е млад и жив, помлад и пожив од многумина во години помлади од него е фактот што минатата година на 88 годишна возраст ја објави својата прва збирка поезија и проза, насловена ,,Будење за долговечност".

Книгата ја добив од него со посвета, што ми причинува голема радост и сега.


На крајот од вториот ден од  мојот престој во Белград требаше да тргнам за мојата следна дестинација-Нови Сад.
Покрај пријатните разговори, вкусните оброци и напитоци од пријателот Драган и неговата мајка, на подарок добив света вода, сливовица и ЦД со книга од мојот омилен Балашевиќ.

Ми остана само да се поздравам и со убавите впечатоци и подароците да се упатам кон Војводина.

Желбата за повторна средба со драгите луѓе, Ада Циганлија, Авала и Куќата на цвеќињата ќе бидат мотив за повторно да отидам во Белград.



Tuesday, December 1, 2015

Водена симфонија


Тоа се истите дождовни капки,
кои не радуваат, не возбудуваат,
не натажуваат, не успиваат,
не восхитуваат и не чудат
само дождовни капки се тие,
а колку емоции во нас будат.
Не можеш а да не се возбудиш,
кога крадешкум облак мал
на синото небо ќе се свлече
и наеднаш како од чешма, вода ќе потече,
И штом ќе се заиграш во водените капки,
облакот ќе замине, ќе го снема
и сонцето пак ќе стапи.
Возбудлив е дождот пролетен
со бисер-капки, денот накитен.
Не можеш а да не се радуваш
кога во летните горештини
после подолга запурничава мака,
силен дожд ќе се расшлака.
Ќе врне, ќе врне, долго и силно
потоа којзнае каде облаците ќе кинисаат,
а улиците се до следното утро,
на летен дожд ќе мирисаат.
Радосен е дождот летен
со капки што суша гасат
и мириси што душа красат.
Со денови некогаш
надвор е врнежливо и смрштено
и некоја тага во тебе се сели,
облачно ти е и во душата
и да се тагува треба, некогаш, нели?
Таговити се деновите
со облаци ниски и врнежливи цели,
тогаш цели и се препуштаме на тагата,
за и во радоста да бидеме цели.
Се случува некогаш со дожд да заврши денот,
со неговиот тропот да те успие,
а следниот ден дождот прв ,,добро утро" да ти рече
и со капките негови да те измие.
Сонлив е дождот некогаш,
некогаш-ранобуден,
некогаш-кроток и топол,
некогаш-див и студен.
Ме восхитува дождот
и сила ми дава,
кога силно, силно, силно врне,
како под линија права.
И тогаш сето небо е исто,
бескрајно широко, бескрајно чисто
и татнежи и громови и секавици се задаваат
и уште поголема сила ми даваат.
Ме чуди дождот...Чудесен е.
Но нема што да се чудам,
се во НЕЈЗЕ
е убаво, весело, моќно и лудо
и исто толку чудесно
па и дождот е волшебно чудо.
Филип Димкоски

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...