Thursday, December 17, 2015

Оро на љубовта

(За концертот на Љубојна одржан на 17.12.2015)

Се случи вечерва, сплотеност, магија...  Се случи бој за љубов низ музика. Се случи музика. Се случи Љубојна.
Концертот на Љубојна во салата Борис Трајковски, ја покажа и докажа вистинитоста на онаа позната фраза ,,Музиката нема граници".
Многумина знаат да ја кажат, а малкумина знаат да ја потврдат и да ја оправдаат како што тоа вечерва го направија маестралните членови на Љубојна и нивните гости Васил Хаџиманов, Исмаил Лумановски, Џамбо Агушев и великанот Влатко Стефановски.

Значи, немаше вечерва, забавно, народно, немаше музика од Егеј или од Кратово, немаше музика од Македонија или од Бразил. Имаше МУЗИКА со сета нејзина шареноликост, лиричност, певливост, енергичност, суштина, духовност...убавина.

Вокалот на групата, Вера Милошевска блесна пред многубројната публика, како вистинска светска музичка дива, која како и претходните концерти, повторно изненади со својот надворешен изглед, а гласот нејзин е...Гласот нејзин е волшебство. Таа кога пее е музика. Нејзината умешност е што ја натерала музиката да излезе од неа и да не облее со музика.

После сите музички прошетки што ни ги приредија вечерва, на крајот орото што се сплете, за нивниот хит ,,Твојте очи Лено мори" стави круна од сплотеност и љубов. Излезе тагата, севдата, меракот на сите посетители на концертот. Сите играа, пееја. Толку љубов.

Шербет на душа ми остана. Почит кон вас Љубојна!







No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...