Thursday, December 10, 2015

Јас и Гане

Ја имам честа, да бидам поканет, да присуствувам и да настапам,  вечерва во 20.00 часот во култниот ресторан Јоле  на боемско-поетската вечер ,,Поезија и вино" во чест на Гане Тодоровски.

Гости ќе бидат членови на Друштвото на писателите на Македонија кои ќе читаат своја поезија, а  актери, музичари и  новинари ќе евоцираат спомени за Гане Тодоровски.

Средбата ќе ја отвори претседателот на Собранието на ДПМ, писателот Раде Силјан.

Овој настан е во склоп на манифестацијата ,,Ганеви денови" која се одржува традиционално.


............................................................................................................................................

Поетот Гане Тодоровски, го запознав само преку песните. Можеби и така требало. Можеби доволно е. Во 20110 прв пат рецитирав негова песна. Ја рецитирав ,,Место цвеќе". И кога истата година се радував дека ќе го сретнам на Струшките вечери на поезијата каде учествував, веќе беше време, цвеќе да се однесе на неговиот гроб.

А јас место цвеќе од тогаш до ден денес, ја читам и ја интерпретирам неговата поезија.

Па велам:

Телото умира еднаш,
а душата живее,
душата не умира никогаш.

Посакувам ганевата душа,
љубовта и поетскиот занес,
повтор и повтор да се преродуваат, 
за секој век да има по еден Гане!






No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...