Tuesday, December 1, 2015

Водена симфонија


Тоа се истите дождовни капки,
кои не радуваат, не возбудуваат,
не натажуваат, не успиваат,
не восхитуваат и не чудат
само дождовни капки се тие,
а колку емоции во нас будат.
Не можеш а да не се возбудиш,
кога крадешкум облак мал
на синото небо ќе се свлече
и наеднаш како од чешма, вода ќе потече,
И штом ќе се заиграш во водените капки,
облакот ќе замине, ќе го снема
и сонцето пак ќе стапи.
Возбудлив е дождот пролетен
со бисер-капки, денот накитен.
Не можеш а да не се радуваш
кога во летните горештини
после подолга запурничава мака,
силен дожд ќе се расшлака.
Ќе врне, ќе врне, долго и силно
потоа којзнае каде облаците ќе кинисаат,
а улиците се до следното утро,
на летен дожд ќе мирисаат.
Радосен е дождот летен
со капки што суша гасат
и мириси што душа красат.
Со денови некогаш
надвор е врнежливо и смрштено
и некоја тага во тебе се сели,
облачно ти е и во душата
и да се тагува треба, некогаш, нели?
Таговити се деновите
со облаци ниски и врнежливи цели,
тогаш цели и се препуштаме на тагата,
за и во радоста да бидеме цели.
Се случува некогаш со дожд да заврши денот,
со неговиот тропот да те успие,
а следниот ден дождот прв ,,добро утро" да ти рече
и со капките негови да те измие.
Сонлив е дождот некогаш,
некогаш-ранобуден,
некогаш-кроток и топол,
некогаш-див и студен.
Ме восхитува дождот
и сила ми дава,
кога силно, силно, силно врне,
како под линија права.
И тогаш сето небо е исто,
бескрајно широко, бескрајно чисто
и татнежи и громови и секавици се задаваат
и уште поголема сила ми даваат.
Ме чуди дождот...Чудесен е.
Но нема што да се чудам,
се во НЕЈЗЕ
е убаво, весело, моќно и лудо
и исто толку чудесно
па и дождот е волшебно чудо.
Филип Димкоски

No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...