Tuesday, December 8, 2015

Научи да глаголиш

(пишувај го глаголот со голема буква)

не Постојат замени за глаголот. не Постои збор
толку силен како глаголот. глаголот Раѓа поезија
љубов и омраза. двете најважни работи во животот,
љубовта и омразата, Можат да се Изразат
само со глагол. кога не би Постоеле глаголите,
не би Постоеле ниту ,,те Сакам", ниту ,,те Мразам".
Сето друго е бижутерија.
можна Е поезија од глаголи. можна Е љубов од глаголи.
можна Е омраза од глаголи. и ништо повеќе.
сето друго Е бижутерија.
Научи да Глаголиш. еден ден ќе се Претвориш во
глагол кој Означува сè и за кој, конечно, не Постои
никаква замена, макар и неуспешна. така ќе Бидеш
сигурен дека Немаш двојник и дека Си сам.
а тоа Е највозвишеното чувство.

Венко Андоновски

No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...