Friday, December 11, 2015

Поплава од љубов

(кон музичкиот настап на групата Калевала во кафе-книжарницата Магор)

Вечерва бев во  кафе-книжарницата Магор  во придружба на  две девојки. Ги слушавме Калевала.
Имаат тие една пејачка, што гласот исконски го корне од петици и вришти со љубов со сите тонови, со сите гласови на сите јазици. А така е скромна, нежна, малечка. А глас голем, широк, топол, мек, силен, гласен..Не знам дали може да се рече дека пејачката во групата Калевала, Јасна Николовкса Овчаровска, го поседува тој божествен глас, или пак тој глас просто, вибрира низ неа, а вас ве поплавува со љубов. Цело тело вибрира. Мозокот и срцето се преселени во некои други калаксии. Низ стомакот те облева жештина, а снагата ти намовнува. На гитара ,,растура" Владимир Овчаровски, контрабас свири Зоран Павловски, а перкусии-Горан Спасевски. Тоа се лужето што ја чинат оваа симфонија на совршенството.

Ме отепаа вечерва, ме опија, ме воздигнаа...Мене а и сите присутни, не направија по меки, по чувствителни, со убавина го исполнија секој атом од нашето тело. Ни го збогатија духот, Длабок поклон пред вас. Благодарам од срце.

П.С. Зборовите се некогаш малечки и суви, за да го опишат она што може да се доживее. Одете на следна свирка на Калевала и доживејте ги со сето срце (само така е можно).




No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...