Tuesday, January 5, 2021

ВИРТУЕЛНА ХУМАНИТАРНА ИЗЛОЖБА НА ЖИВКО ПОПОВСКИ ЦВЕТИН

 Изложбата е виртуелна, а хуманоста е реална.


Почитувани читатели, во прилог ви прикажуваме дел од сликите од богатиот творечки опус на Живко Поповски Цветин, хуманист и сликар кој по повод Божиќ на сите новороденчиња ширум Македонија им подарува „Мирноносни цвеќиња“. Акцијата ќе биде реалзирана на осми јануари, вториот ден од Божиќ. 

Годинава тој  заедно со неговите соработници ќе подари над 150 свои мироносни цвеќиња на радоста, љубовта за сите новороденчиња во болниците низ Скопје, Битола, Гевгелија, Куманово, Велес, Штип, Струмица, Гостивар, Кичево, Кавадарци, Кочани, Охрид, Тетово, Струга, Прилеп  и др. Раѓањето на Исус Христос симболично е преку раѓањето на дечињата кои носат радост и љубов на луѓето, вели Цветин.

За Прилеп е особено важно што Цветин во својата хуманитарна мисија при секој негов настап и секоја негова изложба го шири поетскиот збор на големиот Блаже Конески, рецитирајќи ја неговата песна „Ружа“ која во 1986 година, Конески му ја подарил на Цветин. 

„Ружа“


Ружо со лисје како меки усни,

ти цутена на полјанка те следам,

те следам скришно девојченце мое, 

и само гледам и само те гледам. 


Ружо, јас сакам оној румен звук, 

што во тебе се таи да го слушнам,

ружо јас сакам и ќе дојдам вечер, 

ќе дојдам вечер, скришем да те гушнам.


Блаже Конески (од стихозбирката „Везилка“ објавена во 1955 година)

Погледнете ја оваа виртуелна изложба со делата на Живко Поповски Цветин, пред тие да бидат подарени на новороденчињата ширум републикава. Акцијата во Прилеп ќе биде помогната од поетот Филип Димкоски кој покрај сликите на Цветин, ќе подари и неколку свои книги за новороденчињата и вработените на гинеколошко-акушерското одделение во прилепската болница „Борка Талески“ во Прилеп. 













Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...