Monday, December 7, 2015

Средба со Костадинка Палазова


Нели бевме мило либе,
трендафили два румени,
в мајско утро, расцвтени,
еден до друг посадени.

Али никна, не би никнал.
трнот што не нас раздели,
еден од друг на две страни,
еден за друг-тешки рани.


Викендов имав една многу убава и неочекувана средба. На саемот на Манускрипт во Гостивар, ја запознав легендата на македонската народна музика Костадинка Палазова, чија музика ја слушам и ја почитувам. Зборувавме за музиката, за текстовите во песните, за денешната состојба во музиката..Рече дека, веќе поретко, но сепак настапува, а покрај тоа собира муди мисли. Досега собрала неколку илјади. Една збирка со мудри мисли, веќе е во печат.
Жал ми е што третманот во државава на нашите културни бисери е никаков. Забораваме на вредностите и на луѓето кои ги создаваат нив. Не најдуваме начини да им речеме БЛАГОДАРАМ на овие чувари на нашата традиција и култура. Ако ништо друго, треба да им се направи чест со по еден ТВ-портрет, со по едно интервју, со по еден барем мал концерт. Се надевам, ќе ни се менува свеста.

Сепак средбата со госпоѓа Костадинка Палазова, за мене причинуваше чест и незаборавен момент. Подарувајќи и ја ,,Божилак на исконот" скромно, но од срце и реков ,,благодарам".

No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...