Saturday, March 21, 2020

LICENTIA POETCA со Зденка Валент Белиќ: ШТО ЗНАЕМЕ НИЕ ВООПШТО?

Почитувани читатели на рубриката Licentia poetica на порталот КулАрт.Мк,

Заради технички проблеми на порталот КулАрт.Мк, а додека истите не се надминат,
рубриката Licentia poetica ќе продолжи еднаш неделно да претставува по еден поет од Балканот на обој блог.Во меѓувреме и сите претходно објавени поети во рубриката ќе бидат објавени на блогот.

Ви го честитаме денешниот Светски ден на поезијата со стиховите  на поетесата Зденка Валент Белиќ од Нови Сад, Србија. За препевот и се заблагодаруваме на поетесата Снежана Алексиќ Станојловиќ.
Уредник на рубриката:Филип Димкоски





Зденка Валент Белиќ (1975) е поетеса и уредничка на списанието за книжевност и култура Нов живот (Nový život). Дипломирала словачки јазик и книжевност. Работела во Градската библиотека во Нови Сад, а од 2013 година работи во Покраинската влада. Активно се занимава со уметнички превод од словачки и од чешки јазик. За својата преведувачка дејност добитничка е на наградите  „Павел Орсаг Хвездослав“(2012), која ја доделува Асоцијацијата на здруженјата на писатели на Словачка и  „Превод на годината“ (2016) која ја доделува Друштвото на книжевници на Војводина. За поезија два пати ја добила наградата „Rozlety“ (1994 и 1997) а добитничка е и на прва награда на фестивалот „Gerbocova literarna Snina“(2017).  Авторка е на книгата „Имигранти во Вавилонската кула“ (Завод за култура, 2017) која е објавена и на словачки јазик во 2018. Членка е на Друштвото на книжевници на Војводина (Нови Сад), Клубот на независни писатели (Братислава), Здружението на уметнички преведувачи на Србија (Белград) и Друштвото на новосадски писатели (Нови Сад).Пишува поезија, есеи, проза и книжевна критика. Објавува во Србија и во Словачка.



НОЌТА  НА  ПОМПЕЈСКИОТ  ОГАН

Дали заспаните да се будат
или да се бдее над молчењето?
Штурците ги оставиjа гудалата и со мрсните
букви ги испишуваат сметките.
Тескоба се вовлекува меѓу камeњаta
и карпаta како острица на амен
o камен загребала.
Завива страв со писокот вијугав,
со немиот жар чадат серпентини.
Страста испарува...
Неиздржлива е смрдеата на изгорените желби.
На џагорот вратот му е  заклан,
a во огледалото – само плосната темница
заробена од кој знае кога
како илјадагодишниот пепел во помпејската печка.

Дал да дувнеш во тескобата на дланка?
Во раскошната глава на глуварчето?
Во сонот
со синото небо?
Дал да дувнеш или здивот да го сокриеш? 
И да бдееш над молчењето?

Само жарче што ги сотрува наивните инсекти
се слуша уште како цврчи.
Нашиот бешумен сон
наскоро ќе биде празен.
Стравот ни ја распарува надежта на денот 
и верата во синилото
под капаците на заробеното помпејско момче,
Недопреното.



РАЗДЕЛБА

Ме даруваш со разбирливото молчење.
Се накривиле деновите под неговото траење.                                          
градбата е накривена,
сега веќе знам дека ќе падне.
Не, онака величенствено, во оган како Нотр дам,
Туку како истрошена  колиба,                                                                  
чиј кров немо клекнува под сопствените темели.

Секогаш кога нешто ќе ти падне на прсти, тогаш боли,
подскокнуваш на другата нога и во себе пцуеш.
Секогаш кога нешто ќе ти падне
се фаќаш за градите и го запираш урликот.

Човек умее да зборува само на својот јазик
иако не е сосема сигурно дека и  него го разбира
и дека сосема знае што кажал.
Ние двајцата (како звучи свечено ова!)
долго веќе молчиме на мајчините јазици
згледани во подот.
Некогаш сме се гледале во очите.

Вавилонците околу нас ја артикулираат својата беда,
Капнува дреновина по патот.
Устите се отвораат и ја цедат љубезноста
во која нема да се удави
нивната злоба.
Kaко во немиот филм
гестакулираат и се разминуваат.                                                                 

Го впивам нашиот нем разговор,
затоа што  единствено него го разбирам.
Кажаното ќе ме препознае каде и да тргнам.


 AПОКРИФИ

ЖЕНАТА НА ЛОТ

Што знаеме ние
за чиј поглед се свртела таа
бегајќи од пламените јазици на Содома?
Oд чиј притисок oжеднела
возбудена како кога од високата карпа
со сета силина ќе скокнеш
во млако море
a тоа благодарно ги раскрилува рацете и
ја пушта жедна да се нурне во него.
Пења им шишти околу ушите,
Брановите ги фрлаат, ги вртат
Итаат во височините, a потоа оддеднаш понираат во солена утроба  
на битието.
Ќе ја растураше сласта наоколу како
искината ниска од бисери
од хукот на свилената вода,
што од устата лековито извира.
Затегнувањето на залепената коса обвиткана
околу вратот,
влакна во устата и вкус на крв
од касањето на распуканите усни.
Знаеме ли ние нешто за тоа гротло
кое како железен оков
гуши?
Koлку е тежок? Дали успева да го носи
забранувано тело, а од него да не се откине?
Би ја впивала во себе пијавицата на торнадото
која ги кине стеблата,
и ги корне од коренот,  
ја простира земјата од бусени по почвата,
како тегла со лешници
случајно во занес со рака превртена.  
Стакло пукнало, a плодовите се растркалале по дрвениот под
дури под окното на прозорецот.
Каде е сега тој прозорец на Гомора
низ кој со окото се враќаше?
Таму таа ги простре лешниците и бисерите,
или ја искина гривната,
обетките немарно ги спуштила под креветот,
случајно поминала преку фрлената бела кошула
по ритуалното принесување на жртвата од сопственото тело
на најмоќниот Бог.
Што знаел за нејзиниот пекол  
оној кој и наменил рај, а градот го запалил,  
од кој  сега во трчање како виновна ја изнесуваат
додека од себе ја тресе страста како неизбришани капки вода
Носејќи го своето последно зрно на солта под јазикот.
Што знаеме ние воопшто?

                                                              

Препев од српски на македонски јазик: Снежана Алексиќ Станојловиќ

3 comments:

  1. Јас се викам Лилијан Н. Ова е многу радосен ден во мојот живот заради помошта што ми ја даде д-р Сагуру, помагајќи ми да го вратам поранешниот сопруг со неговата магија и loveубовна магија. Бев во брак 6 години и беше многу страшно затоа што мојот сопруг навистина ме изневеруваше и бараше развод, но кога наидов на е-пошта на Dr.saguru на Интернет за тоа како им помогнал на многу луѓе да ја вратат поранешната помогне да се поправи врската. и да ги натера луѓето да бидат среќни во нивната врска. Му ја објаснив својата ситуација, а потоа ја побарав неговата помош, но на мое изненадување, тој ми рече дека ќе ми помогне во мојот случај и сега славам затоа што мојот сопруг се смени тотално за добро. Тој секогаш сака да биде покрај мене и не може да стори ништо без мојата сегашност. Јас навистина уживам во мојот брак, каква голема прослава. Keepе продолжам да сведочам на Интернет, бидејќи Д-р Сагуру е навистина вистински магистер. ДАЛИ ТРЕБА ДА ПОМОГНЕТЕ ТОГАШ КОНТАКТИРАТ ДОКТОР САГУРУ СЕГА ПОМЕ EУ Е-пошта: drsagurusolutions@gmail.com Тој е единствениот одговор на вашиот проблем и ве прави да се чувствувате среќни во вашата врска. и неговиот исто така совршен во
    1 LOУБОВ магија
    2 ПОБЕДИ ЕКС НАзад
    3 ОВОШЈЕ НА ДРOMАВАТА
    4 ПРОМОЦИЈА НА МЕВИЦИ
    5 Заштита на правописот
    6 БИЗНИС-магија
    7 ДОБАР ЈАБОТНИК магија
    8 ЛАГЕРИЈА И МЕВИКА СЛУЧАЈ СУДЕЈ

    ReplyDelete
  2. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните односи бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и ќерка ми за друга жена 3 години. Се трудев да бидам силна само за моите деца, но не можев да ги контролирам болките што го мачат моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па направив веб-пребарување и наидов на страница каде што видов дека д-р Едиомо, изведувач на правопис, може да помогне да се вратат љубовниците. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг се врати дома по 2 дена. На овој начин се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. За решенија можете да го контактирате и д-р Едиомо, моќен волшебник
    1) Врати го дечкото
    2) Поврзете маж или жена
    3) Ако имате ноќни кобили
    4) Лек за ХИВ и хепатитис
    5) моќен магичен прстен
    6) магија за среќа
    7) Кршење со опсесија
    8) Неплодност кај мажи и жени.
    WhatsApp: +2349132180420 /
    +2348155926512
    Е-пошта: drediomo77@gmail.com

    ReplyDelete
  3. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои се мачат во нивните односи бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите 2 деца за друга жена на 3 години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па направив истражување на интернет и наидов на веб-локација каде видов дека д-р Елен, која работи на магија, може да ти помогне да ги вратиш љубовниците. Ја контактирав и таа ми кажа посебна молитва и магии. На мое изненадување, по 2 дена мојот сопруг се врати дома. Така се собравме и имаше толку многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да стапите во контакт со д-р Елен, моќен асистент за решенија
    1) придобијте го вашето поранешно момче
    2) Соберете ги мажот и жената
    3) престанете да ги повторувате кошмарите
    4) Хербален лек за ХИВ и рак
    5) Моќен магичен прстен
    6) среќен шарм
    7) Кршење на опсесии
    8) Проблеми со породувањето и бременоста Контактирајте го преку EMAIL: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да Whatsapp +2349074881619

    ReplyDelete

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...