Monday, March 9, 2020

МОРКОВИ ЗА ПОДАРОК

Дедо Стамен денес не е зафатен со своите правнички обврски, па одлучи своите внуци да ги прошета низ населбата Аеродром во Скопје. Да не е зафатен дедо Стамен тоа ретко се случува, а и неговите внуци доаѓаат ретко. Внуците Илија и Филип живеат во Прилеп, а внукот Синиша дури во Србија во градот Ниш.

Внуците иако се навикнати повеќе да се дружат со баба им Струмка, сепак ги сакаат и прошетките со дедо Стамен.
А дедо како дедо, штом ги шета низ зелените паркови на Аеродром, сепак сака и да им купи нешто на внуците, а тие како и сите деца многу се радуваат за подароците.

Неодамна во населбата се отвори еден нов огормен супермаркет. Тоа му падна на памет на дедо Стамен па одлучи внуците да ги однесе таму.

Синиша, Илија и Филип ја прифатија идејата сите заедно се упатија кон новоотворениот супермаркет.

Штом влегоа внатре децата се воодушеија од просторноста на маркетот, а дедо Стамен им рече:
- Aјде сега секој од вас да си избере по три нешта што сака да му ги купам.

Илија, внукот од постарата ќерка, секогаш сака многу нешта. За него беше тешко од се што посакуваше и од се што виде да избере само три нешта. Него се му е убаво и се му е интересно.
На одлучи и си зеде едно големоо чоколадо, пакетче со гумени бомбони и саат кој се отвора и во исто така содржи бомбони.

Синиша пак, највозрасен од сите внуци, само една година постар од Илија, секогае е озбилен и скромен во барањата.
Се одлучи само за еден подарок и тоа да биде тој чудесен часовник во кој има бомбони. Но дедо Стамен го убедуваше, па најдпосле и тој избра уште две нешта. Веројатно тоа беше чоколатце Животинско царство и сокче „Бомба“.

Филип е најмалиот внук, брат на Илија. Најмал е од сите и често мора да си игра сам оти брат му и братучед му си се посебна екипа која си има свои теми за муабет и свое друштво.
Тој додека Илија и Синиша се распрснаа низ супермаркетот да ги најдат трите нешта што ќе им ги купи дедо Стамен, си стоеше кај фрижидерот со овошје и со зеленчук.
Кога веќе требаше да си одат, дедо Стамен забележа дека Филип не носи ништо во рацете.
А ти Филип што си избра, каде ти се твоите производи?- зачудено праша дедо Стамен.
На тоа шестгодишниот Филип, одговори:
-Јас не сакам ништо друго.  Дедо те молам да ми измериш еден килограм моркови.

Дедо Стамен многу се зачуди, оти сите деца сакаат чоколада и сокови, а Филип од сите нешта во продавницата избра токму моркови. Сепак му ја исполни желбата.
 Трите внучиња и дедодото среќни си отидоа од супемаркетот и ја продолжија прошетката. Филип со душа чекаше да стигне дома за баба да му исчисти неколку моркови а тој со сласт да си ги изгрицка.

Килограм моркови беше подарокот што го избра Филип. Кој рече дека најмалите не знаат што е здрава храна.

                                                                                                          Филип Димкоски

No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...