Sunday, March 8, 2020

ЈАРЕТО ШТО ПРЕНЕСУВА ОСМОМАРТОВСКИ ПОДАРОЦИ


              Родителите на второоделенците веќе неколку дена пред празникот на жената, размислуваат што да и' купат за подарок на наставничката. По разговори и договори со своите ученичиња се договараат и купуваат. Секој купува според можностите и според замислата. Секое втораче на 8 Март ќе се појави на училиште со подарок за својата наставничка. Со тоа се покажува внимание и почит.
Ден по ден минуваше и набрзо дојде осмиот ден од баба Марта. Додека одат на училиште второодделенците си кажуваат кој што и' купил на наставничката, кој како го спакувал подарокот...Стигнуваат на училиште и влегуваат во училницата.

Меѓусебно нешто се договараат и си дошепнуваат. Влегува наставничката и сите во еден глас честитаат:
 - Срееееќен Oсми мааарт драаага наставничкеее!
-        -- Благодарам мили мои, со широка насмевка им одговара нставничката Розита.
И почнуваат дечињата, едно по едно да одат кон катедрата на наставничката и да и' ги подаваат осмомартовските подароци. И така со ред од број еден во дневникот па се до број дваесет и пет.
-          --  Дечиња, колку пати сум ви рекла да не трошите пари. Вие не заработувате, а со ова им правите трошок на родителите. Најголем подарок ми се вашите насмевки. Но, сепак штом сте ги донеле подароците, од срце ви се заблагодарувам.  Бидејќи вие ми честитавте, јас секого од вас ќе го почестам со чоколатце.

Станува наставничката и ги почестува своите ученици, а тие радосни, невешто ги отвораат пакувањата од чоколатцата и лакомо ги јадат.

Откако се заблажија, учениците посакаа секој подарок да биде отворен за сите да видат кој што купил:

-          -- Ајдее наставничке, да ги видиме подароците-насмeано и љубопитно молат второоделенците

Наставничката Розита, не се согласува со барањето на учениците.

-          - Дечиња, не е важно кој што донесол. Секој го избрал најубавиот подарок и ми го донел мене. Знам дека е така. Не е важно што се подарува, туку важно е како се подарува. Вашето внимание и вниманието на вашите родители мене бескрајно ми значaт.

Децата, негодуваат. Некој се лути, некој дури и ќе се расплаче затоа што наставничката вели дека нема да ги отвори подароците:

-         -  Неееее, неее...не може така. Сакаме да ги видиме, сакаме да ги видиме. Сакаме, сакаме, сакаме-извикуваат децата.

-- Добро, добро...ама овој час беше предвиден на почеток да си честитаме а потоа да учиме нешто ново. Вака ќе ни помине целиот час, ама ете...ќе попушатам. Ајде, ќе ги отвораме подароците....

- ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!- гласно извикуваа децата.

И така, наставничката отвора, секој подарок го коментира со  благодарност и со воодушевување, а децата кажуваат кој подарок чиј е. И така од првиот до дваесет и петтиот подарок.
Филип, кој седи на првата клупа, гледа зачудено во купот подароци на масата на наставничката и ја прашува?
-       Лелееее колку подароцииии наставичке! Јас сум загрижен за тебе.
-          Зошто бе Филипче-прашува наставничката.
-          Наставничке ти не  можеш да стигнеш  до дома со олку подароци, не можеш да ги однесеш.
-          Наставничката се смее ама сепак се воздржува оти Филип е серизно загрижен.
-          Филипче, не се грижи. Ќе дојде некој од моите домашни и ќе ми помогне.
Филип, слуша, слуша внимателно и наеднаш воскликнува:
-          Не наставничке. Јас ќе ти помогнам. Знам како.
-          Како Филипче? -пак насмеано и љубопитно прашува наставничката Розита.
-          Ние дома имаме јаре. Го донесоа, а планирано е да се јаде за Велигден. Ама јас сега одма ќе отидам до дома и ќе го донесам. Ќе го натовариме јарето со подароците и така ќе ги однесеме дома сите ваши подароци.
Филип најсериозно ја предложи неговата голема идеја.  Неговото решение за проблемот е тука. А наставничката...едвај се воздржува да се изнасмее на цел глас. Но не смее. Да не се навреди Филип и да не помисли дека неговата идеја не е сериозно сфатена.
Наставничката внимателно му објаснува на Филип дека ќе се најде друго решение...Тој на крајот прифаќа. Ѕвончето го означува крајот на часот. Така заврши тој Осми март!


                  Филип Димкоски

No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...