Friday, September 30, 2016

П О К А Н А за аплицирање за учество на 49-те Детски Рацинови средби

Организацискиот одбор на 49-те Детски Рацинови средби, Ви упатуваат П О К А Н А за аплицирање за учество на 49-те Детски Рацинови средби Почитувани, по четириесет и девети пат, Велес ги повикува сите млади рацинови следбеници да ни се придружат во чествувањето на поезијата. Ќе ни биде огромно задоволство ако ја прифатите нашата покана да учествувате на конкурсот, кој Организацискиот одбор го распишува оваа година. 49-те Детски Рацинови средби ќе се одржат на 17-ти и 18-ти ноември 2016 година во Велес. Централната манифестација ќе се одржи на 17-ти ноември. Ноќевање и сместување за гостите не е предвидено. Патните трошоци се на трошок на училиштето кое учествува со свои ученици. Организацискиот одбор на Детските Рацинови средби распишува: ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС Поетските творби на литературниот конкурс треба да се на тема: „МОЈАТА ТАТКОВИНА“ Право на учество имаат ученици од oсновните училишта и тоа од 6-то до 9-то одделение и ученици од средно училиште и тоа од I и II година. Творбите ќе бидат класифицирани во три категории и тоа категорија од 6-то и 7-мо одделение, категорија 8-мо и 9-то одделение, и категорија I-ва и II-ра година во средно училиште. ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ЛИКОВЕН КОНКУРС Учесниците на овој конкурс се поканети да испратат цртежи со мотиви од староградска архитектура на Велес или од творештвото на Рацин. По избор на одговорниот наставник, треба да се испратат готови цртежи кои ќе бидат оценувани од жири-комисија. Сите заинтересирани училишта задолжително во прилог треба да испратат своерачно напишана пријава за учество, во која ќе ги наведат: Името на училиштето, имињата на учениците и менторите кои испраќаат литературни творби, имињата на учениците и менторите, како и творбите за ликовниот конкурс. Задолжително треба да стои телефон за контакт со менторот. Секое училиште има право да испрати најмногу 2 ученика за литературниот и 2 ученика за ликовниот конкурс, како и најмногу 2 одговорни наставника. Пријавите за учество да се испратат на адреса: ул. „Алексо Демниевски“ бр.11, 1400 Велес, со назнака „ЗА ДЕТСКИ РАЦИНОВИ СРЕДБИ“, најдоцна до вторник 31.10.2016 година, по поштенски пат. За сите информации, можете да се обратите на e-mail адресата: solevkosta@yahoo.com Пријавата за учество не значи и дефинитивно учество на Детските Рацинови средби. Организаторот ќе Ве извести дали Вашето училиште е избрано за учество на 48-те Детски Рацинови средби, најдоцна на 06.11.2016 година. 30.09.2016 г. Претседател на Организациски одбор Велес Лила Арсова

No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...