Saturday, September 24, 2016

Саботна приказна за животот



Никогаш родендените не сум ги дочекувала во грижа и страв за годините кои ги полнам. Научив да се смеам, да  плачам, да уживам во животот и затоа ви препорачувам-повеќе сонце, помалку дожд-ни рече најстарата глумица во Србија и ги дувна свеќичките со број деведесет и осум.

Секогаш насмеана, Бранка Веселиновиќ не прими во својот дом на Врачар, воодушевена што ја изненадивме со торта. Ни рече дека и таа мора да ни се оддолжи.

Вие мене торта, а јас Вам по еден примерок од книгата за деца, која ја напишав. Баш ме израдувавте. јас не мислам на годините. Дури помислив дека треба да дувнам свеќички со бројот 95-шеговито вели Бранка и тврди дека никогаш не се плашела од смртта и дека годините за нејзе се само обични бројки.

Се чувствувам одлично во моите години. И денеска ги посетувам местата каде глумам и ги забавувам сите, од деца до највозрасни. Се смеам, цртам, вежбам гимнастика. Го поминувам времето исполнето за да не очајувам што веќе не сум млада-истакнува таа.

Виталната глумица која има реализирано голем број филмски, театарски и телевизиски улоги и во овие години вели дека и понатаму глуми и ги посетува културните настани.

Срцето ми чука со љубов кон децата. Ние дома сме воспитани да уживаме со децата. Мојата баба исто така дочека длабока старост. На 90 години имаше приредби за важни датуми. Од неа учев, така да се однесувам. И секогаш се водам од онаа реченица на мојата покојна пријателка Десанка Максимовиќ „Бог нека ви ги даде моите години, јас во вашите нема да можам да ги имам“-вели Бранка.


Бранка ни го откри и рецептот, како среќно да се дочека длабока старост.
Мозокот не треба да го оставите во мирување. Треба да го користите. Му благодарам на Бога, се уште можам да сонувам за среќа. Не се плашам од смртта. И таа  мора да дојде, еден ден, а до тогаш-пишувам, цртам, гледам телевизија.
 Извор: http://www.blic.rs/

2 comments:

  1. "Мозъкът не трябва да го оставите в покой. Трябва да използвате. Благодаря на Бога, все още мога да мечтая за щастие. Не се страхувам от смъртта. И тя трябва да дойде един ден, а до тогава-пиша, рисувам, гледам телевизия."

    Какво повече да добавя, това са моите мисли,слова... Дай, Боже, и дела!

    ReplyDelete
    Replies
    1. "Мозъкът не трябва да го оставяте в покой. Трябва да го използвате. Благодаря на Бога, все още мога да мечтая за щастие. Не се страхувам от смъртта. И тя трябва да дойде един ден, а до тогава - пиша, рисувам, гледам телевизия."

      Какво повече да добавя, това са моите мисли,слова... Дай, Боже, и дела!

      ReplyDelete

      Delete

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...