Friday, May 3, 2019

ЈАВЕН ПОВИК за млади и неафирмирани пејачи за пријава за учество на фестивалот „Студентско лето 2019“ Маглај

         Ги повикуваме заинтересираните, млади и неафирмирани пејачи во конкуренцијза за народна и забавна музика, на возраст од 17 до 30 години, да се пријават за учество на Фестивалот „Стидентско лето 2019“ кој ќе се одржи на 16.8.2019 година – Вечер на народна музика и 17.8.2019-Вечер на забавна музика во Маглај, Босна и Херцеговина.

Со пријавата, која треба да содржи кратка биографија, податоци за контакт, обврзно треба да се достави и демо-снимка од композицијата која ќе ја изведува учесникот, со оригиналниот тоналитет. Композициите можат да бидат авторски или веќе изведувани, затао што на овој фестивал исклучиво се оценува интерпретацијата, а предност имаат интепретаторите на севдалинки или композиции во духот на севдалинката во категорија за за народна музика.
На фестивалот, сите композиции се избедуваат во живо, без плејбек и матрици и сите изведувачи ги прати фестивалски оркестар, така што изведувачите не може да имаат своја музичка придружба.
.
Стручната комизија на Организацискиот одбор на  Фестивалот ќе одбере потребен број изведувачи.
Организаторот на Фестивалот го задржува правото за јавни изведби. Снимање и репродукција на сите изведени песни.

Трошоците за учество на фестивалските веечери, кои опфаќаат превоз, сместување и храна ги сноси организаторот.

Изведувачите ги оценува Стручно жири, Жири од новинари и публиката, по што ќе бидат прогласени наградените најдобри изведувачи, односно по три интепретатори во двете категории според оцените од жири комисиите и од гласовите на публиката.

Рокот за пријавување за учество на Фестивалот е 10 јуну 2019 година.
Пријавите може да се праќаат на e-mail: studentsko.ljeto@maglaj.ba или на адресата:
Oпштина Маглај-Организациски одбор на манифестацијата „Студенстко лето“, ул. „Витешка“ бр. 4, 74 250 Маглај, БиХ, и на e-mail: dihamag@gmail.com или на адресата Хана Чизмиќ (тел: 062/889-400), Алеја Лилјана  27/12, 74 250 Маглај, БиХ како и на meil: bennaminhasanic@gmail.com  телефон 062/386-676 или да испратат порака на Фејсбук профилот Бенјамин Хасаниќ (Benjamin Hasanić).

Студентско лето“ е фестивал кој за првпат е одржан во 1964 година, според идејата на тогашните млади маглајски стиденти и останатата младина кои одлучиле маглајските лета да ги претворат во фестивали на сонцето, спортот, љубовта и музиката. Средбите на тогашните пејачи'аматери од Тешањ, Добој и Маглај го препородиле градот  и благодарение на младешкиот ентузијазам студентите од цела тогашна Југославија со години доаѓале во Моглај и тука ги почнувале своите први музички чекори.

Многу учесници на „Стyдентско лето“ денеска се големи музички имиња и творци со забележителна кариера како што се: Северина, Лепа Брена, Жељко Самарџиќ, Џулијано, Асим Бркан, Омер Ливњак, Хасиба Агиќ, Горан Герин, Шериф Коњевиќ, Добривое Топаловиќ, Даниел, Слаѓана Милошевиќ и други.





Организациски одбор на манифестацијата

No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...