Wednesday, February 22, 2017

Поетот Димкоски објавен во три литературни списанија во Бугарија

По објавата на препевот на бугарски јазик  на втората поетска книга на Димкоски,  насловена „Божилак на исконот“ книжевната јавност во Бугарија пројави интерес за неговата поезија.
           Негова поезија по барање на уредникот Јордан Атанасов е објавена во едно од најстарите бугарски списанија за литература и култура Литературен глас. Објавени се три песни од Димкоски во препев на Палмира Никленова.

         Осврт кон изданието на бугарски на „Божилак на исконот“ од Филип Димкоски објавен е во  деведесеттиот број на електронското списание за бугарска и балканска литература „Литературен свет“.  Освртот под наслов „Класичното и модерното во „Божилак на исконот“ од Филип Димкоски“ го напиша познатата бугарска писателка Ина Креин во коj пишува:

Стиховите во оваа прекрасна поетска книга се многуслојни и полифонични. Тие се разбирливи дури и за дете во почетните одделенија-малечките без проблем стигнуваат до првиот и вториот слој на авторовите размисли. Но, творбите се бескрајно интересни и за образованиот читател, кој може да проникне длабоко во филозофските видувања во текстовите, да открие врски со класиците на балканската поезија, но и со најмодерните тенденции во современите стихови за природата-напишано е во освртот.

       На покана на уредникот Иван Богданов,  Димкоски со своја поезија на македонски јазик и со куса биографија е застапен во првиот број на списанието за литература и култура „Мечта за книга“.

     Првиот број на „Мечта за книга“ беше претставен на 15 февруари во Софија, каде покрај другото Ина Креин ја претстави и  поезијата на Филип Димкоски.

No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...