Wednesday, October 18, 2017

Ново меѓународно учество во Хрватска на поетот Филип Димкоски

Македонскиот поет Филип Димкоски ќе учествува на Меѓународниот поетски фестивал „Dubrovnik na dlanu („Дубровник на дланка“) што ќе се одржи  на 27 и 28 октомври во Дубровник, Хрватска.

Ќе се претстави со поезија на македонски и на хрватски јазик, а неговата песна „Може ли?“  застапена е во меѓународниот зборник „Dubrovnik na dlanu“ („Дубровник  на дланка“).
Во зборникот, застапени се автори од Хрватска, Канада, Австралија, Франција, Италија, Швајцарија, Германија, Австрија, Бугарија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора и Косово.

Годинава, Димкоски имаше неколку учества,  претставувања и промоции во Хрватска, а застапен е и во книгата „Poezijom mijenjam svijet“ („Со поезија  го менувам светот“) во издание на Здружението за афирмација на културата „Култура снова“ од Загреб   во која се застапени десет млади автори од регионов.

Наскоро се очекува објава на две  нови поетски  книги од Димкоски.


No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...