Thursday, June 16, 2016

„Божилак на исконот“ од Филип Димкоски, објавена на српски јазик

          Неодамна од печат излезе српското издание на втората поетска книга од македонскиот поет Филип Димкоски, насловена „Божилак на исконот“.

         Препевот го направи д-р Александар Димкоски, а рецензент на книгата е проф. м-р Снежана Алексиќ Станојловиќ. Книгата ја лекториташе Нена Рико.

          Авторот на корицата е Кристијан Јованоски Кетерник, а дизајнот и техничката обработка ја направи Илија Димкоски.

          Книгата содржи предговор од авторот, дваесет песни, куса биографија, впечатоци од оние што ја прочитале или слушнале поезијата на Филип Димкоски, како и рецензијата на Снежана Алексиќ-Станојловиќ во која меѓу другото, стои:

Читајќи ја книгата „Божилак на исконот“ од Филип Димкоски, неизбежно се прашував дали е тоа авторова ода за природата или . Тие двајцата: Природата и авторот, како во некој недефиниран дослух, нем, а совршено јасно единство, дишат во воедначен ритам и со усогласени емоции. Авторот проговара во име на човекот, но и во име на природата. Неговите песни се своевиден  повик  од еден освестен поединец, со надеж дека нема да остане само поединец-пишува рецензентката Станојловиќ.

         Во текот на месец јуни  книгата ќе биде промовирана во културните центри во Нови Сад, Ниш и Шабац. Промоцијата во Нови Сад е во рамките на десеттата меѓународна уметничка колонија „Панонски бисери“ во која Димкоски исто така ќе земе учество и во другиот дел од програмата. На колонијата ќе  биде промовиран и зборникот „Има некоја тајна врска“ во спомен на големиот српски поет Душко Трифуновиќ, во кој покрај Филип  Димкоски, од Македонија со своја поезија застапени се Васил Тоциновски, Христо Петрески, Тоде Илиевски, Стела Маја Босилковска,  Горан Анчевски, Вера Андон, Вера Симовска, Никола Бељански, Виолета Сековска и Ристана Рина Николова.

Инаку, книгата „Божилак на исконот“ наесен се очекува да биде промовирана во Белград.


No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...