Wednesday, June 8, 2016

Втора самостојна изложба на Филип Цакоски


Изложба на слики и скулптури од младиот ликовен уметник  Филип Цакоски, ќе биде отворена в петок во 19.00 часот во џез-клубот Take five во Прилеп.

Изложбата е насловена „Што ако?“ (What if?). Насловот го опишува немирниот дух, неспокојството и желбата  за експериментирање и самодокажување. Преку вкупно тринаесетте  дела,  прикажана е емотивната варијабилност, љубовта и чувствата што таа ги предизвикува.

Сликите се работени во техниките акрил на платно, акварел и комбинирана техника (акварел и акрил),  а скулптурите се изработени од глина.

За изложбата и за авторот на отворањето ќе зборува Лепа Милошвска-историчарка на уметност и сликарка, а водител на настанот е Филип Димкоски.

Заинтересираните  што нема да присуствуваат на отворањето, изложбата ќе можат да разгледаат до 17 јуни.

No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...