Tuesday, January 17, 2017

Прво писание

Убави луѓе,

кога го отворив овој блог, мислев оти секојдневно ќе го ажурирам со нови содржини.
Но, не било лесно да се пишува на блог. Не сум секојдневно поттикнат да пишувам. Тоа е една причина. Втора работа е што и кога сум поттикнат, секогаш немам време за да ја напишам мислата, да го преточам во збор осетот и т.н. Трето,  пишувањето за весниците и списанијата со кои соработувам си бараат посебно време, посебна концентрација и посебен начин на работа.

Минатава 2016 патував  на повеќе места на различни поетски случувања па не секогаш имав време и пристапност до интернет. И пред се, барем засега мојот примарен начин на изразување е поезијата. Па околу 30 песни се веќе напишани во подолг временски период.

Заради немање време размислував да го избришам овој блог, но потоа одлучив да остане активен и да се развива природно. Ќе пишувам тогаш кога ќе бидам силно поттикнат и тогаш кога ќе имам време.

Во месециве што се пред нас, планирам да објавувам песни од домашни и странски автори што мене ми се допаѓаат, да објавам некои од моите нови песни, да објавувам текстови за културни настани што сум ги проследил или пак да објавам најави за исти такви настани. Ќе бидат објавени и конкурси од регионот.

Од мене тоа никој не го бара. Никој не бара да пишувам за културните настани, а јас имам да напишам, имам да кажам. Многу болно го доживувам реткото и делимичното следење на културните настани од страна на медиумите. Со пишувањето за културните настани, барем јас верувам дека барем малку (можеби тоа е премалку) придонесувам да се дознае нешто повеќе за некој културен настан.

Во овој интернет простор, како и до сега ќе нема место за неубави вести. 

И онака има многу неубави нешта и многу преносители на истите. Злото се шири како зараза а ние свесно или не, стануваме негови преносители. Затоа, барем овде ќе се сретнувате само со ведри содржини.

За ова мое пишување сум поттикнат. Поттикнат сум од еден музички настан што се случи во фоајето на МОБ на 15 јануари 2017.

Дарко Нешовски, Дејан Стоев, Кристијан Антовски (Трио Џентлмени“, Магдалена Тодоровска, Тодор Арсовски, Лука Петешев, Вариса Хајдарпашиќ, Деспина Спировска, Полина Тасева, Илија Белистојаноски и Дарко Тодоровски приредија вечер на љубови, копнежи и таги кажани преку софистицираниот музички израз, познат насекаде во светот-нејзиното величество-Руска романса.

Слушнавме страст, префинетост. Слушавме неодолив шарм на салонската руска романса.

И не само преку песна, туку учесниците и организаторите се потрудиле и преку фотографии од рускиот етнос и руската природа да ни ја доловат таа руска студена убавина што само изгледа студена, а всушност е толку  топла, голема и широка што поверојатно е дека се плашиме од нејзината големина отколку од нешто друго.
Се плашиме и се прашувале, дали сме емотивно способни да ги восприемаме тие огромни напливи чистина и љубов што ги содржи таа нематеријална возвишена компонента, именувана ДУША. РУСКА ДУША:

Професорката која беше корепетитор на студентите и веќе дипломираните изведувачи, низ говор не запознаваше и со различностите на романсите што се изведуваат, со нивните создавачи. нивните текстописци, композитори и аранжери. За некои од романсите дознавме, од што се иснпирирани, на каков начин се изведувале претходно...

Зборовниот дел од настанот, убаво се вклопи и придонесе за целовитоста на настанот.

Слушнавме романси од Чајковски, Раxмањинов, Николај Римски-Корсаков, Н. Зубов, Б. Фомин, П. Булаxoв, Ф. Герман, А. Гурилев, Ј. Фељдман, М. Шишкин, А. Стригов, А. Бородин.
Уживавме во „Би сакал во еден збор“, „Денот ли царува“, „Сомнеж“, „Овде е прекрасно“, „Само еднаш“, „Славејот восхитен од ружата“, „Серенада на Дон Жуан“, трета романска од операта „Демон“, „Погледот на твоите црни очи“, „Само еднаш“, „Од твоето волшебно галење„, „Не, не Ве љубам јас“, „Очи црни“, „Осамено ѕвони ѕвончето“, „Кочијашу, не ги брзај коњите“, „ Живее мојата драга“, „Вилински коњчиња и дете“ и „Серенада“.

Изведувачите ги слушнавме како солисти. Слушнавме сопрани, басови, еден баритон,а мојот впечаток е дека тенорот Илија Белистојаноски остави особено силен впечаток со срденчноста и искреноста и во гласот,  но и во гестикулацијата, иако не смее да не се пофали изведбата на речиси сите изведувачи.

И при крајов од овој напис  да спомнам дека не би требали да се жалиме, барем од квантитетот на културните настани во државава, особено во Скопје. Годинава се надевам ќе имаме и повисок квалитет, Но за да се изгради квалитет потребно е да ги посетуваме тие настани и да зборуваме за  нив. Ви посакувам среќна културно-уметничка година и на тие што создаваат и на тие што восприемаат.





1 comment:

  1. Ковид-19 има тешка година, но со помош на понудата за заем на г-дин Педро успеав да поминам затоа што неговата понуда за заем од 2% навистина ми помогна многу и благодарен сум што можам да споделам овде дека г-дин Педро нуди заеми на 2 % стапка, исто така, тој може да финансира секаков вид на легитимен бизнис или да бара лична финансиска помош. Е-пошта: pedroloanss@gmail.com и Whats-App: +1- 8632310632

    ReplyDelete

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...