Thursday, April 2, 2020

Признание, објави и онлајн поетски настап на Филип Димкоски во Индија, Романија, Србија, Тунис, Хрватска и Италија.


         Поетот Филип Димкоски за време на вонедната состојба што речиси владее во целиот свет, својата публика ја изненади со онлајн поетски настап, отворајќи го првото онлајн читање на здружението „Три Дубровкиње“ во Дубровник, Хрватска, на кое на македонски јазик ја читаше песната „Остани“. Ова здружение каде членува Димкоски, најави дека по првото онлајн читање со учество на поети од БиХ, Хрватска и Македонија ќе продолжи и натаму со вакви и слични културни активности преку интернет.

Во Романија пак, списанието за култура, историја и литература Валахиа во градот  Ѓурѓево, ги објави песните „Доаѓа песната“ и фрагмент од песната „Божјиот глас“  од Димкоски на романски јазик, негова биографија и видување за неговата поезија од романската поетеса Дуња Паланџану. Поезијата и биографијата на романски јазик ги преведоа и препеаја поетесата Надежда Радева и поетот Адриан Василев.

Во меѓувреме India Universe Voice of Poetry од Индија го награди Филип Димкоски  со признание „за ширење на мирот преку поезијата“. Тој за ова призание беше предложен од други поети од регионот и од Индија.
Песните „Подарок за дарот“, „Повик“ и „Мирисај!“  од Димкоски објавени се и на интернет страницата http://thejasmincollors.com/ од Тунис, во препев на српски, на англиски и на француски јазик.

Во Србија, Димкоски е вклучен во конкурсот „Прегрни го животот“ од Здружението на балканските уметници од Суботица, а онлајн  зборуваше за литературата за деца по повод први април-Денот на шегата и втори април-Светскиот ден на литературата за деца, а се вклучи и во неколку онлајн изданија и електронски книги.
Во Италија со поезија на италијански и на македонски јазик е  дел е од мрежата  Contagiamoci Di Poesia.
За годинава предвидени се објави на неговата поезија во Русија и  во Црна Гора.


2 comments:

  1. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  2. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните односи бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и ќерка ми за друга жена 3 години. Се трудев да бидам силна само за моите деца, но не можев да ги контролирам болките што го мачат моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па направив веб-пребарување и наидов на страница каде што видов дека д-р Едиомо, изведувач на правопис, може да помогне да се вратат љубовниците. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг се врати дома по 2 дена. На овој начин се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. За решенија можете да го контактирате и д-р Едиомо, моќен волшебник
    1) Врати го дечкото
    2) Поврзете маж или жена
    3) Ако имате ноќни кобили
    4) Лек за ХИВ и хепатитис
    5) моќен магичен прстен
    6) магија за среќа
    7) Кршење со опсесија
    8) Неплодност кај мажи и жени.
    WhatsApp: +2349132180420 /
    +2348155926512
    Е-пошта: drediomo77@gmail.com

    ReplyDelete

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...