Thursday, February 4, 2016

A твојата сестра?

На 4 февруари  во 1900 година роден е еден од најистакнатите француски поети Жак Превер.  Претставник е  на надреализмот и симболизмот.

А твојата сестра?

Убавина е таа,
вели бедата.

Страст,
тврди болката.

Свирепост,
кажува нежноста.

Рамнодушност,
шепоти очајот.

Смрт
рече несреќата.

Сестра моја,
тоа е љубовта,
вели среќата,
добрата среќа.

Жак Превер



No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...