Monday, February 1, 2016

Гласови од исконот-Перија

Кој рече дека нема забава со македоснки фолклор?

Трески. Трески. Уште морници ме лазат од тие гласови, од тие звуци од тоа волшебно
музицирање  на Леа, Кате, Филис, Ева и Оли. 

Прв пат ги слушам Перија. Не сум ги слушнал во ГТЦ, онаму каде што најчесто свират.
Тоа и вооптшо не е важно. Важно е дека нивните гласови го будат, некаде од длабоко,
нашето некогаш заспано битие. Низ песна ти кажуваат кој си. Кои сме.

И јас само длабок наклон, силен аплауз и најсилно воодушевување можам да изразам кон девојките што вечерва во Децата од нашата улица ми направија такви силни срцебиења, такви трески, такви трансови и занеси...На друга планета бев...а сепак на земја, на ова познато парче земја кое ги изродило овие алтан-гласови.

Не. Ова нивново, вечерашново, ниту се купува, ниту се продава, ниту се добива. Или го имаш, или го немаш. Или го носиш со себе и во себе или не. Тие не да го имааат, не да го носат...

 Искорнаа гласови и звуци од праисконот, длабоко почувствувани  од нивните срца и ме фрлија во бунарот на битисувањето полн со чудна и многу силна енергија, па потоа ме креваа, ме воздигнуваа, ме носеа...до небеса, до бескрај ме кренаа.

Благодарам што толку енергетски и духовно ме нахранивте. Благодарам на Децата од нашата улица за ова магично музичко доживување.

1 comment:

  1. Ковид-19 има тешка година, но со помош на понудата за заем на г-дин Педро успеав да поминам затоа што неговата понуда за заем од 2% навистина ми помогна многу и благодарен сум што можам да споделам овде дека г-дин Педро нуди заеми на 2 % стапка, исто така, тој може да финансира секаков вид на легитимен бизнис или да бара лична финансиска помош. Е-пошта: pedroloanss@gmail.com и Whats-App: +1- 8632310632

    ReplyDelete

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...